Gwendolin
|
А инаку ти предложил ли брак? Разговаравте ли за конкретните работи, значи не теоретски во стил, аха, ќе се земеме, ќе ни биде убаво, туку точно каде ќе се живее, од кои пари, кој што обврски ќе има дома, кога ќе се зачнува дете, како ќе се уреди дневната...Дали вие ЗАЕДНИЧКИ планирате соживот или само ТИ го планираш тоа? Презема ли тој некои чекори за заедничкото живеење, конкретни планови? Зашто ако веќе си решена дека тој е човекот на твојот живот, а времето си лета...кога ќе ги решите тие прашања? Кога ќе му помине кризата, тогаш ли? А како да знаеш колку време ќе го маваат кризи и колку ќе трае тоа? Месец, 5 години? [/quote] Извини Квин ама и не ми е јасно, спремна ли си ти да го чекаш да се соземи, да почне да ти обрнува внимание и сл? Не си дете, имаш потреба да бидеш сакана девојка, жена и мајка и дај боже што побргу да ги почувствуваш тие благодети на животот...но, ќе чекаш да си ја уреди тој куќата по негов вкус неколку години пред и да помисли да земе жена во неа? И ќе бидеш секогаш како неповикан гостин во неа, пазејќи да не поместиш нешто? А како дете ќе трча во таа куќа? Многу прашања ми се мотаат низ глава, ама се надевам и тебе. Твоето прашање беше како да се изгради мост на доверба? Ама сака ли тој да изгради доверба, или ти само идеализираш и градиш надеж, а тој ти ги руши соништата? Не сте деца, ќе го чекаш ли до 40 години да се средел прво тој, па за друго има време...Дај не се фаќај за него ко давеник за сламка, не ти е поминат возот. Нема магично решениеа, па колку год сакала ти да се реши поинаку, или ќе разговарате и ќе се договорите конкретно што ќе биде од вашево, или ќе се разделите. Нема трето. Трета опција ти е ова истово...статус кво. Убаво те праша Ники мислам деке беше не е битно, среќна ли си ти со него, со неговите одлуки и среќна ли би била да живееш до крајот на животот со неговиот карактер, секој ден, секоја ноќ, во добро и во лошо?
_____________________________
Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн
|