miana
|
Ох спомени од детството и убави и неубави... Од најрано детство се секавам на три годинки како кај бабами во село "плетам" џемпер со игли за плетење, јадам варени компири со домашен кајмак, потоа кавгите на мама и тато, нивниот развод, деновите кога тато ке не земеше кај него ( едвај ги чекав), па деновите кога тато го снема да се јави и да праша дали сеуште сме живи, па на детските игри со мојата другарка, како ги шетаме куклите нашминкани од уво до уво низ цело маало, па правиме теткински муабети, па кавгите со сестрами и братми. Исто така на моментот кога случајно го сретнавме тато одејки накај бабами пред трафика, па ни даде по некој денар со сестрами и после тоа секој ден гледавме на истото место да не го видиме повторно.. Инаку како врв на моето детство се игрите со другарками, куклите и оние маалски претстави што ги правевме и собиравме некој денар па се частевме во слаткарница :) Сремавме по некоја точка, пишувавме покани за комшиите, носевме од врата на врата и наплакавме влезница по некои 10 денари , па ке наместиме столчиња во заедничкиот двор, ке се соберат возрасните, ке презентираме што сме подготвиле и одиме на частење :) Па игрите - сакате ли војна, па збирам фото, па џамија, па здрвен петко , па жмурка, па прскање со вода, јадење зелени кајсии и сливи - се на се имав убаво детство, можеби немав доволно финансии, ама бев среќна и исполнета Сепак, нашите детства биле многу позабавни од детствата на нашите деца....
< Поракaта ја уредил miana -- 27.8.2014 11:25:22 >
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
|