Палешка РР
|
И јас со ова се нервирам blue_blue секое утро. Само што ќе викнам - Миа, таа почнува - Не сакаааааааааам во градинка да одаааааааааааам, сакам кај бабаааааааааааа, сакам дома со тебееееееееее..... И јас почнувам со арно да ја убедувам, па ајде оваа играчка денес ќе ја носиш, ајде чоколадце на учителките ќе им дадеш, ајде попладне ќе одиме на Х место...Не бива, ништо не помага. Откако со убаво не успева, ја влечкам за нозе од кревет, ја кревам и ја ставам на нокшир, по што следи 10 минути тегнење, лигавење, па бркање низ соба за да ја облечам, па нејќе ова да носи, па нејќе она...Да се бориш како со лав. На крај максимално изнервирана излегувам со неа в раце, оти не сака да оди и слегувам по скали со 20 кгр. дете в раце, ја ставам в кола, ја вадам, пак в раце, па лигавење в градинка уште 10 минути и одам на работа секој ден задоцнета. Притисокот секое утро ми е увис, пијам апчиња за намалување и смирување и по 1 час се јавувам кај учителката. Не знам дали да се радувам или да си ја удрам главата од ѕид кога ќе ми каже дека почнала да игра и да се смее само што сум заминала. И така...не ми поминува ден без нервози од сабалје. Не ти помогнав многу, знам
< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 28.1.2015 15:13:00 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
|