Mila mamicka
|
Многу сакам изненадувања, а посебно обожавам да ги приредувам истите. Најголемо изненадување кое сум го приредила е прослава по повод 25 години од свадба на свекор ми и свекрва ми (тогаш не ми беа тоа, туку беа само родители на дм). Тоа беше нивна сребрена свадба од соништата. Значи, закажавме ресторан, договоривме мени, договоривме жива музика, камерман и фотограф, голема невестинска торта. Ги поканивме нивните најблиски роднини и пријатели (околу 50 луѓе) и им напоменавме дека тие ништо не знаат, па да не им кажуваат за да не го расипат изненадувањето. Ние излеговме порано, и им рековме дека имаме да завршиме некоја работа пред тоа, па после ќе дојдеме да ги земеме и да ги носиме на вечера во ресторан. И така ние отидовме во ресторанот, и откако ги пречекавме сите гости, мм отиде да ги земе. Кога стигнале пред ресторан, мм ми пушти сигнал на моб, и светлата се изгаснаа. Свекрва ми рекла - еее, па тука нема струја. А мм -ајде да провериме. И како што ја отворија вратата од ресторанот, се запалија светлата, во позадина го свиреа свадбениот марш, сите почнаа да аплаудираат, а свекрва ми за малку ќе се онесвестеше. Сите почнаа да им честитаат, да им даваат букети цвеќе и подароци, и потоа се претвори во права свадба. На средината на вечерта пукавме шампанско, па сечеа невестинска торта, ептен беше убаво. Сето ова е снимано со камера, и го гледавме милион пати после тоа. Сите гости прашуваа чија беше идејата, и кога мм кажуваше дека е моја, сите ми честитаа, а јас нормално се гордеев многу што успеав се да организирам и да не не откријат предвреме. Свекрва ми утредента рече дека се било прекрасно, само требало уште лексилиум да купиме, оти не можеше да се смири од возбуда.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
|