|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14 - 18.04.2014) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Купи куќа, купи стан
5.8.2011 15:55:34   
zapce
Здраво рингерајки не сакам ова да испадне како некој пропагнда  и величење на владата.
Оваа тема ја отварам по повод најавениот проект на Владата на РМ „Купи куќа, купи стан“ според кој млади брачни парови чии лични примања не надминувале над 900 евра можат да дојдат до стан, со ниски камати и со долгорочни плакања. Е сега малку заслушав од тоа што се зборуваше на ТВ и не ми е јасно, па овде можеме да споделиме информации ако некој е запознат како ќе оди постапката, потребни документи за аплицирање, кој поднел, кој е во исчекување ако можеме да се информираме и да си помогнеме -на  сите кои се заинтерсирани околу тоа.

< Поракaта ја уредил zapce -- 5.8.2011 15:56:10 >


_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Купи куќа, купи стан
5.8.2011 16:30:59   
majmunce
i jas sum zainteresirana za ovaa rabota sakam da znam kako odat rabotite, so se slucuva tocno neznam samo slusam ama sakam da znam koi se sansite. A stoa ako nemame primanja kako bi aplicirale za kredit, ako zemamae 6000 plata i ne sme prijaveni kako ke ni dadat kredit i plus kolkav bi bil iznosot sto bi ni go odobrile. Snosti go slusav Bisev velese ako se dogovorat so vladata mozni se niski kamati ama
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Ajde koj znae ili planira da aplicira neka pisi

_____________________________

И кога ти е најтешко не покажувај слабост. Има лоши луѓе кои од рушевините на твојата среќа ќе изградат споменик на нивната победа!

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Купи куќа, купи стан
5.8.2011 16:38:52   
kuklica
nemam nisto protiv nasava vlada bas naprotiv si ja obozavamuser posted image ali ovaa rabota(kako i mnogu drugi) e mizi da te lazam user posted image
tie stanovi ne deka ne ke se podelat , ke se podelat ama ke si zemat onie sto se bliski do partijata ili samite funkcioneri a ne onie na koi stvarno im se potrebni
za zal toa e tradicija na Makedonija i daj boze ovaj pat da se preskokne tradicijata ama neznamuser posted image

(Одговор на членот majmunce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Купи куќа, купи стан
6.8.2011 1:26:08   
Maca25
Како што чув на вести, уште ништо не е сигурно, треба да склучат договори со банките која да биде најповолната стапка и за граѓаните, а и банките да профитираат. Мислам дека се уште нема никакво аплицирање, дека се е само план.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот kuklica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Купи куќа, купи стан
6.8.2011 17:40:35   
Snowhite RR
Ако биди нешто од ова, тогаш алал да му е ќе речам, па 80% од младите брачни парови се со нерешено станбено прашање, а со ниски плати или невработени, редно е да им се дадат станови со ниски каматни стапки. Само да не се распределат како што рече кукличка на „нивните“.


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Купи куќа, купи стан
6.8.2011 18:16:24   
AnnaMolly RR
Ние сме во план да аплицираме за ова, и така планиравме да земеме станбен кредит и да си купиме станче. Само ќе почекам да излезат конечните услови, па ќе одлучиме. Сестра ми е новинарка и ми го кажа следново.

Условите се:
1. млад брачен пар којшто нема имот на нивно име
2. да не земаат повеќе од 900 евра плата заедно
3. родителите да немаат повеќе од два имоти на нивно име

И има две опции. Првата е владата да покрие 50 % од учеството за стан/куќа или првите три години да се плаќа ратата 50-50 со владата. Кредитот треба да биде на најмалку 20 години исплата.



