vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Во калап за мафини не морате да подготвувате само мафини. Лебот и јајцата се класика, но во овој рецепт се претворени во убаво и едноставно јадење, за вкусен појадок во кревет
Отсечете ја корката на лебот и притиснете го за да го истанчите. Потоа внимателно ставете го во калапите за мафини. Секоја кошничка премачкајте ја со растопен маргарин. Шунката исечете ја на коцки и ставете ја на дното на секоја кошничка. Додадете по една лажица рендано сирење во секоја кошничка и сите состојки притиснете ги. Во секоја кошничка скршете по едно јајце, ставете сол и бибер и ставете го калапот во рерна. Печете околу 20 минути на 180 C. Измешајте кисела павлака со сол и бибер и додадете першун. Ставете по една лашичка на секоја кошничка, откако ќе се испече.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 40
Kомплицираност: 3
8 парчиња леб за тост
8 јајца
8 лажици рендано тврдо сирење
малку масло за премачкување
малку сецкана шунка
сол, бибер и свеж першун
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...