vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Велигденски рецепти
1.Јајцата сварете ги тврдо, излупете ги и отсечете парче од поширокиот дел на јајцето за да се добие рамна површина. Извадете ги жолчките, ако е тоа возможно (заради положбата на жолчката) 2.Извадените жолчки изешајте ги со маргаринот, исечканиот першун, лимоновиот сок и сенфот и додадете малку сол и бибер. Со смесата наполнете ги јајцата на кои им се извадени жолчките. 3.На секое јајце втиснете му по две зрна црн бибер во зрно и по едно каранфилче за нос. Пос носот направете мал отвор и во него ставете парче морков (за уста) малку премачкана со мајонез. 4.Врвот на јајцата премачкајте го со мајонез и над него ставете лист зелена салата, першун, или магдонос и поклопете ги со шеширче кое ќе го зацврстите со чечкалица. 5.Шеширчињата можете да ги направите од пиперка, од издлабени половинкиод домат или од свиткана салама. 6.Од тркалца од морков или половинки од маслинка може да се направат уши. 7.Секое јајце поставете го на парче чајна салама
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 5
- по желба – тврдо варени јајца
- 2 лажици маргарин
- 1 лажица сецкан першун
- 1 лажица сенф
- 1 лажица сок од лимон
- сол, бибер
- 1-2 црвени или жолти пиперки
- неколку мали домати
- парчиња салама по желба
- 1 лажица црн бибер во зрно
- каранфилче
- 1-2 варени моркови
- копар
- маслинки
- магдонос
- малку мајонез
- 1 пакетче чечкалици
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...