_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Купи куќа, купи стан
6.8.2011 21:16:55   
mama26
ustvari u prevod bi doslo ;kupi ' kuka ili stan user posted image

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Купи куќа, купи стан
6.8.2011 21:22:55   
Палешка РР
Ова не важи за стар брачен пар? user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Купи куќа, купи стан
6.8.2011 21:56:20   
Gari68
Подробностите околу законот сеуште не се донесени така да сеуште не се ни примаат апликации.колку што го разбрав јас Груевски апликантите прво треба да ги исполнат условите на банките па потоа ке аплицираат кај владата за помош.И во првиот ,и во вториот случај на помош од владата по моја груба пресметка испаѓа дека таа ќе финансира околу 10% од вредноста на станот или куќата.Значи ако станот вреди 30 000 евра владата ќе даде 3000 евра другите 27000 плус каматата пак ќе ги дава апликантот.Значи без месечни примања над 300евра не ни помислувајте на овој законм а не пак да сте невработени или со плата од 100евра

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Купи куќа, купи стан
6.8.2011 23:04:20   
majmunce
тоа ни иди тој со зема плата ке си купи и онака кој нема секогаш ке нема

_____________________________

И кога ти е најтешко не покажувај слабост. Има лоши луѓе кои од рушевините на твојата среќа ќе изградат споменик на нивната победа!

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Купи куќа, купи стан
7.8.2011 0:28:22   
blue_blue
Ja obozavam znaci vladava.....moze li da mi objasnat sto e za niv "mlad bracen par"? Godini na bracnite drugari ili kolku godini si vo brak? I kako ja izmislija granicava na primanja od 900 eur? Abe nek ovozmozat oni normalna ekonomija u drzavava, pa sami ke si kupuvame stanovi bidejki ke budeme finansiski mokni...uste edno nerazumno trosenje pari na kampanji i na povrsno i momentalno mackanje oci na nepismeniov ni narod...daj boze da gresam...

(Одговор на членот majmunce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Купи куќа, купи стан
7.8.2011 0:39:35   
srcence_25
Poradi ova go rusat KOSMOS na Canoski!

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Купи куќа, купи стан
22.8.2011 10:19:33   
Maca25
Баш вчера, советничка во едно од министерствата наши ми кажа дека проектот купи куќа купи стан започнал во ноември (мин. година)user posted image малце не ми беше јасно ова како почнал во ноември кога се беше објавено пред јавноста тек за време на изборите user posted image таа ми вика: ако планираш да аплицираш, побрзо распрашај се што докум. ти требаат, имало многу пријавени.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот srcence_25)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Купи куќа, купи стан
22.8.2011 10:38:57   
arh_diz
I na mene mi go kaza eden drugar toa, veke apliciral no seuste odgovor nema dobieno

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Купи куќа, купи стан
2.9.2011 16:35:35   
денвер
aj ako znae nekoj od tie sto aplicirale sto dokumenti se potrebni neka pisi

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Купи куќа, купи стан
3.9.2011 0:50:17   
mmilena2
jas ja pronajdov ovaa informacija:
 
Почитувани граѓани!
 
Задоволство ни е да ве информираме дека Владата на Република Македонија преку Министерството за финансии, во следните 4 години ќе реализира два проекти со цел да им помогне на граѓаните на кои не им е решено станбеното прашање и немаат сопствен дом и живеалиште. Двата проекти се:

1.   Пола-пола рата за првите пет години и
2.   50% учество за купување стан односно изградба на куќа.



1.  Пола-пола рата за првите пет години
Со првиот проект е предвидено субвенционирање на половина од месечната рата од станбен кредит за првите 5 години од отплатата на кредитот.
Услови за користење на субвенциониран кредит се:
  • Максималниот износ на кредитот наменет за купување на стан или за изградба на куќа кој што ќе биде субвенциониран е 50.000 евра во денарска противвредност. Доколку кредитот е поголем од 50.000 евра, субвенционирањето нема да се однесува за износот што ја надминува оваа сума.
  • Рокот за враќање на кредитот не смее да биде пократок од 20 години.
  • Каматата на кредитот во првите 3 години не смее да биде поголема од 4,99% годишно. Доколку каматата е повисока од овој износ, корисникот на кредитот го сноси износот над субвенционираната камата од сопствени средства.
  • Продажната цена на станот со пресметан ДДВ не смее да надминува 900 евра за квадратен метар корисна нето-површина.
  • Средствата за субвенционирање на пола-пола рата се неповратни, што значи, по завршувањето на периодот во кој државата плаќа половина од ратата на станбениот кредит, корисникот нема обврска истите да ги врати.

