Anonimen
|
Незнам дали сум на вистинската тема за мојов пост,но навистина ми треба помош и извинете што ќе биде малку подолг постов,но ве молам прочитајте го и помогнете ми да се одлучам,зошто незнам што да мислам и правам. Вака,имам 30 години,две деца,живееме во заедница,имам високо образование и сум 7 години невработена. Мм работи веке 5 години и сега е на функција што може да потпомогне и јас да се вработам.Е сега проблемот е што живееме во помало место,каде невработеноста е главен проблем,па тој дојде како спасител,кој што може да помогне на многумина, а се работи за семејства од кои двајца се невработени,па едвај врзуваат крај со крај.Се надевам дека ме сваќате.Но ако јас се вработам пред нив да речеме за 5-6 месеци,ќе настане револт кај нив(а скоро сите се со средно образование),затоа што, така ние ќе бидеме и двајцата вработени.А не декапотоа нема пополека и ним да им помогне пополека да се вработат,ама ете...Па мм ми предлага да одиме на трето дете,па да се вработам за 2-3 години. Не велам дека не е во право,ама неможам да прифатам седење толку време дома,без работа,па и уште едно дете. Сакаме уште едно,планираме уште од поодамна,ама мојот услов беше ,прво да се вработам.А сега излезе вака. Ве молам за совет,однапред ви благодарам.Бацки до сите.
|