Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Време поминато со доенчето
Доенчето е воодушевено од играта со мижење (ку-ку) затоа што во тој период почнува да сфаќа дека луѓето постојат и кога не ги гледа.
Нема поубав звук од насмевката на доенчето, а посебно е волшебна гласната насмевка. Доенчето можете да го насмеете со нежно скокоткање, дување во стомачето или со песничка која често му ја пеете.
Доенчето ужива да планинари по родителите и да ги истражува можностите на своето тело, со задоволство ги вежба новите вештини, како што се игра во седечка положба или лазење. Со радост си игра со ножињата и како останатите работи ги става во уста.
Воодушевено е од бучни игри и се радува на звукот на удирање предмет од предмет. Доближете му го светот на животните со имитирање на гласови и притоа гледајте животни во сликовниците. Доенчето секогаш може да го расположите со пеење, игра или читање книга.
За книга никогаш не е прерано
Обидете се да го запознаете детето со книгите. Во овој период изберете сликовници со дебели картонски листови, а особено ќе му го привлечете вниманието со сликовници кои имаат скриени слики, затоа што нивното отворање ќе му ја разбуди љубопитноста. Изберете ги оние кои имаат јасни и шарени слики.
Од причина што детето се’ става во уста, понудете му играчки кои може да ги истражува и џвака со уста. Заради тоа внимавајте играчките секогаш да бидат чисти. Мораат да бидат и сигурни, без ситни делчиња, кои можат да се одделат или извлечат, да се без остри краишта и направени од безбеден материјал.
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Исхрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Претходен период: Возраст 6 месеци
Следен период: Возраст 8 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Проверка на крвта за време на бременоста
Крвните анализи се еден од најважните делови од следењето на бременост...
Кога „уште не е време“ станува медицински ризик
Одложувањето на бременоста е лична одлука и често резултат на образова...
Промени во градите за време на бременоста
Промените во градите се природен дел од бременоста и знак дека телото ...
Семејството е местото каде што започнува сe
Тоа е местото каде што ги правиме првите чекори, каде што учиме што зн...
Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...