Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој ВО МОЈОТ СВЕТ е непрофитабилна и хуманитарна асоцијација која има богато портфолио на проектни активности од општествено корисен и хуманитарен карактер. Како движечки и мотивирачки фактор во своето работење здружението ја има својата однапред утврдена мисија, а тоа е помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар и атипичен развој и нивните семејства.

- Особено, отварање центри за рана интервенција и третман за деца со аутистичен спектар и атипичен развој со цел стимулација на сензомоторниот, когнитивниот, емоционалниот и социјалниот развој кај децата, овозможувајќи поуспешно и посамостојно вклучување во секојдневните активности;
- обезбедување помош и поддршка на младите и возрасни лица со пречки и нивните семејства преку подигнување на јваната свет, отварање на социјални клубови, како и обезбедување на услови за работно оспособување на истите,
- вршење дејности од социјалната заштита во насока на обезбедување на социјални пакети за бесплатен годишен третман на деца со аутисичен спектар и атипичен развој, чии семејства се од социјално ранливи категории.

Активностите на Здружението се насочени пред се, во обезбедување на Центри за рани интервенции и третман на деца со нарушување од аутистичен спектар и атипичен развој, како во Скопје, Охрид, така и во останатите градови низ Земјата и Дневни Центри за престој на возрасни лица.

Во текот на годините здружението има добиено повеќе награди и признанија за својата работа, меѓу кои Благодарница „Св. Мајка Тереза“ за хумани дела во спомен на Гонџа Бојаџиу, Послание „Св. Мајка Тереза“ за хумани вредности подарени за човечката среќа и Награда од „Фондацијата професор д-р Љупчо Ајдински“ за заштитата, образованието, рехабилитацијата и општественото афирмирање на лицата со аутизам.
Оваа година со голема чест и задоволство здружението ја прими Награда „13 Ноември“, која се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје, за остварување во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита,спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во другите сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставува придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во РС Македонија и во светот. Голема благодарност за укажаната доверба, која понатаму ќе ни биде водилка и двигател за остварување нови цели и проширување на хуманитарната дејност.



3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Хормонални промени и задржување течности во бременоста
Бременоста е период на интензивни хормонални промени кои влијаат на ре...
Училиште и пријателства, темел на здрав детски развој
Детството е период кога се поставуваат темелите за изградба на личност...
Тајната на послушните деца не е во казните
Многу родители се прашуваат како да ги воспитуваат децата така што тие...
Улогата на семејството во воспитувањето на децата
Семејството е првата и најважна средина во која детето учи како да го ...
Како да го разбереме тинејџерот? Мост наместо ѕид
Тинејџерските години се дел од животот на секој поединец и не се само ...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?