Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Прекрасните моменти поминати во мајчината прегратка со галење и читање на омилените приказни се од непроценливо значење, како за родителите така и за децата. Никогаш не е премногу рано да му читате на Вашето дете и да го запознаете со едно од најубавите задоволства. Кога ќе наполни само неколку денови, бебето ќе „одговара“ на Вашиот глас прислушувајќи и набљудувајќи што се случува околу него. Како што расте почнува да испушта одредени гласови. Затоа читањето е важен фактор во развојот на неговиот говор.
Ако го научите детето да ги сака книгите, ќе му дадете основа за развој на многу други вештини. На тој начин се подобрува неговата способност за комуникација и за конверзација, а на училиште ќе тргне со позитивен став за книгите.
Изберете ја вистинската
Од изборот на книгата зависи колку детето ќе ужива во неа. Малите деца сакаат книги кои им го привлекуваат вниманието и кои можат со леснотија да ги држат во раце. За нив идеални се тврди сликовници таканаречени „pop-ups„ книги (со чие отварање на страницата се создаваат тридимензионални слики), потоа сликовници наменети за водата, живите бои и оние со јасни и крупни слики. Сликовниците со кратки римувани песнички ќе го одушеват Вашето дете кое е на возраст од две до три години. Книгите кои содржат мал текст или се без него, претставуваат добар избор бидејќи
ќе го поттикнуваат детето да ја развие имагинацијата додека размислува за приказната.
Кога избирате книга, водете сметка и Вам да ви се допаѓа. Всушност, децата сакаат да ја слушаат истата приказна повеќепати. Така, најверојатно, ќе треба да ја читате истата приказна по сто пати.
Читањето како секојдневна навика
Добро би било читањето да стане задолжително и многу важно во вашето секојдневие. Идеално е ако на детето му читате навечер пред спиење. Во тој период тензиите се минимални, дневните обврски се зад вас, а детето е отпуштено и расположено да слуша. Меѓутоа ако е премногу сонливо навечер, обидете се да воведете попладневно читање – по ручекот или пред капење или додека седи на нокшир. Се разбира, тоа не значи дека треба да му читате само во точно одреден период. Читањето може да го искористите и како начин да го смирите детето и кога премногу ќе се разигра или како награда за доброто однесување. Убаво е кога детето само ќе побара да му се чита. На Вас останува да се потрудите да му бидете на располагање кога тоа ќе посака.
Заедничко уживање
Најдете тивко место во куќата. Прегрнете го Вашето дете, исклучете го телевизорот или радиото и заедно нурнете во светот на книгата и фантазијата. Многу е важно да уживате во книгата без двоумење и срам бидејќи Вашето дете не е критичар и бескрајно ќе ужива додека го засмејувате „глупирајќи се“. Можеби тоа ќе ви изгледа по малку „глупаво“, но се додека му раскажувате со смешни гласови и имитирајќи ги животните, детето ќе ве слуша со внимание. Зборувајте бавно и певливо за да ја оживеете приказната и да му овозможите на детето да ужива во неа.
Додека читате книгата држете ја така што детето ќе може да ги гледа сликите кои одат со приказната. Кога ќе забележите дека некоја му го привлекува вниманието застанете и заедно поразговарајте за неа. Покажете му ги на детето познатите предмети во книгата и поразговарајте малку за нив. Така ќе му помогнете подобро да ја разбере смислата на зборовите. Побарајте од него да имитира гласови на животни и да Ви покаже одредени личности или предмети во книгата. Ако тоа го направи правилно пофалете го.
Децата нека бидат повеќе живи. Нив тешко може да ги натерате да седат мирно и да слушаат. Затоа е потребно читањето да вклучува и некоја активност со која тоа ќе се вклучи во приказната и ќе почне да ужива во неа. Набљудувајќи Ве Вас како читате, детето бргу ќе научи како да постапува со книгите, како да почне од почеток и потоа да ги врти страниците, следејќи го развојот на приказната. Набргу и само ќе почне да учествува тапкајќи по страниците или фаќајќи Ве за раце да застанете доколку премногу бргу читате или сте прескокнале некоја страница.
забава Бремените
Автор: bobik
Иако звучи целосно неверојатно, но човечкото тело може да биде алергич...
Од првата кашичка до денешниот апетит
Нашиот однос кон храната не се формира случајно. Tој е длабоко поврзан...
Да станеш мајка е едно од најдлабоките и најмоќните искуства што може ...
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Важноста на гинеколошките прегледи
Во современото општество, грижата за здравјето станува сe поактуелна, ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: