|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
9.1.2014 14:18:37   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

...Ова ми беше прво ИВФ, го правев во Плодност кај др, Таше. Почнавме со микрогинон па суперфакт по 0,5 потоа контрола на хормони и продолживме супер факт 0,25 и по 4 фостимон, Така 9 дена . Беа пунктирани 9 јајце клетки од кои 7 беа со добар квалитет, од нив 5 се оплодија.. на 5 ден имаше две прекрасни бластоцисти кои ми ги вратија. Јас бев малку разочарана бидејќи си мислев дека ќе има за замрзнување но тоа беше, Докторот уште тогаш рече шансите за успех ни се 70%. Скоро една недела лежев поинтезивно, гледав колку што можам да јадам повеќе овошје, зеленчук и протеини. Со терапија продолжвам фолна, аспирин, утрогестан 3*1 и од циклопривинова само белите 3*1




_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
11.1.2014 21:29:04   
LoveableMe RR
АнаПетар, добредојде. Ќе ти пишам се што те интересира во форумот Вредност на ТСХ за успешно забременување и таму ќе го префрлам твојот пост. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот АнаПетар)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
14.1.2014 14:44:24   
Melanija RR
Корисен пост од друга темаuser posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Совети за храна за време на IVF постапката



1. КОЈА Е НАЈДОБРА ПОЛОЖБА ПОСЛЕ ТРАНСФЕРОТ ?

После транферот ке останете кај нас сместени следните два часа. Ке лежите хоризонтално на креветот или во полулежечка положба. Можете да лежите и на страна или на грб, зависно како ви е позгодно. Пред ембриотрансверот обавезно Ви советуваме да го наполните мочниот меур (да чувствувате нагон за во тоалет)

2. КОГА МОЖИ ДА СЕ ВРАТАМ НА НОРМАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ КАКО НА ПРИМЕР ВОЗЕЊЕ НА КОЛА, КАЧУВАЊЕ ПО СКАЛИ, ОДЕЊЕ НА РАБОТА ИТН.?

48 часа после трансферот можете да ги извршувате нормалните активности, освен ако немате многу напорна работа. Доколку работата ви е напорна разговарајте со вашиот доктор.

3. КОГА МОЖИ ДА ИМАМ СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ ?

Не ви препорачуваме да имате сексуални односи 2 - 3 дена после ембрио трансферот, а после тоа можете да се вратите во нормален сексуален живот.

4. ДАЛИ КОГА КЕ СЕ ВРАТАМ ДОМА, МОРА ДА ЛЕЖАМ НА ГРБ ?

Ви советуваме да седнете на предното седиште во полуседечка положба и да се врзите.

5. АКО ЖИВЕАМ ДАЛЕКУ ОД ИВФ ЦЕНТАРОТ, ДАЛИ ТРЕБА ДА ОСТАНАМ ВО ХОТЕЛ ДВА ДЕНА ПОСЛЕ ТРАНСФЕРОТ ?

Доколку живеете подалеку од два часа возење од ординацијата за ИВФ, ви советуваме да преноќите барем уште една ноќ после денот кога е извршен ембрио-трансферот. После тоа можете без страв да патувате.

6. КОГА МОЖИ ДА СЕ КАПАМ (ВО КАДА )?

Можете да се туширате, секако, но лежење во када не ви препорачуваме барем три дена после трансферот. Водата да биде млака а никако жешка. Со оглед на неодамнешните испитувања кои покажаа дека капењето и долгите туширања со жешка вода можат да му наштетат на нероденото дете, ви советуваме истите да ги избегнувате. Истото се однесува на сауните, топлите бањи и сл.

7. КОГА ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ ТЕСТ ЗА БРЕМЕНОСТ (БХЦГ )?

Без оглед на должината на вашиот циклус, дојдете да Ви земеме крв 14 - 16 ден после емрио-трансферот ( доколку не настанало крварење ).


5 .ЗАМРЗНУВАЊЕ ( КРИОПРЕЗЕРВАЦИЈА )

2. КАКВА Е ПОСТАПКАТА ДОКОЛКУ САКАМЕ НАШИТЕ ЗАЧЕТОЦИ ДА СЕ ЗАМРЗНАТ ?

Во ембриолошката лабораторија ништо не се работи без ваша желба, па истото важи и за замрзнувањето. За време на стимулацијата или на самиот ден на аспирација Вие и Вашиот сопруг потпишувате дека сте согласни за замрзнување на зачетоците доколку има такви.

