|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Здравје и нега

Вториот систематски преглед се врши на три месечна старост. Овој преглед е закажан на претходниот преглед. Опфаќа преглед на документацијата, разговор за состојбата на доенчето и за можните проблеми, како и детален преглед, мерење тежина, должина и обем на главата. Во овој месец доенчето добива полио (вакцина против детска парализа), ДиТеПер (вакцина против дифтерија, тетанус и голема кашлица) и Хиб (вакцина против hemofilus influence Тип Б), или коктел вакцина Pentaxim која ги содржи трите вакцини во една. Исто така во овој месец треба да се направи контролен ултразвучен преглед на колковите (првиот беше на 40 дена од раѓањето). Прочитајте го Календарот за вакцинација на Рингераја

Цел на систематските прегледи

Цел на систематскиот преглед е следење на растот и развојот, утврдување на физичкото и душевното здравје со цел рано откривање на болести, заради рано лечење и рехабилитација. Исто така има цел да открие неповолни социјални услови и нездрави животни навики во семејството во кое детето живее. Прегледите се во 1, 3, 6, 9, 12 и 18 месец, а потоа во 2 и 4 година.

Први запчиња, добар ден!

Зголеменото излачување на плунка може да биде еден од првите знаци дека на доенчето ќе почнат да му растат заби. Сепак не грижете се, ако и по неколку месеци не здогледате запче во устата. Доенчето може обилно да се лигави и при ставање на играчки и други предмети во уста. Првите млечни заби обично почнуваат да растат помеѓу 6-9 месец. Отстапувањата од 4 месеци над и под границата не значат ништо посебно. Обично на девојчињата побрзо им растат заби, отколку на момчињата. Раниот или доцниот раст на забите го наследуваме исто како и обликот и квалитетот на забите. Прашајте ја својата мајка или свекрва како било кај Вас, или Вашиот маж, па ќе можете да предвидите кога ќе никне првото запче и кај Вашето бебе.

Пеленски осип

Многу доенчиња имаат потешкотии со воспаление на газето – им се појавува пеленски осип. Не е тешко да го забележите затоа што кожата на газето и околу гениталиите се зацрвенува. Црвенилото може да се појави и на местото каде пелената се трие од кожата. При потешки облици на воспаление, детето е немирно и плаче. Најчести причинители се висока влажност, малку воздух, бактерии во столицата или урината и триење на пелената од кожата. Најефективен лек е спречување и правилна нега. Кожата на газето чистете ја темелно и редовно, така да кожата биде што е можно повеќе чиста и сува. Потребно е често менување на пелени кои треба доволно да впиваат. Воспаленото газе мијте го со млака вода и камилица (не користете влажни марамчиња), а бебето можете да го избањате во вода со додаток на кора од даб (може да се набави во аптека, не е потребен рецепт). Детето нека поминува што е можно повеќе време без пелени, затоа што воздухот помага осипот побргу да мине. На сува кожа намачкајте заштитен крем, па потоа ставете чиста пелена.

Прочитајте уште

Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме



Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?