|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Овулација - симптоми, начини и средства за ут...
21.6.2009 14:11:44   
Палешка РР
Кај жените, процесот на овулација е контролиран од хипоталамусот на мозокот преку ослободувањето на хормоните кои се лачат во предниот резен на питуитарната жлезда, познат како лутеинизирачки хормон (ЛХ) и фоликулно-стимулирачки хормон (ФСХ). Во фоликуларната пред-овулациона фаза на менструалниот циклус фоликулата во јајникот претрпува низа трансформации предизвикани од ФСХ, од кои главно е зголемувањето. После тоа, се формира отвор во фоликулата и јајце-клетката излегува низ тој отвор. Овулацијата е предизвикана од скок на количините на ФСХ и ЛХ кои се ослободуваат од питуитарната жлезда. Во текот на пост-овулаторната фаза, јајце клетката патува низ јајцевосите кон матката. Ако јајце клетката се оплоди од сперматозоиди, таа може да се всади во ѕидот од матката во текот на следните 6-12 дена.
Кај жените, плодните денови се неколку дена пред овулацијата. Просечно, овулацијата настанува на 14 дена од просечниот 28-дневен менструален циклус. Но, нормално е денот на овулацијата да варира од просекот, со можност таа да се случи помеѓу десеттиот и деветнаесеттиот ден од циклусот. Самата должина на циклусот не е прецизна мерка за денот на овулацијата. Иако по правило побрза овулација би требало да резултира со пократок циклус, варијациите помеѓу жените може да бидат и по цела седмица.
Почетокот на овулацијата може да се детектира по разни знаци, но тие најдобро ги распознава самата жена. Тие се промени во грлото на матката, во слузницата, во базалната температура, болка во јајниците и засилен осет за мирис. Многу жени имаат засилена желба за секс неколку дена пред овулацијата. Една студија заклучува дека привлечноста на жените се зголемува пред овулацијата.


Направени се фасцинантни снимки на процесот на овулација и ослободување на жолтото тело. Погледајте !

http://news.bbc.co.uk/2/hi/health/7447942.stm

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
21.6.2009 14:15:00   
mami
user posted image останав без зборови...тие работи за тоа како изгледа внатре кога нешто ни се случува отсекогаш ме интересирале...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
21.6.2009 14:43:19   
Палешка РР
Овулација и месечен циклус
Најважно што треба да знаете за да останете бремени е да го знаете сопствениот месечен циклус. Сите циклуси не се исти и нивното траење може да варира помеѓу 22-42 дена, просечно 28 дена. Кај голем дел од жените циклусите варираат од месец до месец. Доколку ги следите циклусите 3-4 месеци подобро ќе знаете кога отприлика се случува овулацијата кај вас.

Овулацијата обично настапува околу 14 ден по првиот ден од месечниот циклус (вклучувајќи го и времетраењето на менструацијата). Како прв ден од циклусот се смета првиот ден на менструација во тој месец.

Фертилноста се зголемува околу 4 дена пред да се случи овулацијата и 48 часа по овулацијата. Фертилноста е најголема денот пред овулацијата и секако на денот на овулација.

Овулацијата најлесно се калкулира со мерење на телесната температура. При овулација доаѓа до благо покачување на телесната температура. Доколку не ја мерите температурата а имате редовни циклуси тогаш можете да рачунате дека овулацијата настапува 14-тиот ден од почетокот на циклусот.

Забелешка: Во овој пример циклусот е земен со траење од 32 дена, со 14 дена траење на овулациона фаза (лутеална фаза).

Ден 1-5 од циклусот:
Првите денoви од циклусот се стартот на менструацијата. Многу важно е да ги забележите (најдобро на мал календар) овие дати, затоа што тоа ќе ви биде потребно за пресметување на претпоставена дата на овулација.

Ден 6-11:
Овие денови се наречени „суви денови“, бидејќи менструацијата е завршена и во овој период жената не е фертилна, т.е. при полов однос во овој период нема да дојде до зачнување. Во овој период телото едноставно се подготвува за ослободување на јајце-клетката.

Ден 12-18 :
Во овој период фертилноста е најголема, во тек на овие 6 дена јајце-клетката е создадена и ослободена така да најдобро е во овој период да имате сексуални односи доколку сакате да забремените.

Ден 19-32:
Доколку имате сексуални односи во овој период, за жал ја испуштитвте шансата и ќе мора да чекате до наредниот циклус за да се обидете повторно. Многу малку е веројатно дека ќе забремените во овој период.



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
8.9.2009 15:02:27   
delfinka
mnogu ubavo objasneto,golema blagodarnost

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
12.10.2009 21:20:01   
ана
blagodaram mn. No ne mosam da se pomiram, kako mozam so samo 25 godini i majka na dve kerkicki da ne sum poveke plodna? Da nemam ovulacija?

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
12.10.2009 21:22:35   
Еца
ана бидејќи темата што ја отвори ќе ја заклучам еве мила повеќе линкови ти поставив преку кои се надевам ќе го пронајдеш одговорот на твоето прашањеuser posted image http://www.ringeraja.mk/forum/bremenost/m_28610/tm.htm

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ана)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
5.11.2009 13:34:55   
Barbi30
Na tema ovulacija : Mi rekoa deka mozam da go utvrdam denot na baza na temperaturata i ja meram veke 3 meseci obicno po ciklus mi e 36,5 pa se iskacuva po dva dena do 36,7 ili 36,8 a sedum dena mi stoi na 37,00 na pr. denes mi e tolku pa paga do 36,8 i doaga ciklusot . Dali denovite koga mi e 37,00 se tie plodni denovi zosto od ciklus do ciklus variraat datumite na pokacena temperatura.
Jas ja meram so elektronski toplomer pod jazik sekoj den nautro koga se budam no ne vo isto vreme.
Dali ovaa metoda e tocna i kolku posto?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
5.11.2009 13:45:03   
Палешка РР
Барби, имаме тема за базална температура, кликни тука

Мислам дека плодните денови се пред покачувањето на телесната температура, естрогенот е оној кој ја покачува истата, а него го ослободува јајце клетката.
Значи во акција user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Barbi30)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
19.11.2009 20:15:09   
iki82
Здраво женски!!
Јас имам едно прашање, дали некој осека тапа болка од една страна на јајникот (лев или десен зависи кој овулира) за време на оволуација? И дали пробал тогаш да забрени? Јас секој пат кога ја осекам таа тапа и болка и кога сум отишла на гинеколог ми кажал дека имам доволно голема фоликула и дека ќе имам овулација.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
19.11.2009 20:34:33   
Весна
ики82, јас недела дена пред да ми почне циклусот имав такви тапи болки, исто бев на преглед и немаше ништо проблематично, па ете од прва ни успеа со мм да си направиме бебе. И како што еднаш ми рече гинекологот: - таа болка е веќе морфолошко прашање. user posted image Што и да му значеше тоа. Ако немаш цисти или некакви слични чудалии, тогаш веројатно само така осетливо ти реагира организмот. Па ако сакате бебе, ајде јурииииииш! user posted image

(Одговор на членот iki82)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
19.11.2009 20:35:31   
Enika
ufff prvo da kazma deka se fascinirav od slikive...sekaogas sakav da znam kako izglea koga skaca jajce kletkatauser posted image

Inace jas mn ja osekam ovulacijata...od pred nekolku god i toa...tie denovi gradite mi se malku custvitelni, iam nekoja mala cudna bolka vo stomakot i da osekam ko tua bolka vo edniot ili drugiot jajnik...i znam deka ovuliram..a znam deka sum u pravo zaso sum se pogodila na ginekolog mn pati vo toe den i na eho mi g pokazuvaat folikulot..

sega znam kako toa izglea user posted image

(Одговор на членот iki82)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
19.11.2009 21:04:01   
iki82
Јас на пример немам секогаш редовна менструација ама ја осеќам овулацијата така што осеќам тапа болка на едниот јајник, ме болат градите и по две недели добивам. И си се тешам дека иако немам редовна менструации, барем си ја осеќам овулацијата па може нема да имам мн проблеми за да забременам. Сега чекам да ми заврши user posted image да одам да си земамоние редовни брисови и следниот пат кога ќе осетам дека имам овулација ќе пробаме да си направиме user posted image :) па ќе ве информирам ако има нешто ново 