3.ПОСЛЕ ТРАНСФЕРОТ, ДАЛИ СИТЕ ЗАЧЕТОЦИ КОИ НЕ СЕ ВРАТЕНИ КЕ СЕ (ДОКОЛКУ ИМА ТАКВИ ) КЕ БИДАТ ЗАМРЗНАТИ ?

Ембриологот го утврдува морфолошкиот и развоен стадиум на зачетокот. Сите зачетоци немаат еднаква динамичност на делење, а не се ни морфолошки идентични, според тоа се замрзнуваат само оние зачетоци кои гарантираат поголема успешност кај идниот криотрансфер. На самиот ден на трансферот или 2 - 3 дена после трансферот биологот ке ве информира за точниот број на зачетоци кои се замрзнати.

4. КОГА СЕ ЗАМРЗНУВААТ ЗАЧЕТОЦИТЕ ?

Зачетоците се замрзнуваат петтиот ден после аспирацијата ( ако аспирацијата се брои како 0 ден ).
Тогаш зачетоците се во стадиум blastocyst
*Кои се предностите на замрзнуванје?
Предностите на замрзнуванје се следните:
- намален е ризикот од повекеплодна бременост
- прихрануванје на зачетокот за идниот трансфер ( криотрансфер )
- намалуванје на трошоците за аспирација , ИВФ или ИЦСИ методи
*Колку време зачетоците можат да останат така прихранети?
Зачетоците можи да се чуваат 1 до 10 година. За тоа време може да се гарантира максимална сигурност за одржување на зацетоците.


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
14.4.2014 11:33:08   
mery
Da se povrzam I ja so temava. Procitav na net deka I L -argenin bilo mnogu dobro pred ivf, isto I za mlekoto, trebalo 1 litar mleko I 2 l voda na den, a gledam deka nekoi napisale deka ne treba mlecni proizvodi, bas ke ja prasam dr. I antioksidanti se preporacuva za pre -ivf

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
12.6.2014 10:49:38   
LoveableMe RR
10 начини да се подготвите за ИВФ

Знајачни фактори во процесот на ИВФ се квалитет на јајце клетките и имплантација на ембрионот во матката. Овие фактори зависат од целокупната здравствена состојба на парот. За да се постигне тоа, треба неколку месеци пред ИВф да се посвети внимание на следното (сознанија од досегашно искуство):

1. Јадете висококвалитетни житарки и храна со низок гликемиски индекс. Избегнувајте обработена храна, хирогенизирани масла, шеќери и алкохол. Избегнувајте многу соја. Престанете да пушите.

2.Јадете висококвалитетни масти - нерафинирани масла, храна како јаткасто овоште, семиња, авокадо и незагадена риба (никако панга и риби со непроверено потекло, туна и сл).

3.Практикувајте лесни вежби како пешачење, јога за забременување 4 пати неделно. Вежбањето го намалува стресот и ја подобрува циркулацијата. Избегнувајте вежби кои се напорни.

4.Практикувајте медитација и акупунктура - тие се особено важни за намалување на стресот и ја подобруваат веројатноста за успешно ИВФ. Акупунктурата може истовремено да ја зголеми и циркулацјата и да ги намали целокупните нивоа на стрес.

5.Значително намалете или елиминирајте го кафето, особено после ембриотрансферот.

6. Јадете органска храна за да го намалите оптоварувањето на црниот дроб и да избегнете хормонски дисбаланс. Многу пестициди имаат естрогенски ефекти кои го нарушуваат квалитетот на јајце клетките.

7.Проверете ја вашата тироидна жлезда (нивото на ТСХ треба да биде под 2.0 за ИВФ), како и функционирањето на останатите хормони како пролактинот, феритин, ИНР, ФСХ, ЛХ, ДХЕА, тестостерон и анти-мулеров хормон.

8. Имајте квалитетен сон во траење од најмалку еден месец пред ИВФ, со 8 саати спиење. Спиете во темна соба за да се подобри производството на мелатонин, кој е важен за здрав развој на фоликулите.

9. Земајте Омега 3 додатоци, како и барем 400 mg DHA и 800 mg ЕPA дневно, затоа што омега 3 ја подобруваат морфологијата на емрбионот во текот на ИВФ. Гледајте производот да е тестиран за контаминанти.

10.Земајте коензим Q10, кој го подобрува квалитетот на јајце клетките и кој делува како митокондриал антиоксидан. Земајте околу 400mg два пати дневно во чиста форма.

Подобрувањето на циркулацијата и здравата исхрана се клучни во подготовка за ИВФ. Фоликулите треба да ги примат хранливите состојки за успешен процес, бидејќи со добра циркулација тие добиваат храна и антиоксиданти при растењето, а потоа и при имплантацијата. Доколку немате добра циркулација, џабе е што јадете и какви додатоци и витамини земате, бидејќи со слаба циркулација тие не можат да бидат испорачани до вашите ткива а со тоа и до јајце клетките/ембрионот.

