|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Исхрана

Што треба да содржи здравата исхрана?
Децата ги имитираат родителите во се’, па и во хранењето. Ако сте добар пример ќе му помогнете на детето да развие здрави навики на хранење. Здравата исхрана на петгодишно дете не се разликува од Вашата здрава исхрана.

Обидете се на детето да му понудите разнообразна храна бидејќи на тој начин детето ќе ги добие потребните хранливи материи, витамини и минерали кои се потребни за раст и развој, а истовремено ќе развие здрави навики за хранење.

Погрижете се Вашето дете да консумира свежо подготвена храна. Готовата храна содржи премногу сол, шеќер и маснотии, а често има и многубројни адитиви (засилувачи на вкус и боја...)

Во секојдневната исхрана вклучете овошје и зеленчук. Овошјето е најдобро ако е свежо и неизлупено. Препорачливо е да одберете што пошарен зеленчук (или овошје) бидејќи со тоа добивате широк спектар на витамини и останати нутритиенти.

Важен извор на енергија се житариците и нивните производи (леб, тестенини...). Обидете се да го навикнете детето на производи од цело зрно, а избегнувајте ги производите од бело брашно.

Во исхраната на децата големо влијание има месото, бидејќи е извор на протеини и железо. На детето понудете му немасно месо и риба. Воопштено, за децата е примерена вегетаријанска исхрана ако содржи доволно млеко, млечни производи и јајца, но не е примерена за деца кои се хранат само со овошје и зеленчук.

Најконцентриран извор на енергија се мастите. Застапеноста на мастите во детската исхрана треба да биде поголема, отколку кај возрасните. Давајте му сирење, путер, јајца и месо (а не пржени компирчиња) Исто така препорачливо е на детето да му понудите полномасно кравјо млеко, околу пола литар секој ден. Млекото е одличен извор на калциум, протеини и витамини. Продуктите кои содржат масти се важни и заради витамините А, Д, Е и К, кои се присутни во мастите.

Избегнувајте шеќер и колачи, бидејќи тоа се празни калории. Освен тоа шеќерот предизвикува кариес и придонесува за развој на шеќерна болест. Тоа не значи дека на детето треба да му ги забраните слатките работи, бидејќи забранетото секогаш е најслатко.

Освен храна која содржи премногу шеќер избегнувајте и храна која содржи сол, но и пијалаци со кофеин (кока кола) кои не се примерени за деца. Најздрав пијалак за децата и возрасните е водата. Кога на детето ќе му понудите овошен сок, нека биде без шеќер и разреден со вода.

Едно мени за цело семејство

Родителите се одговорни што, кога и како, па и која храна ќе му ја понудат на детето. Децата најмногу сакаат продукти богати со скроб (компир, ориз, тестенини и леб), а помалку месо и зеленчук. Немојте да го принудувате детето да јаде храна која не ја сака, но и немојте премногу да му дозволувате. Менито нека биде исто за цело семејство.

Во овој период детето е спремно да пробува нови работи. Понудете му нови продукти и притоа поттикнете го. Попребирливи се децата кои имале премалку можности за вкусување на различна храна, или нивните родители ги хранеле сосила. Дајте му на детето прилика да учи. Не грижете се ако ја остави храната во чинијата. Детето треба да престане да јаде кога е сито и повторно да јаде кога е гладно. Храната на детето треба да му нуди задоволство, пријатно чувство и сигурност, но исто така е нужна за негов раст и развој. Семејните оброци без кавги и лошо расположение се ритуали кои на детето многу му значат и му даваат одлична можност за учење на здравите навики на хранење.

Прочитајте уште

Развојни фази
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?