Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Токсоплазмоза е инфекциска болест која ја предизвикува паразитот Toxoplasma gondii. Со него се заразуваме при конзумирање на храна која е контаминирана со мачкин измет или со конзумирање на јагнешко и свинско месо кое содржи цисти T. gondii. Ако мајката се зарази со тој паразит за време на бременоста, нејзиниот плод станува загрозен.
За намалување на смртноста и заболување на бебињата, како и за заштита на здравјето на новороденчињата, од огромно значење е навремено откривање на заразите кај бремените жени. Ако трудницата има одредени IgG (антитела) за токсикоплазма кои се позитивни уште пред актуелната бременост, тестирање не е потребно.
Тестирањето инаку се изведува по следниов план:
Во 12-тата недела на брeменоста, и ако е наодот негативен, тестирањето го повторуваме во 20 - 24, како и во 32 - 36 -тата недела на бременоста.
Акутно добиена токсикоплазмоза
Кога ќе се зарази личност со јак имунитет, јасни знаци на болеста се појавуваат само кај 10-20% од заразените, останатите се без знакови за болест. Инкубацијата трае 7-21 ден.
По некое време на едната страна од вратот се појавуваат зголемени, тврди жлезди, зголемена температура, замор и болки во мускулите, како и потење. Ретко се појавува осип по телотo, едностран horioretinitis, потечен џигер или слезина. Многу ретко доаѓа до миокардитис, пневмонитис или енцефалитис.
Трудница
Кога жената прв пат ќе се зарази за време на бременоста и таа зараза се пренесе на нејзиниот плод, зборуваме за ПРИРАЃАЊЕ ТОКСОПЛАЗМОЗА. Заразата во поодминатите недели/месеци од бременоста значи поголема веројатност дека ќе се зарази и плодот. Заразена трудница може да биде без никакви знаци на болеста, но за плодот тоа сеуште претставува опасност која може да доведе до абортус, предвремено породување или дури до мртвородено дете. Детето може да се роди и со различни клинички знаци и симптоми на заразата: зголемена телесна температура, водена глава, премала глава, зголемен црн дроб или слезина, жолтица, грчеви, проблеми со видот, слухот, воспаление на срцевиот мускул, белите дробови... Во 12% доаѓа дури и до смрт. Трајни последици се: психички проблеми, грчеви, послаб вид, микроцефалија, понизок IQ.
Како да ја избегнеме заразата?
Со правилно подготвување на месото - добро печено/варено/замрзнато, миење на овошјето и зеленчукот, избегнување на мувите и инсектите, како и избегнување на контакт со мачкин измет или со предмети кои се со него заразени. Потребна е редовна дезинфекција на мачкината „куќичка“ и работа во градината со ракавици.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?