Hopeful RR
		   
		
		   
		  
		   
		 | 
	  
		
		
		 Девојки, со среќа бременостите и не се замарајте за тоа што не ви се најсреќен и најлесен период од животот     Во нашава околина постои некое мислење и општо очекување дека кога бременоста е најубавиот и најпријатниот дел од животот, и дека е уживање сама по себе, но тоа кај некои прави само поголем проблем, бидејќи едноставно, не сме сите исти и не може сите да уживаме во истите работи.       И јас имав таков притисок, потсвесно наметнат, дека ете, после се, треба да уживам и да се опуштам, ама никако не ми успеа во тоа, од прв до последен ден. Еден страв се заменува со друг, едни мисли со други, и едноставно, тоа е тоа. После некое време, решив дека нема да се оптоварувам со тоа и едноставно прифатив дека цела бременост ќе ми биде малтене во грч, и фала богу, се излезе ок. Пробајте да се олабавите колку можете, а ако не можете, big deal.       Во однос на исцедокот, нема потреба од терапија обично, бидејќи е нормален. Дабростон пиев и јас кога прокрварев од хематомот, плус Прогестерон за секој случај. Болките се исто така нормални, и само зголемете ја дозата Магнезиум     
			
								
			
			 
  _____________________________
  Обиди 2,5 години   HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)    2015           
				  	
		  
		  
		  
		 |