Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Како и повеќето родители, Џоди Блејк (38), ги фали своите деца за секој кој сака да ја ислуша, за тоа колку се исклучителни. Судејќи по се' Џоди има и оправдана причина да размислува дека нејзините деца се вистински феномен. Рубин и Флорен се близнаци, а се разликуваат пет години.
Џоди Блејк започнала третман за неплодност во 2005 година, од што биле зачнати 5 ембриони. Два од нив биле пренесени во матката на Блејк, а три биле замрзнати. По првичниот третман роден е нејзиниот син Рубен на 9. декември, 2006 година.
Сестрата на Рубен, Флорен, била зачната од истата група на ембриони, но чекала пет години за да се види со својот брат близнак.
Блејк, за Guardian изјави дека се чувствувала како да ја носела Флорен пет години во својата утроба.
"Ова е сосем надреално. Луѓето се навистина, навистина изненадени и пет минути ги држат рацете на глава кога ќе ги видат моите деца. Боже, имаме близнак на Рубен. Ова е нешто неверојатно посебно."
Нејзиниот сопруг Симон Блејк (43) за весникот изјавил дека не се надевал премногу на концепција, бидејќи ембрионите биле замрзнати пет години.
"Едноставно е неверојатно да произлезе живот од нешто што било замрзнато толку години." - изјави Симон Блејк.
Иако нивната животна приказна доживеа голем публицитет, семејството Блејк не се единствените кои имаат близнаци добиени на ваков начин.
забава Бремените
Автор: bobik
Да си добар родител: очекување или вистинска приказна?
Денес, родителите живеат под лупа со присуството на социјалните мрежи,...
Превентивни прегледи за жени – што, кога и зошто?
Во свет каде што темпото на живот е брзо, жените често се тие се грижа...
Помогнете му на вашето дете да порасне
Растењето на децата не е само прашање на висина. Тие не растат само со...
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?