Извор: д-р Фиона Меккалог, ИВФ центар Канада


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mery)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
12.6.2014 11:06:06   
LoveableMe RR
Авокадото ги зголемува шансите за успех трократко за парови во постапка на ИВФ

Според истражувањата на Факултетот за јавно здравје на Харвард, резултатите покажуваат дека јадењето медитеранска исхрана богата со маслиново масло и храна како авокадо може да ја зголемат плодноста. Храна богата со мононезаситени масти може да ја подобри плодноста и да намали воспалителни процеси во телото. Тоа е авокадо, маслиново масло, сончогледово масло, јаткасти плодови и семиња. Студијата покажала дека пациентите кои се хранеле во ваква исхрана трикратно ја зголемиле шансата и имале успешно ИВФ од оние кои земале исхрана со високозаситени масти како путер, црвено месо и сл.

Студијата е презентирана на Европското друштво за хумана репродукција и ембриологија во Истанбул.


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
12.6.2014 12:56:09   
LoveableMe RR
Медитеранска исхрана

user posted image

Медитеранската исхрана е храна богата со овошје, зеленчук, зрна, семки, јаткасто овошје, со ограничен внес на црвено месо, млечни производи и обработена храна како слатки и мајонез. Зошто?

Омега 3 масните киселини доаѓаат од рибата како лосос, скуша, сардините, јаткаститње плодови и семките и се прекурсор за простагландините (PGs), кои се важни за менструалнот циклус, растот на јајце клетките и започнување овулација, како и оплодување на емрбионот.

Витаминот Д доаѓа од масни риби ијајца и го помага нивото на прогестерон и естроген, како и кај мажите за подобар квалитет на спермата и зголемување на тестостеронот и либидото.

Витаминот Б 6 и Б12, фолната се важни за жени во постапката на ИВФ за делба на homocysteine, кој се наоѓа во крвната плаза, а покачените нивоа на homocysteine се поврзуваат со негативни репродуктивни проблеми и проблеми во бременост.

Извор: IVF Australia

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 16.6.2014 16:24:27 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
17.7.2014 14:42:17   
lolla RR
И јас би сакала да споделам некои совети кои ги прочитав на интернет и ги применував бидејки ми се чинеа логични, но за жал немам линкови па ако не може така избришете го постот или преместете го.

1. Наколку дена пред ембриотрансфер и неколку недели после истиот, да не се туширате со купки со јаки мириси и да не користите јаки мириси, бидејки според некои истражувања, ембрионите не сакаат јаки мириси.
2. За време на постапката, да се јаде доста повеќе протеини и да се пие огромно количество на течности и електролити како би се избегнал ефектот на хиперстимулација и се поттикне имплантацијата.
3. Да се јадат бразилски оревчиња по неколку наден до неколку дена по ембриотрансфер заради огромната количина на селен.
4. Јас пиев и магнезиум и цинк секој ден и сеуште пијам.
5. Да се мисли позитивно, но бев прекумерно оптеретување и да се верува во чуда, бидејки кој тргнал по патот да добие свое бепче, ке го добие.

Едитирано да додадам: Доколку верувате во такви работи, јас после 3тиот ден си применував и лесни јога вежби и пози кои наводно ја зголемуваат циркулацијата во матката и тој дел долу, како маласана, нозе поставени на зид, поза пеперутка, длабоко дишење со концентрирање на делот на матката, можете да прочепкате на нет за пози кои се добри во фаза на ИВФ.

< Поракaта ја уредил lolla -- 17.7.2014 14:45:50 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
17.7.2014 21:24:54   
kapina
A dobro bilo za implantacija na embrionIte puter od kikiriki

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
18.7.2014 13:31:54   
LoveableMe RR
Поддржан мост (Setu Badha Sarvangasana)
Оваа поза ги зајакнува мускулите во делот на колковите и ја стимулира енергијата и крвта во пелвичниот предел, особено матката и јајниците.
user posted image

Пеперутка (Baddha Konasana)
Со оваа поза се отвораат колковите и се ослободува негативната енергија
user posted image

Нозе на ѕид (Virprita Karani)
Оваа поза го релаксира пелвичниот дел и помага за циркулација на крв во матката. Исто така помага за регулирање на тироидната и другите енрокрини жлезди. Во оваа поза може да поминете 2-10 минути.
user posted image