2.   50% учество за купување стан односно изградба на куќа
Законот за субвенционирање на станбени кредити со вториот проект овозможува државата да плати 50% од учеството во кредитот за купување стан односно изградба на куќа, при што:
  • Максималниот износ на кредитот наменет за купување на стан или изградба на куќа, кој што ќе биде субвенциониран е 50.000 евра. Доколку кредитот е поголем од 50.000 евра, субвенционирањето нема да се однесува за износот што ја надминува оваа сума.
  • Се субвенционира половина од учеството за кредитот, кое не смее да надминува 25% од кредитот за целиот стан односно куќа. Останатите 50% од учеството ќе ги обезбеди корисникот на кредитот. Така, доколку кредитот изнесува 50.000 евра, во денарска противвредност, максималното учество за него би изнесувало околу 12.500 евра, од кои половината или 6.250 евра, ќе ги обезбеди државата.
  • Рокот на отплата не може да е пократок од 20 години.
  • Каматната стапка треба да е пониска од 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени.
  • Ако се работи за кредит за купување на стан, продажната цена со пресметан ДДВ не смее да надминува 900 евра за квадратен метар корисна нето-површина.
  • Средствата обезбедени од Буџетот на Република Македонија корисниците ќе почнат да ги враќаат по 20 години, без камата, на 5 еднакви годишни рати.

Барање за користење на субвенциониран кредит се поднесува до деловната банка, која ја проценува и одлучува за кредитната способност на барателот. Условите кои треба да ги исполни барателот за субвенциониран кредит се:
    • Да нема во негова сопственост, заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар, стан односно куќа, или во сопственост да има само еден стан или една куќа која ја продава заради купување на поголем стан, односно куќа за потребите на сопственото домување,
    • Лицето или неговиот брачен другар да нема подигнато друг станбен кредит,
    • Заедничката заработувачка заедно со брачниот другар да не надминува нето износ од 900 евра месечно, во денарска противвредност,
    • Станот кој се купува односно куќата која се гради да е новоградба со сета потребна документација (имотен лист, дозволи и одобренија за градба),
    • Да се купи директно од инвеститорот или од изведувачот на станбениот објект.

Проектите ќе се реализираат во соработка со банките, а при склучувањето на договор со нив, посебно ќе се предвиди:
  • Забрана за давање на недвижноста под закуп (кирија),
  • Забрана за дополнително оптоварување на недвижноста со хипотека,
  • Обврска за пријавување на местото на живеење на адреса на новиот стан односно куќа во рок од 15 месеци од денот на склучување на купопродажниот договор.

Барањата за субвенционирани кредити ќе можат да се поднесуваат по отпочнување со примена на Законот за субвенционирање на станбени кредити, односно од 1 Јануари 2012 година, од кога ќе почнат да се одобруваат и средствата за субвенционирани кредити. Министерството за финансии ќе објави јавен повик, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани преку средствата за јавно информирање.

Со овие мерки и натаму ја потврдуваме нашата посветеност и целосната поддршка кон решавање на проблемите од вашето секојдневие, подобрување на животниот стандард и подобра иднина на сите граѓани на Република Македонија.





Предлог закон за субвенционирање на станбени кредити
 

< Поракaта ја уредил mmilena2 -- 3.9.2011 0:51:06 >

(Одговор на членот денвер)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Купи куќа, купи стан
3.9.2011 14:59:40   
денвер
da i jas go najdov ova ama me zbunija tuka zenskive deka veke imalo nekoj sto aplicirale zatoa prasav

