|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Чудни навики на двегодишните деца

Редакција Рингераја, 22.4.2015
Децата се чудни мали битија, полни со фантазија и креативност. Во тој свој свет тие ги замислуваат и гледаат работите поинаку од прифатените општествени норми. Ако сакаат да одат во маркет по костим за капење, не грижете се, не се единствени

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Внимание, голо дете!

Една од најнеобичните работи со кои сигурно сте се сретнале е голо дете. Сте го завртиле грбот на три минути и вашето дете е веќе без облека.  Не грижете се. Во овој период  децата немаат органичувања и не ги интересираат нормите на однесување.

Иако вам можеби и не ви е најпријатно кога ќе се случат такви ситуации, но тоа е само фаза која ќе помине.

 

 

Чепкање на носето

Чепкањето на носето, како и истражувањето на другите делови од телото е нормална работа за сите деца на оваа возраст. На децата им е се ново и со љубопитност сакаат да ги откриваат новите чувства и впечатоци во текот на оваа рана развојна фаза.

Чепкањето во носот не е баш убава навика, но обидете се да останете мирни. Свртете му го вниманието или објаснете му на детето дека е срамота некои работи да се прават во јавност.

 

 

1

 

Оживување на плишаните пријатели

Некои деца ги носат секаде своите плишани пријатели, им прават ручек, ги ставаат на спиење, додека други со нив разговараат. Тоа е нормална детска реакција на сознанието дека светот е конфузно место, кој е тежок за разбирање. Со замислените пријателчиња е многу полесно. Прифаќајќи го светот на фантазијата на детето, ја прифаќате и неговата креативност.

 

2

 

Ставање во уста работи кои не се за јадење

Дали некогаш сте го фатиле детето како јаде песок или кал? Ставањето на работи кои не се за јадење во уста е начин за истражување на светот. Но, обрнете внимание колку често се случува тоа. Доколку детето често става песок во уста, време е да го искарате и да го однесете на преглед кај педијатарот, бидејќи во песокта најчесто може да има и измет од животни.

 

3

 

Категорија на општо чудни навики

Некои деца сакаат да носат наметка цел ден, некои сакаат постојано да одат боси. Некои лаат како кучиња, а некои испуштаат звучи на камион. Некои сакаат постојано да бидат валкани, па си истураат песок, на глава, додека други не сакаат ни малку да им се валкани рацете. Сето тоа е нормално.

Блесавите фази се нормален дел од растењето и ако за кратко завршуваат, оставете ги децата да ги надживеат сами.

 

4

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прва помош при полесни повреди на игралиште
Модринки, отоци, мали гребнатинки, мали исекотини...
4
Како играта го обликува мозокот на детето?
За детето, играта е многу повеќе од поминување време. Додека трча, гради, црта, измислува приказни или си игра со другит...
3
Албумите со сликички – радост за сите гене...
Голем број детства низ повеќе генерации се обележани со собирање сликички и пополнување албуми. Единствено нешто кое е п...
3
Силување со родителска љубов?!
Впечатлив текст за тоа како несакајќи го расипуваме животот на нашите деца, доведувајќи ги до неврози, несамостојност и ...
3




Анкета

Владимир или Божидар
nence

Кое име повеќе ви се допаѓа?

Владимир (79%)

Божидар (21%)


Број на сите гласови: 141

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!