|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   марка на играчки
9.10.2009 10:06:07   
big_mama817
Дали на вашите деца им купувате играчки од одредена марка?

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 9.10.2009 10:07:11 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)
Revisions: 3 | Непосредна врска до пораките: 1
   RE: марка на играчки
9.10.2009 14:10:54   
mis.
Мојот син обожава колички и бедејќи тие што не се марка се скршени за неколку минути почнавме да купуваме марки како поквалитетни колички.Од бураго не сум задоволна бидејќи на сите му фали по некое тркало и цели се излупени.Најквалитетни се погодија оние од рамстор hotwels,оригинал колички од цртаниот Cars на Pixar,Matel.Ги имаше само во бисер во Немо но повеќе ги нема и ако знае некој кај ги има нека напише.Како квалитетни ги сметам и оние француските Majoret.Има и колички од пеиодот кога јас сум била дете на Matchboh.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: марка на играчки
9.10.2009 14:14:37   
profesorica
ние освен од Бураго немаме некоја марка.али количките си ги пази а се што е пластикарија крши user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: марка на играчки
9.10.2009 14:14:40   
alexandra
Обично гледам да не се кинески ама мислам на оние смрдените што мирисаат на пластика и нафталинuser posted image .Од музичките и купувам само од "wtech " преубави се а и покрај тоа музиката не е гласна и на некои од нив има регулатор на јачина на звукот башка и се покажаа како многу квалитетни.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: марка на играчки
9.10.2009 15:33:31   
mami
аууу, јас врска немам, можеби е смешно или глупаво- но никогаш не сум ја видела етикетата дали е ова или она...не ми е ни важно..ако ми се допаѓа играчката ја купувам, ако не- не и готово..е сега, ни на крај памет не ми пага да му купувам играчки што се многу скапи, ионака знамкако ке завршатuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот alexandra)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: марка на играчки
9.10.2009 15:34:12   
mami
е, ова заборавив- би дала пари само за Лего коцки, но за тоа има време барем уште 6-7 месециuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: марка на играчки
9.10.2009 15:42:25   
big_mama817
ние добивме лего коцки на поклон кога малиот имаше 6-7 месеци

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: марка на играчки
9.10.2009 15:45:39   
profesorica
сепак мислам дека не може да купуваме се што нам ни се допаѓа бидејќи има многу кинески-штетни играчки кои примамливо изгледаат.

лего коцки има Дамјан едни што се транформираат како камиони многу си игра со нив.има разни величини нели.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: марка на играчки
9.10.2009 15:51:38   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

аууу, јас врска немам, можеби е смешно или глупаво- но никогаш не сум ја видела етикетата дали е ова или она...не ми е ни важно..ако ми се допаѓа играчката ја купувам, ако не- не и готово..е сега, ни на крај памет не ми пага да му купувам играчки што се многу скапи, ионака знамкако ке завршатuser posted image user posted image user posted image


Пробај мами и купи квалитетна играчка, која кошта малку повеќе и е фирма да видиш дали ќе заврши исто како што мислиш. Ова го пишувам бидејќи гледам разлика во играчките на ќерка ми. Овде кога и купуваме играчки од продавница и се малку поскапи и траат долго и ретко која од нив се скршила или расипала иако таа има ист третман кон сите играчки. Играчките кои ги купуваме во МК и кои не се марка ни недела дена не издржуваат, ама квалитетот им е на нула ниво. Имаат само една позитивна страна што се евтини, ама џабе ниска цена кога уште не и се израдувало детето таа самата се распаѓа.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: марка на играчки
9.10.2009 16:18:56   
mis.
Ники потполно се согласувам со тебе.Додека немав деца и кога Мартин беше бебе и не ги кршеше играчите и јас размислував како мами но откако ја увидов разликата го сменив мислењето.Квалитетот си има своја цена само што треба да го препознаеме бидејќи на пазарот има и многу копии на марки и на оригинали.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: марка на играчки
10.10.2009 0:20:46   
Mamicka3
Кога се помали децата мислиме така, но кога ќе потпораснат вака или така ќе им најдат начин да ги скршат. Кај мене малиот кога беше помал ги чуваше све сме купувале Бурагу но потоа дали со штравцигер,клешта,клучиња ако не бива на крај ќе земеше чекан и ги кршеше.Па затоа и после и не му купувавме само ако некој му дојсеше.. Но секое дете си е различна приказна 

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: марка на играчки
10.10.2009 9:33:33   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mamicka3