Кобра (Bhujangasana)
Со оваа поза се носи енергија во репродуктивните огани и е една од најефикасните за зголемување на протокот на крв во матката и јајниците.
user posted image

Маласана (Yoga Squat)
Оваа поза го отвора пелвисот
user posted image

Lolla, еве се обидов од нет да најдам нешто за тоа што спомнуваше, само кажи колку пати на ден и колку минути беше во овие позци, позз

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 18.7.2014 13:34:41 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
18.7.2014 18:02:03   
lolla RR
Па мислам доволно е еднаш во денот (наутро или навечер) ама пред тоа малце треба да се загрее телото зш не е убаво да се истегнуваат ладни мускули. За секоја поза индивидуално ке си види секој колку може да издржи во неа, на пример почни од 5 длабоки вдишувања и издишувања па нагоре. Освен нозе на зид, таа може и со минути да се применува. Мнофу опуштаат позиве, ги ослободуваат мускулите кај карлицата целосно и треба да се прават како да кажам промислено, со намерност во дишењето, замислувајте си дека вдишувате воздух чист длабоко во карлицата и подоа целосно издишете ја целата напнатост. Секогаш заврѓувајте со поза шавасана некоја минута ке видите каква разлика има и задолжително истражете на нет или јутуб како правилно се прават позите и што точно треба да чувствувате за а бидат ефикасни.

На јутуб има и фертилити јога меѓутоа пак кажи речи се состои од низа од споменатите пози во одреден тек. А мене сега отпосле ми помагаат и при гадење и при замор, даваат енергија (ги правам сите освен кобрата).

Уште ова: Ако може да се снајдете, добро е јога видеото Shiva Rea: Prenatal yoga, ги има баш сите овие пози и е мнооооогу добро, релаксирачко и добро за циркулација.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
27.7.2014 15:46:50   
LoveableMe RR
Shiva Rea: Prenatal yoga


Lolla, се надевам ова е видеото.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
28.7.2014 7:32:10   
lolla RR
ЛоваблеМе да, тоа е видеото, знам дека малку е од постарите видеа, ама е феноменално. Не знам дали смеат да се ставаат надворешни линкови, но го има на youtube целото видео, сосе масажите за трудници кои ги прави партнерот и плус пози кои помагаат за во текот на самиот пораѓај ако не сте врзани за столот.

На јутуб побарајте го каналот yogasalutations.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
7.8.2014 0:20:17   
kapina
prema nekoi istrazuvanja sega citav oti jajcekletkite sto bile najdobri za oploduvanje imale najmnogu cink

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
19.8.2014 18:39:45   
LoveableMe RR
цинкoт е вaжен зa квaлитет нa ембриoните, вaжнo е двaтa пaртнерa дa земaaт препoрaчaни дневни дoзи зa зaбременувaње.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.2.2015 9:16:36 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
19.8.2014 21:03:53   
kapina
Da da da se vnesuva poveke cink

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
17.9.2014 15:26:03   
LoveableMe RR
Во Ремедика ми рекоа протеинска исхрана да јадам сега, добро било за квалитет на јајце клетките. Еве што најдов на нет:

user posted image

user posted image

user posted image


Храна Протеини/во грам.

28 грама месо, риба, пилешко 7
1 големо јајце 6
112 грама млеко 4
112 грама јогурт 6
112 грама млеко од соја 5
84 грама тофу, тврдо 13
28 грама сирење 7
1/2 шолја ниско маслено сирење 14
1/2 шолја грав 7
1/2 шолја леќа 9
28 грама јаткасто овошје 7
2 лажици путер од кириритки 8
1/2 шолја зеленчук 2
1 парче леб 2
1/2 шолја житарки 2

Дневно препорачана доза за жени е 0.75 грама/кг од тежината, што значи ако една жена тежи 60 кг х 0.75 = 45 грама протеини дневно. Ова го најдов од австралиски сајт, каде и генерално пижуваат дека околу 50 грама дневно протеини му е потребно на организмот секој ден.

Извор: betterhealth gov au


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 17.9.2014 15:28:00 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
17.9.2014 15:51:04   
LoveableMe RR
Препорачана исхрана по емрбио-трансферот

За зголемување на шансите за бременост по трансферот, потребна е подготовка на матката за прифаќање на ембрионите. Користете костеново улје на стомакот за масажа, која ја помага циркулацијата во матката и репродуктивните органи и стимулира лимфно чистење во пределот.

За здрава матка подготвена за еембрионите, земајте храна богата со железо (квасец, спанаќ, леќа, говедско месо, семки од тиква кајсии, цвекло). Оваа храна ја зголемува циркулацијата во матката и овозможува здрав проток на крв што е потребно за исхрана на ембрионите. Жените со недостиг на железо имаат поголеми шанси за спонтан абортус.

