vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
24.04.2013 Скопје. Министерството за економија на РМ заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност им доделија награда на Битолска Млекара и ДАНУ Филантропија за најдобра општествена практика за организираната хуманитарна акција „Прегратка на дар“.
Битолска млекара и ДАНУ Филантропија ја добија наградата за реализираната акција „Прегратка на дар“ во чии рамки беа организирани едукативни активности за поттикнување на хуманоста и помагањето во заедницата во 150 градинки ширум Македонија. Во акцијата беа вклучени повеќе од 10.000 деца кои изработија повеќе од 7.000 уникатни подароци играчки за своите врсници - децата кои новогодишните празници ги поминуваа во собите на детските одделенија во сите болниците низ земјата.
„Горди сме на добиената награда, таа за нас претставува уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и мотив повеќе за да продолжиме да даваме свој придонес за доброто на заедницата. Битолска Млекара е компанија која се грижи за здравиот развој на децата и нашите напори секогаш ќе бидат насочени кон помагање и поддршка на иницијативи каде во преден план се децата“ – Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Битолска Млекара.
Битолска Млекара и ДАНУ Филантропија имаат можност акцијата „Прегратка на дар“ да ја претстават и на европско ниво во склоп на иницијативата поддржана од Европската комисија – „Европски систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“. Ова е прв пат наградата за најдобра општествено одговорна практика да ги надмине националните рамки и стане дел од иницијативата поддржана од Европската комисија.
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголем...
Зошто бебињата се напрегаат и испуштаат звуци?
Грчењето, стенкањето и напрегањето кај бебињата често ги загрижуваат р...
Од играчки до чорапчиња, зошто бебето става сe во уста?
Од играчки и прсти до ќошиња од ќебенца за бебето устата е еден од нај...
Нередовниот циклус, зголемената влакнетост, акните и потешкотиите со з...