Кога се помали децата мислиме така, но кога ќе потпораснат вака или така ќе им најдат начин да ги скршат. Кај мене малиот кога беше помал ги чуваше све сме купувале Бурагу но потоа дали со штравцигер,клешта,клучиња ако не бива на крај ќе земеше чекан и ги кршеше.Па затоа и после и не му купувавме само ако некој му дојсеше.. Но секое дете си е различна приказна 


Со ова никако неможам да се сложам прво и првенствено што неможам да сватам како детето може да дојде до клешти, штравцигери и чекани. Тоа се предмети кои не се безбедни за ниедно дете и несмее да им се дозволува да ги чепкаат, а не да кршат играчки со нив. Керка ми има скоро 3 години и уште во рака нема пипнато ништо од погоре наведеното и нема ни да пипка, алатот е за работа и се користи кога се работи, потоа се крева а не се остава децата да прават што сакаат со него. Не се децата различна приказна, туку родителите кои им дозволуваат. Неможе детето да диктира со родителот, ако тоа не му се дозволи.
Знам јас дека децата знаат да бидат многу упорни кога сакаат нешто, ама ние сме одговорни за нив и мора да има граници што се смее и што не.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: марка на играчки
14.10.2009 19:01:30   
ananikol
Go potpisuvam ova sto go napisa niki .
Pominaa dosta godini koga kupuvavme igracki  no znam deka ostanaa citavi samo onie od Chicco,pa potoa gi dadovme na kerkite od brat mi.
I sega koga ke dojdi red da kupime igracki za user posted image   prednost sekako na Chicco

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: марка на играчки
15.10.2009 7:42:13   
profesorica
да и јас се сложувам со ники дека ако сакаш да ги сочуваш треба да о протриеш џебот.освен што му поткупуваат бабите по некоја играчка има и доста наследено.еве свекрва ми има сочувано еден куп играчки од мм и од золва ми со кои Дамјан сега си играuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: марка на играчки
16.12.2009 23:52:51   
Еца
Заштитата од играчките е главен приоритет, а за да се осигурат дека нивните деца ќе го имаат надоброто искуство за време на празниците, потрошувачите треба да ја имаат на ум следната листа на совети при изборот на играчка:

* Прочитајте ги сите натписи на играчките. Земете ги в предвид препораките за возраст и безбедност околу играчката - и сфатете ги сериозно. Не купувајте играчки кои го немаат знакот ЦЕ на нив или на нивните опаковки. Иако овој знак не е наменет за потрошувачите, сепак тоа е знак од производителот дека производот е во согласност со сите релевантни и применливи европски стандарди за безбедност, кои се меѓу најригорозните во светот.
* Изберете играчка која е соодветна на возраста, знаењето и вештините на детето. Играчките кои не се наменети за точната возрасна група можат да бидат ризични за безбедноста на детето. Прочитајте ги и следете ги препораките за возраст - особено симболите од 0 до 3 (види десно) и зборовите "несоодветно за деца под 36 месеци". Ова е предупредување а не препорака.
* Не им давајте играчки со мали делчиња на деца помали од 3 години, бидејќи овие деца се склони да ги ставаат играчките во уста а малите делови се ризични. Осигурете се дека очите, носињата и други мали делови од играчките се цврсто прицврстени за нив.
* Внимателно следете ги инструкциите за правилно составување на играчките и употреба. Чувајте ги инструкциите кои се во кутијата на сигурно место.
* Секогаш купувајте играчки од познати производители или преку интернет.
Познатите производители се грижат за своите производи и обично дозволуваат да ги вратите. Лажните трговци не ги почитуваат релевантните стандарди за здравје и безбедност, а може и да фалсификуваат играчките. Особено внимание треба да им се обрати на играчките купени онлајн, играчките кои се подарени и оние кои се купени на старо.
* Внимавајте на децата додека си играат - осигурете се дека со сите играчки се игра како што е препорачано и дека тие се соодветни за возраста и способностите на вашето дете. Со некои играчки - како на пример скутер, ролерки или велосипед - секогаш се носи кацига и безбедносна опрема.
* Повремено прегледувајте ги играчките дали се скршени или дали има други ризици по здравјето и безбедноста на детето. Отстранете ги скршените играчки веднаш.
* Осигурете се дека играките кои се наменети за постари деца нема да дојдат до рацете на деца помали од 36 месеци, бидејќи може да содржат мали делови.
* Отстранете ги и фрлете ги (рециклирајте доколку е можно) сите опаковки, вклучувајќи ги и пластичните кеси, картонски кутии и хартија (но секогаш задржете ги инструкциитеч). Осигурете се малите деца да не си играат со пластични кеси поради ризикот од задушување. Обрнете внимание и да ги рециклирате батериите безбедно.
* Научете ги вашите деца да си ги прибираат играчките за да се избегнат несреќи. Не ги оставајте играчките на скалите или на подот каде се поминува често.
* Секогаш известете го производителот или вашите јавни власти доколку вие или вашето дете наидете на проблем со некоја играчка. Не двоумете се да се консултирате со веб страната на системот за брзо алармирање на ЕУ (РАПЕКС) хттп ://ец.еуропа.еу/рапеџ. Овде има детали за опасните продукти кои се отстранети од пазарот во вашата замја, вклучувајќи ги и играчките.
* Запомнете ги овие совети во текот на целата година а не само за Божиќ.

