|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детето почна да пребира храна?

Редакција Рингераја, 3.4.2019
Устата широко отворена, а очињата светкаат од возбуда поради новиот неочекуван, но убав вкус - ако имате среќа, вака изгледа секој оброк на вашето дете до неговата втора година. Но тогаш, ненадејно, тоа почнува да одбива храна
Клучни зборови:

image
/11


Нормално е да се грижите. Се прашувате дали правите нешто погрешно и зошто се случува оваа промена.

Причините со многубројни и комплексни:

1. Вашето дете станува понезависно

Тоа оди и почнува да зборува, а со тоа доаѓа и чувство на независност и свеста да го следи ова чувство. Без разлика дали му се допаѓа одредена храна, детето може да одбие да ја отвори устата, да избега, да плаче во знак на протест или да ги направи сите овие работи одеднаш.

2. Вашето дете станува поинтуитивно

Почнува да забележува дека „добрата“ храна е слатка, а останатата е зелена. Многу бебешки каши комбинираат зеленчук со слатки намирници како банана, јаболка или круша, затоа децата растени со таква храна претпочитаат слатки вкусови.

Кога на тоа дете ќе му понудите зеленчук, тоа веднаш ја забележува разликата и го одбива. Родителите имаат тенденција да ги пренесуваат своите преференци на сопствените деца - не заборавајте дека јадењето е научено однесување уште од првата лажичка.

3. Вашето дете учи што сака, а што не сака

Одредени текстури може да му пречат. Може да се случи да одбива нешто премногу крцкаво или премногу меко или премногу жилаво… Пребирливоста не е проблемот, туку начинот на кој се справувате со неа.

Но, што може да направите во врска со ова?

- Постојано внесувајте нови вкусови

Дали сте знаеле дека 25% од мајките нудат одредена храна на своите деца еднаш до два пати пред да заклучат дали му се допаднала на детето или не?

Допирање на храната, мирисање, играње со неа и плукање се дел од нормалното истражувачко однесување на децата пред да прифатат одреден вкус.

На некои деца им е потребно подолго време, па затоа не престанувајте да се обидувате.

 

1

 

- Заборавете на своите аверзии

Понудете му на детето спектар на вкусови независно од вашите лични преференци или аверзии. Ако вие не можете да помирисате магданос, не значи дека и вашето дете ќе го одбие.

- Не надоместувајте за пропуштените оброци со брза храна

Ако вашето дете одбива да јаде бидејќи понудените опции не му се допаѓаат, најголемата грешка што може да ја направите е да дозволите да јаде брза храна само за да се најаде.

Со време, овие празни калории може да прераснат во лоши навики и нездрав живот. Ваше е да наметнете правилна исхрана што ќе придонесе за нормален развој кај детето.

- Не форсирајте чиста (празна) чинија

Разбирливо е да се грижите за тоа дали вашето дете внесува сè што му е потребно, но избегнувајте да го терате да изеде се до последен залак.

Тоа не е негов обид да ве изнервира или однесување од инает, детето едноставно сè уште учи и се уште многу работи за него се нови.

Прифаќањето на храната кај децата бара време и е совршено нормална фаза во нивниот развој. Токму затоа, присилувањето да ја испразнат чинијата може да придонесе да ја изгубат мерката за ситост, што од друга страна може да доведе до прејадување.

Дали е добро детето да ги види родителите ...
Некои родители сметаат дека е добро детето да ги види голи, како добра воспитна вредност, за да се избегне “болната” љуб...
8
6 работи што треба да му ги кажете на ваше...
Силната врска помеѓу децата и родителите се темели на љубовта и комуникацијата. Научете како да разговарате со вашето де...
5
Мајчинството може да го наруши психичкото ...
Товарот кој го имаат мајките и емотивната одговорност поврзана со воспитувањето на децата ? штетат на психичкото здравје...
4
Зајакнете го имунитетот на Вашето дете
Време е на настинки и вирози, па важно е да се подготвите и да го зајакнете имунитетот на Вашето дете
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

kako bi reagirale
zelba

maz vi da otide na kafe so bivsata so koja se nema videno niz godini pa da se "izmuabetat"

navedi mislenje (91%)

navedi mislenje (9%)


Број на сите гласови: 77

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!