Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Колку и да се модерни современите канцеларии, продавници, фабрики и претпријатија во нив често има елементи кои може да му наштетат на организмот во развој.
Стресот предизвикан од алармот наутро, брзањето за на работа, роковите за извршување на задачите, конфликти и проблеми во работната средина во комбинација со утринско гадење, се многу лоша комбинација. Зголеменото ниво на хормонот прогестерон доведува до поспаност, опуштеност, расеаност што неминовно се одразува на работоспособноста на бремената. Единствен начин да се справи со недостатокот на сон е да си легнува рано навечер и да си обезбеди мирна атмосфера за спиење. Потребни се минимум осум часа за целосна релаксација и одмор. Проветрете ја спалната соба, исклучете ги мобилните телефони и пуштете си тивка музика.
Во работната средина има неколку елементи на кои треба да се обрне внимание. Присуството на многу техника, нечистиот воздух, климатизација, многуте луѓе во една просторија – сликата не е многу розова.
Компјутер
Современиот живот е незамислив без овие паметни машини, кои ја поедноставуваат работата, но истовремено крадат голем дел од нашето слободно време. Така часовите се нижат, а ние сме го поминале целото слободно време пред екранот. За среќа новите монитори не емитуваат толку штетни рендгенски зраци како старите монитори, кои не се произведуваат од 1992 година. Сепак, мониторот и компјутерот емитуваат електромагнетно поле и се создава статички електрицитет. Долгото седење е исто така сериозен проблем во бременоста затоа што многу често води до болки во грбот, рбетот, нозете, а исто така и до болни отоци. Според нормите, мониторот треба да биде оддалечен 60-70 сантиметри од очите, а растојанието од еден до друг компјутер треба да биде најмалку 2 метри. На екранот не треба да паѓа директна сончева светлина, бидејќи тоа дополнително ги оптоварува очите.
Копирни апарати
Освен што се извор на бучава, копирните апарати испуштаат и токсични гасови. Особено опасен за бремените жени е натриум бензоат кој има канцерогено влијание. Трихлоретан и изооктан предизвикуваат иритација на слузокожата и го зголемуваат заморот. Фоторецепторите на копирните апарати се покриени со сулфид на кадмиум и селен. Овие хемиски соединенија се ослободуваат при работата на копир апаратот и ја дразнат слузницата на очите и дишните патишта. Во моментот на копирање се ослободува јаглерод моноксид, што може да доведе до главоболка. Се разбира, овие опасности може да ги имаат жените кои поминуваат неколку часа покрај копир апаратот, или бирото им се наоѓа непосредно до него.
Работното место исто така треба да е добро организирано, за да не е предизвикува проблеми на бремената. Висината на работниот стол, кој треба да е удобен и да не се напрегнува грбот, треба да е околу 70-80 цм. Просторот кај нозете треба да биде слободен. Може да се постави мало столче за бремената да може да ги крене нозете во случај на замор и отоци. Пожелно е столот да има регулатор на висината и наклонот на седиштето. По потреба земете си мала перница за потпирање на грбот, кој предизвикува дополнителни болки во деветтиот месец. Важно е да не чувствувате тензии при секојдневната работа и да Ви биде удобно. Не заборавајте да станувате и да се шетате на секој час, два. Седењето на едно место е штетно, независно дали сте бремена или не.
Клима уредите се исто така голема удобност, но и нож со две острици. Многу е важно да сте подалеку од струењето и температурната разлика да не биде голема. Нагли температурни промени се многу штетни. Токму на клима уредите се припишува брзото ширење на вируси и настинки, а исто така и болките во мускулите. Покрај тоа овие апарати го сушат воздухот. Најздрава температура во просториите е 20 C.
Чад од цигари – ако на Вашето работно место не се почитува законот за забрана за пушење во затворени простории, време е да поразговарате со шефот и да го потсетите на правилата. Пушењето, па дури и пасивното пушење е штетно. За почеток разговарајте со колегите и потсетете ги да имаат разбирање за состојбата во која се наоѓате.
Штетни фактори во производствената средина
Тие можат да бидат од различно потекло – хемиски (токсични материи, гасови, аеросоли), физички (јонизирачко зрачење, статички електрицитет) и биолошки (антибиотици, хормони, микроорганизми, вируси). Во овој случај, на ваквите работни места треба да се почитуваат стандардите за безбедна работна средина и да се почитува дозволената граница на концентрација на штетните елементи. Сепак, гаранција за здравјето на мајката и бебето нема. Во средина во која демнат овие опасности, најдобро е да не работат бремени жени.
Штетните фактори можат да бидат поврзани и со процесот на организација на трудот. Премногу динамична и стресна средина, како и премногу статична ќе Ви донесе часови стоење на нозе или тежок физички и психички напор.
Извор: MEUSAC Employment, Social Policy & Health Sectoral Committee
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?