извор: ВЕСТ


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: марка на играчки
17.12.2009 0:39:21   
Боцко
user posted image user posted image user posted image
одлична информација. супер совети.
инаку, на играчки внимаваме. знам дека и голем дел од познатите брендови се прават во кина, но се надевам дека контролата е построга и стандардите се почитуваат. затоа и купуваме квалитетно. обично јас од пат носам интересни работи. најмногу лего. но, и во грчки џамбо има купишта кинески глупости за евтини пари.
човек освен што треба да се замисли за ефектот кој играчката ќе го постигне кај неговото дете, треба да чита и етикети. и, да, цената обично кажува се за потеклото...user posted image

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: марка на играчки
17.12.2009 12:19:18   
mother 29
не гледам на марка,купувам се што ми се допага и мислам дека ке го интересира или пак ако сме заедно тој си бираuser posted image

нема навика да стави ништо во уста од играчки , а и ептен многу си игра со новите играчки....цели 2 саатиuser posted image  така да исто ми се фака дали се марка или не!

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: марка на играчки
23.12.2009 23:52:59   
Еца
еве еден текст кој треба многу внимателно да се прочита, затоа сум да се подаруваат книги, а не играчки

"ВНИМАТЕЛНО СО НОВОГОДИШНИТЕ ПОДАРОЦИ ЗА ДЕЦАТА
Отров спакуван во играчките
Колку се безбедни и испитани играчките кои стојат под новогодишните елки сега пред празниците кога родителите, бабите и дедовците, тетките и чичковците обврзано се во потрага по подарок за децата? Деновиве од Европската унија апелираа до државите да го засилат надзорот пред божикните празници и ги повикаа родителите внимателно да ги проверуваат играчките при купувањето. Ова барање, пред се, се однесува на озлогласените кинески играчки, кои редовно се на врвот на црните листи на ЕУ, откако во изминатите години имаше многу скандали каде што беа откривани кинески играчки што содржат олово и кадиум.
Од Републичкиот завод за здравствена заштита ни рекоа дека ги испитуваат сите играчки кои се увезуваат вклучувајќи ги и кинеските, но резултатите што ги добиваат му ги реферираат единствено на Државниот санитарен инспекторат, кој понатаму спроведува мерки, дали ќе се повлече стоката или не. Од Државниот санитарен инспекторат вчера не можевме да добиеме информација. Но, надлежните во земјава, во принцип, не ја предупредуваат јавноста кога се сомневаат дека некој производ е штетен по здравјето, па дури ни откако сомневањата ќе се потврдат, како во некои земји. Купувачите се оставени сами да просудат при купување на производите што им се сомнителни, па дури и кога станува збор за она што доаѓа во непосреден допир со најчувствителниот дел од популацијата, децата. - Кинеските играчки имаат одвратен мирис како на нафта или нафталин, што никако не поминува. Не купувам такви играчки, затоа што детето ги става играчките и во уста, но од друга страна, пак, не можеме секогаш да го купиме оригиналниот производ кој е многу скап. Во Солун минатата недела не можев да си дозволам да купам оригинал барбика од 50 евра. Потоа во популарната продавница „Џамбо“ во околината на Солун купив барбика за 10 евра - вели еден родител.
Од компанијата „Теа колорс“, увозник на детски играчки, велат дека сега 99 отсто од играчките се произведуваат во Кина, но потенцираат дека треба да се разликуваат играчките кои се произведени од светски брендови кои производството го селат во Кина поради евтината работна сила.
- Големите брендови од Европа и Америка отвораат таму свои фабрики и под строго контролирани услови ги произведуваат играчките. Нивните производи треба да се разликуваат од оние сомнителните кои се произведуваат како фалсификати од кинески компании. Тие се и многу поевтини. Како пример можат да послужат, најновиот хит, играчките „бакуган“, кои ние ги увезуваме. Најевтините од овие играчки се од 200 денари, но се сигурни и совршено се изработени. Но, веднаш на пазарот се појавија и фалсификати кои чинат 50 денари. Тоа е топче кое внатре има магнет и при тркалање се отвора и од него излегува чудовиште. Тие кои не се оригинали, се растураат по пет дена и плус магнетчето во нив се гледа, детето може и да го проголта - вели Виолета Трајковска од „Теа колорс“.
Таа вели дека за секоја играчка која ја увезуваат има сертификат од по 20 страници од компанијата во која детално се наведува од кои материјали е составена играчката и во колку проценти се застапени, а потоа нашите санитарни служби дополнително земаат примерок од секоја играчка и ја испитуваат. Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачите вели дека никој досега не се пожалил на опасните кинески играчки, но потенцира дека луѓето не можат да знаат дали во нив има отровни елементи или се штетни. - Тоа е работа на санитарните служби кои треба да испитуваат - вели Тасевска.