Исто така важно е да земате храна богата со Л-аргинин (јаткасто овошје - кикирики има најмногу), бидејќи тоа стимулира синтеза на Нитрик -оксидот кој природно се произведува во телото и е важен за протокот на крв во матката, јајниците и гениталиите и подготвува добра средина за имплантација, а студиите покажуваат дека Л-аргининот ги зголемува шансите за ИВФ успех.

Матката треба да биде смирена по трансферот. Таа првите денови по трансферот прави грчеви,но тоа е знак за имплантација, особено ако се случува на 6-7 ден од трансферот. Пијте чаеви за смирување на матката (камилица и други).



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
17.9.2014 15:53:23   
Hopeful RR
покрај зголемениот внес на протеини, битно е и да се намали внесот на јаглехидрати. Според некои истражувања, на ембрионите не им одговара исхрана во која доминираат јаглехидрати, туку напротив - протеини. Покрај тоа, пожелно е да се внесува и авокадо заради здравите масти, но тоа е веќе и споменато погоре. Во секој случај, не треба да се прават драстични промени во исхраната за да не се создаде шок за организмот, па да реагира имунолошки неповолно.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.2.2015 9:17:28 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
25.9.2014 10:30:51   
LoveableMe RR
студиите покажуваат дека пиењето на зелен чај во мали количини не е штетно, бидејќи 1 шолја содржи само 20 мг, кофеин, друго кафе 100 мг, филтер кафе 75 мг, а препорачан внес на кофеин во текот на ИВФ циклусот е под 200мг дневно или целосно исфрлање на кафето и чајот во текот на постапката. Исто така, се покажало дека внесот на зелен чај на намалува абсорпцијата на фолна киселина, па не се препорачува во текот на ИВФ. Една шолја не е многу на ден, мислам не е проблем, консултирај се со докторот.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.2.2015 9:18:10 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sanjaaaa!)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
25.9.2014 10:36:41   
Hopeful RR
зелениот чај има прилично голема количина кофеин, може да се замени со некој друг чај за почеток, па кога ќе се почне со терапија да може скроз да се прекине.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.2.2015 9:20:08 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sanjaaaa!)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
29.9.2014 10:31:38   
Hopeful RR
Девојки, поттикната од прашањето на Loveable Me за исхрана при ивф, сакам да постирам нешто што најдов на нет во однос на тоа каква храна се препорачува:

Брокула, јагоди, овес, банана, бразилски ореви, суви смокви, лосос, домати, боровинки, спанаќ, свеж сок од портокал, инчуни, чадена пастрмка, пченични никулци, јогурт со ниска масленост, леб од целозрнести житарки, интегрален ориз, ананас, кељ, семе од тиква и сончоглед, зелја, манго, слатки компири, диња, ореви, калинка, јајца, хумус, пилешко.

Дополнително, покрај месни протеини, се препорачуваат и вегетаријански протеини: леќа, грав, боранија, просо, хељда, киноа, чиа семе и грашок.

Пријатен апетит user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sanjaaaa!)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
29.9.2014 13:58:53   
Melanija RR
Ovesni snegulki ima vo Tineks i se 53 den se potopuvat vo vrela voda ili mleko,jogurt .M ovie gi jade pa pocnav i jas.Vo kombinacija so ovosje se super

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
29.9.2014 15:54:12   
kapina
D a za ovesot no ovesot prirodno sodrze gluten isto I rzta I pcenicata ne treba da se preteruva so niv brazilski orevcinja se jadat najmnogu po tri na den oti gi zadovoluvat dnevnite potrebi na selen ananas treba da se jade do et oti posle mozel da predizvika kontrakcii.

I puter od kikiriki dobar bil za implantacija na embrionite oti sodrze antioksidansi jadam I kefir oti ima folna kiselina a inaku I jacmenot ima prirodno gluten. cimetot isto e dobar za plodnost kokosot sodrze l arginin.


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.2.2015 9:20:45 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Важни совети кога сте во IUI/IVF/ICSI
30.9.2014 9:54:51   
Kvisko
Овесто не содржи глутен. Може да е контаминиран со глутен во процесто на обработка инаку овес не содржи глутен. Исто така пченка не содржи глутен. Сите други житарки содржат глутен.

За оние што сакаат да одбегнат исхранха со јаглехидрати нека побараат палео диета (LCHF диета, cave man diet). Во тој пристап се лимитира внесот на јаглехидрати дури и леб се пече од брашно од бадеми, семки и од кокосово брашно.
Со среќа и со лесно.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?