vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Не треба да одите до Шкотска. Се си имате дома
Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме да се пржи во тава со загреано масло. Во еден сад млекото го истураме врз предходно ставената мека средина од парчињата леб. Во садот со меленото месо ги додаваме ситно сечканиот магдонос, едно јајце и натопениот леб со млеко. Додаваме црн пипер и промешуваме. Испржениот кромид го претураме во цедалка, го одцедуваме од маслото и го додаваме во садот со подготвената смеса. Месиме со рака, додека да дибиеме хомогена смеса. Потоа земаме од смесата и ја расплескуваме на дланка. Едно варено јајце го ставаме на средина од расплесканата смеса и го обвиткуваме од сите страни од смесата со меленото месо. Од меленото месо и варените јајца со рака формираме топка. Вака подготвените топки ги ставаме во тава за печење. Ја попрскуваме тавата со масло и печеме 5 минути на температура од 250 степени. Две јајца матиме со вилушка. Испечените шкотски јајца ги валкаме најпрво во брашно, потоа во изматени јајца и на крај во лебни трошки. Вака подготвените Шкотски јајца ги ставаме да се пржат во тенџере со поголема количина загреано масло додека не добијат убава румена боја, потоа послужуваме.
Време на подготовка од: 10
Време на подготовка до: 20
Број на лица: 2
* малку Црн пипер
* 500 грама Телешко
* малку Сол
* 50 грама Презла
* 100 милилитри Млеко
* 250 милилитри Масло
* 2 Кромид/а
* 2 Кришка/ки леб
* 5 Јајца/це
* 1 Китка магдонос
* 100 грама Брашно
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...