Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Развој на мислење
Шестгодишно дете може да остане концентрирано подолго време и со радост презема нови улоги и одговорности. Во тоа треба да го насочат и да му помогнат возрасните. Често бара потврда дали добро постапило. Ги учи правилата на различни игри (карти, спорт...) Ужива ако му дадеме прилика за самостојно одлучување. Развива апстрактно мислење.
Чувството за време (порано, подоцна), оддалеченоста (блиски, далеку) се многу добро развиени, но сеуште има проблем за разграничување во категории. Сега е добар момент за учење и одредување на времето преку стрелките на часовникот.
Децата во овој период го прошируваат знаењето за функцијата и значењето на растенијата и животните, разликуваат живо од неживо и стануваат свесни за циклусот на животот: раѓање, раст, развој, стареење и смрт. Исто така во овој период почнуваат да го разбираат значењето на парите. Децата во овој период се воодушевени од светот кој ги опкружува. Често запомнуваат многу ситници кои ги интересираат и радуваат.
Лага или вистина?
Детето со шест години е способно да ја прикрие вистината и да излаже (кажува дека нешто не направило, иако е свесно дека направило) и сеуште нема развиено чувство за праведност (не знае што смее, а што не).
Учење на говорот
Вештините во јазикот се напреднати, детето зборува со комплексни, сложени и граматички точни реченици. Ги познава големите и некои мали букви, разбира дека одделна буква означува одделен глас. Знае дека кога пишува треба да остава простор меѓу зборовите и ги познава најчесто употребуваните интерпункциски знаци (?.!,) Подобро ја регулира јачината на гласот и брзината на изговорот. Ужива во игри со зборови, песни и броенки. Знае да наброи повеќе зборови кои се римуваат, или почнуваат на иста буква. Може да запамети текст и мелодија на некои песни, знае да ги отпее, или да заигра.
Броеви
Некои деца знаат да бројат до 20, а некои до 200. Шестгодишно дете знае да каже кој број следува (до 99), но потешко му е да каже кој број претходи. Знае да каже и кој број меѓу два броја е поголем. Можат да ги кажат напишаните броеви од 0 до 9 и повеќето знаат да собираат на прсти. Некои учат да собираат до 5, а други до 10. Исто така шестгодишните деца препознаваат и именуваат круг, квадрат и триаголник.
Развојни фази
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае
Развојни фази
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 5 години
Следен период: Возраст 7 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?