|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Безбедни играчки за деца

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Кога купуваме играчки за нашите деца, мора да се држиме до некои правила за безбедноста на играчките.
Клучни зборови:

image
/11


Безбедни играчки за деца за возраст до 3 години

За време на купувањето мора да почитувате некои правила во врска со безбедноста на играчките за вашето дете. Многу е важно да знаете некои работи во врска со тоа и секогаш да внимавате дали играчката е соодветна за возраста на детето.

Големина: Колку што е помало детето, играчката треба да биде што поголема. За деца помали од три години дозволени се само големи играчки, бидејќи со нив не можат да се загушат за разлика од малите играчки и оние кои може да се поделат на мали делови. Соодветни играчки за оваа возраст се: големи, меки  (кадифени) играчки, големи дрвени коцки, големи топки, камиони, кантички и лопатчиња.

Изглед: безбедните играчки се без остри рабови
Безбедните играчки имаат мазни  и неоштетени површини, боите не се испукани и не се лупат. Ако играчките се наполнети со течност, не смеат да ја пропуштаат. Безбедна играчка нема ни отвори поголеми од 0,5 до 1,2 см, односно од 2,5 до 4,5 см, затоа што во нив може да се заглават прстите од рацете или нозете на детето. Играчките мора да бидат стабилни, при користење тешко да се превртуваат, а нишалките мора да имаат заштитна ограда или безбедносен појас.

Тип на материјал: Материјалот не смее да биде штетен за здравјето на детето и мора да биде незапаллив, чист, нов, мазен. Играчките не смеат да бидат направени од стакло или порцелан, а кај кадифените играчки влакната мора да бидат кратки и да не паѓаат. Пластични фолии, на пр. кај книгите, мора да бидат доволно дебели за да не се залепат во устата на детето.

Врвки:  Играчката не смее да има врвки подолги 22 см.
Врвките на играчка за деца помали од 3 години, мораат да бидат дебели 1,5 мм поккуси од 22 см. Обемот на врвките на играчката или нејзиното пакување, не смее да биде поголем од 38 см. Играчките кои се врзани со врвки или се прицврстени на количката, треба да се отстранат веднаш штом детето ќе почне да фаќа со рачињата или да се поткренува.

Безбедни играчки за деца постари од 3 години

И постарите деца треба да се надгледуваат додека играат.  Играчките за деца постари од 3 години се од разновиден материјал, големина и функција, бараат и овозможуваат поголема и разновидна активност на детето. И играчките за постарите деца мораат да имаат мазни и неоштетени површини, боите не смеат да бидат испукани и да не се лупат. Мора да бидат изработени од чисти, нови и безопасни материјали. На нив смее да има остри рабови освен ако е тоа потребно за функцијата на играчките, на пр. детски прибор за шиење. Деловите на играчката кои се виткаат мора да бидат добро осигурани за да не дојде до штипнување, сечење или потфаќање на прстињата. Кај играчките за оваа возраст дозволено е да се употребуваат стакло и тенки пластични фолии кои мора да бидат издупчени.  Играчките мора да бидат стабилни и не смеат да се искршат при играта од тежината на детето.  

Купувањето на безбедни играчки за деца постари од 3 години можеби е поедноставно.  Но сеуште е потребно надгледување од возрасните кога децата си играат со тие играчки. Заедно со играчките мора да бидат приложени соодветни упатства за правилно користење кои ги предупредуваат возрасните на потенцијални опасности, на пр.:
- Дете помало од 8 години, мора да биде надгледувано од родител кога дува балон, бидејќи со него може да се задуши. Надгледување на детето е задолжително и при користење на играчки во вода.
- Играчки со кои се пука или се фрла (стрели, копја) мора да имаат тапи и никако метални врвови, а пропелер од хелихоптер или авион мора да има заштитен дел. Дете со таква играчка не смее да погодува други деца и возрасни во глава или лице.
- Детето треба да го предупредите дека не смее да пушта змеј во близина на далековод или во случај на невреме и тоа заради опасност од електричен удар.
- Маски, детски шатори и куќички мора да имаат доволно големи отвори за дишење и зрачење. Маските на детето не смеат да му се прилепат на лице, затоа што може да му го отежнат дишењето.
- Децата мора при користење на ролерки, велосипед и сл. секогаш да носат заштитни средства за глава, колена, лактови.

Да ги провериме и играчките кои детето веќе ги поседува.

Не е доволно да се провери дали играчката е безбедна само кога ја купуваме, туку тоа мора да се прави повремено и тогаш кога детето веќе некое време си игра со неа. Треба да се провери на пр. дали прицврстените мечкини очи станале полабави, дали играчките при играње се скршиле и  имаат оштри рабови... Децата треба да се надгледуваат, бидејќи играчките можат да станат опасни за децата доколку си играле со нив поинаку од начинот на кој производителот предвидел.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога срцето забрзано чука...
Кај повеќето родители овој симптом предизвикува страв и итна посета на педијатар. Прво треба да се препознаат ситуациите...
4
И Вашето дете пцуе?
Може прилично да Ве шокира кога ќе чуете дека Вашето дете пцуе. Се прашувате каде и од кого слушнало такво нешто и дали ...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“ на Телма ТВ
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија во недела на 21.04.2013 во 10.20...
3
Здрави навики за ладните зимски денови
Зима, период кога пред се имаме чести температури под нулата, а ние мораме да најдеме начин адекватно да се загрееме и д...
3