|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Блог: Што ми недостасува откако децата пораснаа?

Редакција Рингераја, 18.11.2020
Приказни за мајчинството од me_mother_of_three

image
/11


Улогата на мајка е една од најтешките но и најубавите кои животот и ги овозможува на една жена.
Доколку си тазе мајка, на која деновите и се хаотични а ноќите неспани и долги, ќе ти кажам само едно - не очајувај! - Баш напротив, уживај, зошто очајот ќе те стигне еден ден кога сето тоа ќе заврши...


Еден ден, се ќе заврши... Вечната утеха која си ја даваме во тешките моменти. Но она што никој не го нагласува е дека ќе заврши и она другото, она убавото.
А како мајка со десет годишен стаж и три деца, можам да ти кажам што е она што ќе ти недостига откако ќе заврши.

Сега, додека го пишувам ова и пијам од врелото кафе, додека трите деца се зафатени секое во своето - едното на онлајн час, другото на групен видео повик со другарчињата а третото задлабочено во својата самостојна игра, замижувам, длабоко земам воздух, ја бришам солзата која се слева и очајно посакувам некој да ме прекине со добро познатото "мамооо", да побара некаква помош, да бара да правиме нешто заедно, да поставува прашања на кои сум одговорила по сто пати, па да заборавам дека сум сварила кафе и да го пијам како некогаш изладено, па дури и да го бришам од подот откако завршило истурено под немирната, залетана топка.

Ми недостига времето во кое на неколку места и во секоја торба имаше пелени, марамици и бебешка крема. Ми недостига кујната да биде полна со бебешки шишенца, цуцли, чинивчиња, лажички и шкафчињата кои изгледаа како рафт од маркет со бебешки производи.
Ми недостига туширањето во кое секогаш ми правеа друштво заборавените играчки од бањање и посегнувањето по нивниот шампон за да не им мириса тешко мојот.

Неспаните, кенкави ноќи предизвикани од грчеви, никнување запчиња, настинки, сипаници, реакции од вакцина... биле благослов, чин на најдлабока родителска грижа, сеќавања кои будат нежност.

Ми недостигаат вечерите во кои откако сум ја добила битката и ги оставам заспани во полумракот, нагазувам на лего коцка и ја проголтувам болката за да не ги разбудам. Ми недостигаат пладневните дремки во кои сум заспала со нив заспани во прегратка.
Ми недостигаат нивните мали рачиња, нивното бебешко гугање, слатките детски зборчиња, првите несигурни чекорчиња, парчињата храна на хранилката и околу неа. Ми недостасува времето во кое хит ни беше Baby shark. Ох, колку ми недостасува таа мелодија која едно време ми одеше на нерви.

Се би дала за уште една неспана ноќ, за уште еден момент на доење, за уште еден "стрес" наречен вакцина, никнување заби, менување пелена, бањање со плачки, стерилизирање шишенца, исфлекани лигавчиња, ишкртани ѕидови, ноќите во кои се туркаа до нас во нашиот кревет ..

Еден ден се ќе заврши.
Ќе останат само спомените, сеќавањата, насмевките кои истите ги будат... Ќе живее само носталгијата по тие денови. А солзите секогаш одново ќе се слеваат.
И уште ова - знај дека и вишокот килограми ќе го снема. И болните гради ќе оздрават.
Но верувај, и тоа ќе ти недостига!

Следете ја me_mother_of_three и на Instragram

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Здрава исхрана за најмладите во текот на з...
Квалитетната исхрана на децата во текот на целата година е од витално значење за правилен раст и развој на нивниот орган...
5
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
3
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
3
Ќотекот е многу опасна воспитна мерка
Физичкото казнување деца е лоша мерка и не влијае позитивно ниту на нивното воспитување. Психолозите предупредуваат дека...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?