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
19.11.2009 21:10:45   
Весна
user posted image  user posted image  user posted image Ајде Ики82, само весело и ви посакувам од прва да ви успее!!! user posted image

(Одговор на членот iki82)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
19.11.2009 21:14:53   
iki82
Фала Весна..user posted image

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
30.11.2009 9:06:45   
profesorica
СЛЕДЕЊЕ НА ЗНАЦИТЕ НА ОВУЛАЦИЈАТА

Многу е важно да се разбере процесот на овулација затоа што тоа се Вашите плодни денови во месецот. Можете да останете бремени ако имате сексуални односи 2-3 дена пред овулацијата или пак следните 12-24 часа после тоа. Следењето на знаците на овулацијата практично може да Ви помомогне за да си ги зголемите шансите за забременување, доколку планирате бременост, а исто така може да Ви помогне и при изборот на контрацепција. Овулацијата можете да ја следите по неколку знаци:

Според траењето на лутеалната фаза:

Ако од должината на траењето на Вашиот месечен циклус одземете 14 дена (односно должината на Вашата лутеална фаза) приближно ќе можете да го одредите времето на Вашите плодни денови. На пример: кај жени со циклус од 28 дена овулацијата веројатно е на 14 ден, кај жени со циклус од 30 дена, овулацијата е веројатно на 16 ден. Но имајте в предвид дека должината на лутеалната фаза може да варира кај различни жени и се движи најчесто од 12-16 дена. За овакво сметање мора да знаете колку трае Вашиот циклус. На овој принцип работат и калкулаторите за пресметување на плодните денови. Ако немате редовен циклус, тоагаш оваа метода нема да биде од полза за Вас.

Според промената на вагиналната слуз:.

user posted image


Откако ќе заврши Вашата менструација, следните денови најчесто се најсуви. Потоа следува период кога вагиналниот исцедок е леплив и постепено се зголемува неговата количина.Како што се приближува овулацијата, исцедокот станува: се пообилен, порастеглив, прозирен. Неговиот изглед може да се спореди со изглед на белка од јајце. Кога ќе го ставите меѓу прстите се развлекува (како прикажаното на фотографијата). Овој исцедок е познат како плодна слуз Кога исцедокот ќе стане растеглив и прозирен, тоа се Вашите најплодни денови. Таквиот исцедок претставува пријателска средина за сперматозоидите и им помага да навлезат преку грлото на матката до јајцеводите, каде ќе ја оплодат јајце клетката. Откако ќе помине овулацијата, вагиналната слуз повторнo станува густа и нерастеглива. Деновите пред наредната менструацина обично повторно се суви.

Според покачувањето на базалната телесна температура:

По случувањето на овулацијата, базалната телесна температура прави скок за 0.2-0.6 степени целзиусови, како резултат на делувањето на прогестеронот, кој почнува да се лачи од жолтото тело. Најчесто откако ќе се покачи температурата веќе е касно за оплодување, затоа што треба 1-2 дена за да се створи доволно прогестерон, за да се покачи температурата. Најплодниот период е 2-3 дена пред температурниот скок. 

Недостаток на овој метод е што овулацијата не може да се предвиди однапред, туку се детектира дури по нејзиното случување. Сепак ако мерите во текот на неколку месеци, ќе можете да увидите некој шаблон за Вашите плодни денови и колкаво е траењето на Вашата лутеална фаза.


Според сензациите во долниот дел на стомакот:

Некои жени физички можат да ја почуствуваат овулацијата. Некои ја чувствуваат како болка во пределот на едниот јајник.Понекогаш тоа е левиот, а понекогаш десниот јајник, зависно од тоа на кој јајник се наоѓа водечкиот фоликул. Некои жени пак ја чувствуваат како болка во долниот дел на стомакот. Ова се индивидуални работи и се различни kaj различни жени. Ако обратите внимание на она што се случува во Вашето тело, ке можете да приметите кои се Вашите симптоми на овулацијата.

