|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

20 начини да го придвижите Вашето бебе

Редакција Рингераја, 18.9.2012
Вашето бебе ќе се развива во сопствен ритам, но ако сакате да го охрабрите и поттикнете, можете малку да му помогнете...

image
/11


 

1.       Ставајте го бебето што повеќе на стомак

Само околу 20% од родителите редовно ги ставаат своите бебиња на стомак, но времето кое бебето го поминува во таа положба секако треба да биде под Ваш надзор. Лежењето на бебето на стомак е клучно за неговиот развој. Истражувањата покажуваат дека бебињата кои редовно се ставани на стомак во текот на денот, побрзо почнале да лазат, да седат, да се подигнуваат и побрзо проодиле.

 

2.       Правете малку стомачни вежби

Зајакнете ги вратните и мускулите на горниот дел од телото на своето бебе, така што нежно ќе го подигнувате за рацете од лежечка, во седечка положба. Вежбајќи, детето само ќе почне да се подигнува и на крај не ќе морате да го подигнувате за раце.

 

3.       Масирајте го бебето

Масажата не е само одличен начин да го смирите своето бебе туку е многу значајна за физичкиот развој бидејќи го подобрува мускулниот тонус, а детето станува свесно за своето тело. НаБавете водич за масажа или посоветувајте се со стручно лице.

 

4.     Дајте му поддршка

Ако Вашето бебе не сака да лежи на стомак, обидете се да му ставите завиткана пелена под градите и стомачето додека лежи. Тоа ќе му го подигне горниот дел од телото и ќе му го олесни лежењето на стомак.

 

5.       Тркалајте се по креветот

Ако ни тоа не Ви успее ставете го детето на средина на креветот. Потоа можете да седнете покрај него и да го охрабрувате. Никогаш не го оставајте само во случај да не се преврти.

 

6.       Пејте му песнички

Песничките кои вклучуваат игра  ќе му помогнат на детето да се запознае со разните делови на телото и на тој начин ќе почне да ги придвижува.

 

7.       Не користете дубак

Истражувањата покажаа дека секои 24 часа кои бебето ќе ги помине во дубак го одложуваат проодувањето за три дена.

 

8.       Превртување

Обидете се со оваа вежба, за да извежбате превртување:  легнете го бебето на грб нозете нека му бидат испружени, а левата рака рамно испружена накај телото. Потоа подигнете му го десното колено и полека, нежно завртете го бебето настрана така што ногата ќе го следи целото тело. Повторете и од другата страна.

 

9.       Пуштете го

Денес бебињата поминуваат многу време врзани во автоседалки, седалки за хранење, лулашки. Иако безбедноста е важна, на секое бебе му треба  време во кое непречено ќе се развива ќе ја зајакнува својата сила и ќе ја развива вештината на движење. Нека поминува што повеќе време на подот, додека сте дома.

 

10.   Во теретана

На бебињата добро им доаѓа да гледаат колку се другите луѓе подвижни. Силните бои на справите и разновидните активности кои ги следаат ќе поттикнат стоење, лазење и одење.

 

11.   Во базен

Пливањето е одлично за јакнење на мускулите. Дури и новороденчето може да ги контролира рацете и нозете во вода. Пливањето е сигурно од самото раѓање па распрашајте се во блиските базени какви се програмите и правилата.

 

12.   Исправете го

За да му помогнете на своето бебе да научи самостојно да седи, седнете го на под така што ќе се потпри на креветот и од сите страни поставете перници. Ставете играчки околу него за да го поттикнете да се придвижува и да вежба рамнотежа.

 

13.   Играјте со топка

Држете го бебето под пазувите и ставете топка пред него која ќе ја клоца. Со тоа ќе ги зајакне мускулите  ќе вежва одење.

 

14.   Повозете се

Мало возило на кое детето ќе може да седи и да се оттурнува со нозете ќе биде од голема помош за развивање на рамнотежа доживување на просторот и јакнење на нозете, што е клучен фактор во проодувањето.

 

15.   Бидете во помала просторија

Бебињата понекогаш може да бидат заплашени од голем простор, па вежбајте одење во помала просторија, на пример во ходникот. Вашиот партнер нека седне на едната страна на ходникот, а Вие пратете го бебето до него – но останете на својата страна и охрабрете го.

 

16.   Туркај, туркај

Количката за туркање им помага на бебињата да стануваат и да чекорат. Но бидете до него бидејќи количката е тешка и може да се преврти.

 

17.   Нека биде босо

Колку и да се слатки чевлите, а посебно тесните чорапчиња, можат да го попречат растењето на прстите на бебето. Стопалата на бебето почесто нека бидат слободни, а при купување на нови чевлиња и чорапи изберете ги оние во кои прстињата на бебето можат слободно да се движат.

 

18.   Бидете “груби

Немојте да се плашите од малку погруби игри – момчињата  побрзо ја развиваат моториката од  девојчињата, па родителите често послободно си играат со нив. Ставете го бебето на подот, превртувајте се и скокајте заедно.

 

19.   Одете на јога

Сакате подвижно бебе. Тргнете на јога. Јогата поттикнува подвижност на мускулите и зглобовите, го јакне грбот и физички стимулира.  Тешко дека ќе најдете курс за бебе, нообидете се сами да изведувате некои полесни вежби со бебето.

 

20.   Одиме надвор

Бебето полесно ќе истражува кога сите сетила му се стимулирани, па затоа повеќе нека се движи нека гледа и нека слуша – затоа е најдобро што повеќе да биде надвор. Ако е можно ставете го бебето на трева во дворот и држете го за рачињата дека шлапка во водата – сите тоа го обожаваме.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интересни факти за бебињата родени во деке...
Ако вашето бебе е родено во последниот месец од годината - декември, имате многу прилики за радост. Децата, кои доаѓаат ...
4
Таблетите заменете ги со насмевка
Човечкиот мозок за време на смеењето во крвотокот излачува хормони кои дејствуваат на намалување на болката. Затоа се см...
4
Видео: Како бебињата бегаат на слобода?
Не постои препрека која не може да се совлада! Погледнете како бебињата бегаат на слобода
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?