|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Возраст на вашето дете: 8 месеци


Каков беше животот пред бебето?

Околу осмиот месец доенчето почнува поинтензивно да ги искажува своите чувства и многу ужива во гушкање и галење. Со комбинација од гласови, движења и фацијални мимики изразува незадоволство, лутина, радост, интерес, страв, изненадување...

Заедничкото време наменете го за разговор. Слушајте го своето детенце и одговарајте му со зборови секогаш кога ќе се огласи или насмее. Ќе го развеселите ако се обидете да го имитирате.


Развој на детето: Моето доенче


Во овој месец доенчето добива во тежина приближно 110 гр. неделно и околу 1,5 cm во должина.


Развој на детето: Развојни фази


Лазење и стоење со Ваша помош
Доенчето не треба да се испушта од поглед, затоа што совладало вртење, тркалање и лазење и може доста добро и брзо да се движи низ просторот. Тоа значи и дека брзо може да западне во проблеми. Затоа вие мора да се погрижите околината да биде доволно сигурна за доенчето да ја истражува без опасност.

>> Повеќе


Развој на детето: Исхрана


Внесување на нови продукти во исхраната
На доенчето во деветтиот месец, покрај млекото потребна му е дохрана со други продукти. Притоа треба да продолжите со доењето односно хранењето со шишенца. Покрај мешовитата исхрана на доенчето му се потребни барем уште 2 млечни оброци дневно.

>> Повеќе


Развој на детето: Спиење


Доенче старо 8 месеци спие околу 10 часа ноќе и потребни му се уште две двочасовни дремки во текот на денот. Многу доенчиња сеуште се будат во текот на ноќта 1-2 пати за хранење, некои ја преспиваат цела ноќ дури после првата година. Во суштина, ретко кое доенче ја преспива цела ноќ без будење. Повеќето се будат ноќе до наполнета прва година, приближно по три пати. Во првите месеци повеќето доенчиња со плачење ги предупредуваат родителите дека се разбудиле и дека се гладни, или дека им е потребна помош за повторно да заспијат. Некои доенчиња се способни самостојно да заспијат, без да ги разбудат родителите. Оние кои се навикнале да заспијат со хранење, или со помош на родителите и понатаму ќе се будат со плачење и ќе ги бараат родителите за помош.

>> Повеќе


Развој на детето: Здравје и нега


Алергија на храна
Под поимот алергија на храна мислиме на сите алергиски реакции кои ги предизвикуваат алергените во храната. Најчести продукти кои предизвикуваат алергиски реакции кај децата се кравјо млеко, соја, јајца, кикиритки, ореви, лешници, јагоди, чоколадо, риба и останати морски плодови.

>> Повеќе


Развој на детето: Мама и тато


Како да изградиме добар однос и доверба?
За тоа е потребно да се потрудите од првите денови на детскиот живот. Пред се, потребно е многу љубов и грижливо задоволување на потребите на детето и давање утеха при плачење. Така детето ќе се чувствува сигурно и сакано. Квалитетниот однос со детето и градењето на довербата е потребно да се одржува цело време во текот на детскиот раст и развој. Во тоа помага секојдневната рутина. Доенчето ја сака рутината затоа што му помага да предвиди што следува. Важни се секогаш исти правила (ако секој ден ги менувате доенчето ќе се збуни и нема да знае што е добро, а што не) се разбира прилагодени на детската возраст.

>> Повеќе


Развој на детето: Си играме


Доенчето ужива во друштвени игри, како на пр. игри со криење, сака да ги имитира родителите (кашлање, плескање...) Предметот кој му го нудиме го зема, при држењето го посматра, го тресе и го префрла од рака во рака. Сеуште го принесува во устата. Намерно удира со предметите, ги тресе, за да предизвика звуци. Ако се обидете да му одземете предмет, ќе протестира. Играчките ги дели со најблиските, но сеуште неможе убаво да им ги подаде на возрасните. Ужива во фрлање на играчките на под, а потоа ги бара назад. Сега веќе разбира дека предметот постои иако не го гледа. Тоа му помага да најде делумно сокриена играчка, а некои можат да ги најдат и потполно сокриените играчки.

>> Повеќе


Дали сте знаеле?


Забите продираат низ небцата меѓу третиот и дванаесеттиот месец од животот. Кај повеќето деца првото запче се појавува околу седмиот месец.

Слична содржина


Претходен период: Возраст 7 месеци
Следен период: Возраст 9 месеци



Слични артикли:



Анкета

IME ZA DEVOJCE
majka na eva

vi se dopagja li imeto SNEZANA?

DA (26%)

NE (47%)

VOOPSTO NE (27%)


Број на сите гласови: 316

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!