(Одговор на членот mmilena2)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Купи куќа, купи стан
3.9.2011 22:53:46   
Maca25
можеби тие што аплицирале, аплицирале за становите за млади брачни парови?!?! 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот денвер)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Купи куќа, купи стан
3.1.2012 15:07:40   
zapce
Проектот „Купи куќа, купи стан“ почнува со практична реализација.Договорите беа потпишани од  вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески со директорите на банките учеснички во проектот - НЛБ Тутунска, Стопанска банка - Скопје, Охридска банка, Шпаркасе, Прокредит банка, Алфа банка, ТТК банка и Стопанска банка - Битола.
Преку проектот може да се земе кредит за нов стан или изградба на куќа. Има две варијанти. Со едната „пола-пола рата“ Владата неповратно ќе обезбеди средства за половина од месечната рата од станбениот кредит во првите пет години. Со вториот модел „пола учество“ државата ќе плати 50 отсто од учеството за кредитот. Кај првиот модел каматата во првите пет години е 4,99 отсто за првите три и 5,5 отсто за следните две години.   Условите кои треба да се исполнат од граѓаните кои сакаат да го користат првиот или вториот модел се исти, односно кредитот да не биде поголем од 50.000 евра со рок на отплата од 20 години, да немаат приходи над 900 евра, а вредноста на станот или куќата да не биде поголема од 900 евра за метар квадратен.   Од понеделник Министерството за финансии ќе почне со објава во медиумите со која ќе се информираат граѓаните за постапката на аплицирање за учество во проектот. Доставувањето на апликациите во осумте банки ќе може граѓаните да ги поднесуваат од 25 јануари. Првите кредити од страна на деловните банки се очекува да бидат одобрени до крајот на март идната година.  

_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Купи куќа, купи стан
21.11.2014 10:49:35   
Dilina
Мајки има ли некоја што размислува или аплицирала за понудава? Ние многу се мислиме. Ама не ми се јасни некои работи.. на страните на банките пишува дека треба да оставиш хипотека од 133% на пример, а на официјалната страна на кккс пишува дека нетреба да имаш никаков недвижен имот на свое име? Не ми е јасно ич. Ај 100% од вредноста е самиот стан на пример. А другите 33?

Сега има и намалена камата па многу ме интересира дали има некој што поднасал документи, или некој што ја искористил оваа понуда?

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Купи куќа, купи стан
21.11.2014 10:58:19   
AneLav RR
Ние со сопругот сакавме да земеме за голем стан, ама пријателите од банката ни рекоа дека проектов е буквално:
„КУПИ КУЌА; ПРОДАЈ СТАН“user posted image Па се предомисливме.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Купи куќа, купи стан
21.11.2014 10:59:31   
Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Ние со сопругот сакавме да земеме за голем стан, ама пријателите од банката ни рекоа дека проектов е буквално:
„КУПИ КУЌА; ПРОДАЈ СТАН“user posted image Па се предомисливме.


Да, за ова знам дека ако имаш стан мораш да го продаваш со цел да се земе нели поголем.. ама ако немаш ништо на свое име?

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Купи куќа, купи стан
21.11.2014 11:04:22   
AneLav RR
Немаме ни ние на наше име ништо. Мислам куќава на мм е ама сеуште не му е препишана. Така што не му се допаднаа условите. Му рекоа дури повеќе се исплати кредит од банката да си земеш.

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 21.11.2014 11:05:02 >


_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Купи куќа, купи стан
21.11.2014 13:05:34   
Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Немаме ни ние на наше име ништо. Мислам куќава на мм е ама сеуште не му е препишана. Така што не му се допаднаа условите. Му рекоа дури повеќе се исплати кредит од банката да си земеш.


Многу се контрадикторни.. од банка бараат хипотека, а која хипотека? од држава бараат да немаш имот... е ај сеа. Значи како што викаш баш така е КУПИ КУЌА ПРОДАЈ СТАН :D

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Купи куќа, купи стан
21.11.2014 21:50:51   
tincule
Јас наискрено исто се размислував за ова ама условите им се двосмислени и контрадикторни, па си се предомислив што викаш поубаво кредит од банка земи си, јас некако и страв ми е бре еј овие какви се утре и стан ќе ти земат државни пари се на крај краева не знам стварно. Ама условите не ми се допаѓаат и некако има многу глупави работи со подавањето документи и што како ти треба.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste tip sto ogovara?

Da (0%)

Ne (0%)

Ponekogas (100%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!