Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Нежната кожа на доенчето е многу чувствителна и многу потенка од кожата на возрасните. Посебно чувствителна е кожата на газето и многу бебиња понекогаш имаат црвенило под пелените. Понекогаш од тоа црвенило се развива и пеленски дерматитис. Причина е контактот на бебешката кожа со урината и столицата или неадекватна нега.
Менување на пелените почесто. Тоа значи веднаш по столица, а кај новороденчињата барем пет пати дневно. Пелената нека не биде претесно поставена, бидејќи на тој начин се зголемува влагата и топлината кои ја оштетуваат бебешката кожа.
Бебешкото газе мијте го со млака вода и нежна памучна крпа или памук. Пред да ја ставите пелената почекајте добро да се исуши.
Бебето оставете го понекогаш со голо газе. Посебно преку лето, можете да го оставите да си игра без пелена.
Не го бањајте детето предолго или во претопла вода.
За нега на детската кожа, важи правилото: малку е многу. Немојте да ставате заштитна крема во дебел слој, бидејќи на тој начин ја спречувате детската кожа да дише. На некои бебиња заштитна крема не им е потребна. Ако сепак употребувате крема, нека бидат тоа заштитни креми кои содржат во својот состав против воспалителни состојки, како што се алантоин, екстракти од камилица или невен, пантенол или витамин Е. Бидете внимателни при изборот на кремите, бидејќи некои бебиња не поднесуваат дел од составот, како што се парфеми или вметнати бои.
Ако сте излезени некаде или сте на пат, веројатно за нега на газето употребувате влажни марамчиња. Доколку употребувате марамчиња со додатно масло, крема не ви е потребна, а ако употребувате марамчиња без масло во нив, можете по бришењето на газето да го намачкате и со заштитна крема. Внимавајте марамиците да бидат без додаден алкохол, парфем и конзерванс.
Кога газето е веќе воспалено најмногу помагаат кремите кои во својот состав имаат цинк оксид. Доколку доите неколку дена избегнувајте киселкасти производи како што е портокалот.
Осипот би требало да се повлече од три до пет дена. Во случај на дијареа може да потрае нешто подолго. Ако осипот не можете да го излечите и приметите меурчиња и црвени флеки, посетете педијатар. Може на оштетената кожа се развиле бактерии, кои по користење на соодветна крема брзо се губат.
6
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Знаци и симптоми на спонтан абортус
Спонтаниот абортус е губење на бременоста пред фетусот да може да преж...
Водата како основа на здравјето. Колку е доволно?
Водата е неопходна за речиси секоја функција во организмот. ...
Нега на кожа со флеки и пигментација
Темните дамки на кожата се чест проблем кој може да се појави по излож...
Цицање палец, утеха, навика или потреба?
Цицањето палец е една од најчестите навики кај бебињата и малите деца....
Кога да започнете да му читате на бебето?
Можеби звучи рано, но со читањето не мора да чекате бебето да почне да...