Со помош на тестови за овулација:

Овие тестови работат на тој принцип што го детектираат зголеменото количество на лутеинизирачкиот хормон (LH), кое се јавува околу 36 часа пред овулацијата. Овие тестови се слични на тестовите за бременост. Имаат форма на лента и се повопуваат во урина. Резултатот може да се прочита за неколку минути. Иако не се 100% сигурни, сепак со голема сигурност однапред можат да го покажат случувањето на овулацијата. Доколку искомбинирате неколку од методите за следење на овулацијата, има голема веројатност дека ќе научите да ја распознвате сами. Препознавањето на Вашите плодни денови може да Ви помогне за побрзо да забремените, доколку планирате бременост. Од друга страна, на жените кои не сакаат бременост, може да им помогне во комбинирањето и планирањето на методите на контрацепција.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот iki82)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
30.11.2009 9:13:10   
arh_diz
Ovulacijata moze da se opredeli so maybe baby se prodava vo sekoja apteka

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
30.11.2009 9:25:43   
biljana16
Jas nikogas ne mozev da ja osetam ovulacijata sama.Nikogas nemav ama bas nikavi znaci na ovulacija. Za da utrvrdam koga tocno mi bese sekoj mesec odev na lekar. Cilkusot mi bese na tocno 25 dena a ovulacijata na 9 den otkako ke dobiev i skoro nikogas ne se menuvase. Pozdrav.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
30.11.2009 12:32:58   
iki82
Јас го пробав минатиот пат ЛХ тестот за овулација..се продава само во Зегин и  чини околу 80 ден. Ист е како тестот за бременост и според мене е мн добар зошто ако имаш овулација покажува user posted image . Тогаш со сигурност значи дека овулираш и можеш да работиш на случај user posted image

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
7.12.2009 13:35:22   
arh_diz
Serumsko nivo na progesteron treba da bide pogolemo od 10 nmola/L ako e pogolemo toa e znak deka ovulacija postoi

(Одговор на членот iki82)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
7.12.2009 13:40:07   
delfinka
jas sekogas,ama bas sekoj mesec ja imam istat bolka vo predelot na jajnicite i vo dolniot del na abdomenot
inace sekogas koga me prati doktorot do sega veke 2godini samo na levata strana imam jajce kletki a na desnata ne
nekogas imam i po tri na levo a imam bolki na desnata strana

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
7.12.2009 13:49:19   
mis.
Пред да останам бремена за второто дете неможев да останам 7 месеци и бев на гинеколог и тој ми кажа дека немам овулација и ми даде да пијам кломифен.Требаше да почнам да пијам 5 дена откако ќе ми заврши но за среќа не ни добив бидејќи останав бремена.Е сега не ми е јасно како останав кога не сум имала овулација или како тој од погледнување во очи ми виде дека немам овулација и ми препиша кломифен.И тогаш не ми беше јасно и сеуште не ми е разјаснато но го променив гинекологот поради тоа  но и поради некои други негови киксови.

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
8.12.2009 8:35:06   
none
eve jas prosliot mesec nemav pa sega utre odam da vidam sto e so ovoj mesec a za jajce kletki imam samo po edna i tocno osekam koga imam ovulacija sega ne osekam bolka vo dolniot del pa ke vidime utre pozrav

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
8.12.2009 9:12:03   
arh_diz
None opusti se nemisli dali imas ili nemass ovulacija .

(Одговор на членот none)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
8.12.2009 11:28:12   
Enika
мене овулацијава овој пат ама ептен ме стефи...3 дена веке ме боли стомак и тоа ме боли онака малку поинтезивно...ретко кога не ја осекам последниве години ама овој пат ептен ми е изразена...хмммм не е вајда ништо да не думам за џабе

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Овулација - симптоми, начини и средства з...
9.12.2009 8:04:27   
none
dobro znae li nekoj sto ako imas zgolemena temperatura dali doslo do ovulacija deka bol ne osekjam vo stomak kako porano odnosno do pred 2 meseci koga imav

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?