Кукли полнети со валкана амбалажа од фаст фуд

Индустриски отпад, вклучувајќи валкани ткаенини, хартија и искористени пакувања за брза храна се дел од материјалите со кои се полнеле некои евтини играчки произведени во Кина, известија неодамна кинеските медиуми.
Според кинеските медиуми, кадифените играчки со бактерии или вируси во нив може да предизвикаат надразнувања кај децата, па дури и посериозни болести.
Податоците за минатата година кажуваат дека над 20 милиони играчки произведени во Кина се повлечени од пазарот затоа што не биле комплетно безбедни за користење. Европската комисија соопшти дека над 50 отсто од опасните производи се со потекло од Кина."извор; Време



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: марка на играчки
23.12.2009 23:56:19   
mis.
Е оваа за бакуганот има право.Мартин има бакуган од 200 но има и од 50 денари и навистина тие поскапите уште му се здрави а тие ефтините се скршија цели и ги фрлив.Подобро една скапа отколку многу а ефтини играчки.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: марка на играчки
24.12.2009 0:04:05   
Еца
Ма тоа бакуганот колку ме нервира, па и ова што бидна работава само агресија, насилство се презентира во цртаните и играчките. Им го перат мозокот на децата со глупости. Па има ли некој да каже СТОП  на ваквите глупости. А детето не можеш да го одвоиш од надворешниот свет и играта со другарчињата и колку и да и бранам да ги гледа тие глупости, надвор ги има во изобилие.


< Поракaта ја уредил Еца -- 24.12.2009 0:05:31 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: марка на играчки
24.12.2009 0:10:54   
mis.
На роденден што му донесоа играчки се бен10 и бакугани.Ги имаме за извоз.Но тој е пресреќен само за бакугани зборува со другарите и што да му правиш нема да го делиш мора да ги следи трендовите user posted image Едно некого другарче од градинка носел бакуган тој го виде и кога кажа и тој сака ај сопри го.Не му купив а на крај на роденден неможам да ги избројам само колку се.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: марка на играчки
24.12.2009 0:16:28   
Еца
Тоа и јас велам дома ќе му забраниш да ги гледа тие цртани, нема да му купиш играчка, ама надворuser posted image значи медиумите имаат и те како големо влијание во нашето секојдневие и воспитување на децата, само што веќе никој не го интересира што ќе пушти да гледаат деца, нормално и со какви играчки да си играат, туку го интересира што повеќе пари да смести во својот џебuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: марка на играчки
24.12.2009 1:00:39   
Викторија
povejceto igracki stose logicki nise od Fisher Price najvece za Simona gi zemame a drugite dane preteram ama site nise za poklon dadeniuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: марка на играчки
10.12.2010 12:09:14   
big_mama817
дали некој има информаци за играчките од теа колорс мислам дека се вика

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Викторија)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: марка на играчки
7.2.2011 23:48:41   
Maca25
Гледам дека поскапите играчки кои ги има Нина (на пр. на Fisher Price, Chicco) се уште читави и работат со првите батерии, додека оние `пазарџиските`купени за 100-200 денари после еден месец или се искршени или не функционираат веќе. Ние гледаме да и купиме убави играчки на Нина, но во последно време купуваме тоа што таа сака и и се допаѓа. На пр. денес на пазар, си купуваме овошје и зеленчук, кога детево почна да ми станува од количка и бараше да ја однесам на тезгата кај играчките. Кога се фати за една пластична топка што се шири кога ќе ја фрлиш во воздух, и не ја пушта и морав да ја купам. Цел ден не ја испушти од раце. Дури со неа и заспа. А не вреди ни за 10 денари, ама и се свиѓа.



_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?