марка на играчки (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


big_mama817 -> марка на играчки (9.10.2009 10:06:07)

Дали на вашите деца им купувате играчки од одредена марка?




mis. -> RE: марка на играчки (9.10.2009 14:10:54)

Мојот син обожава колички и бедејќи тие што не се марка се скршени за неколку минути почнавме да купуваме марки како поквалитетни колички.Од бураго не сум задоволна бидејќи на сите му фали по некое тркало и цели се излупени.Најквалитетни се погодија оние од рамстор hotwels,оригинал колички од цртаниот Cars на Pixar,Matel.Ги имаше само во бисер во Немо но повеќе ги нема и ако знае некој кај ги има нека напише.Како квалитетни ги сметам и оние француските Majoret.Има и колички од пеиодот кога јас сум била дете на Matchboh.




profesorica -> RE: марка на играчки (9.10.2009 14:14:37)

ние освен од Бураго немаме некоја марка.али количките си ги пази а се што е пластикарија крши [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




alexandra -> RE: марка на играчки (9.10.2009 14:14:40)

Обично гледам да не се кинески ама мислам на оние смрдените што мирисаат на пластика и нафталин[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].Од музичките и купувам само од "wtech " преубави се а и покрај тоа музиката не е гласна и на некои од нив има регулатор на јачина на звукот башка и се покажаа како многу квалитетни.




mami -> RE: марка на играчки (9.10.2009 15:33:31)

аууу, јас врска немам, можеби е смешно или глупаво- но никогаш не сум ја видела етикетата дали е ова или она...не ми е ни важно..ако ми се допаѓа играчката ја купувам, ако не- не и готово..е сега, ни на крај памет не ми пага да му купувам играчки што се многу скапи, ионака знамкако ке завршат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mami -> RE: марка на играчки (9.10.2009 15:34:12)

е, ова заборавив- би дала пари само за Лего коцки, но за тоа има време барем уште 6-7 месеци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




big_mama817 -> RE: марка на играчки (9.10.2009 15:42:25)

ние добивме лего коцки на поклон кога малиот имаше 6-7 месеци




profesorica -> RE: марка на играчки (9.10.2009 15:45:39)

сепак мислам дека не може да купуваме се што нам ни се допаѓа бидејќи има многу кинески-штетни играчки кои примамливо изгледаат.

лего коцки има Дамјан едни што се транформираат како камиони многу си игра со нив.има разни величини нели.




niki -> RE: марка на играчки (9.10.2009 15:51:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

аууу, јас врска немам, можеби е смешно или глупаво- но никогаш не сум ја видела етикетата дали е ова или она...не ми е ни важно..ако ми се допаѓа играчката ја купувам, ако не- не и готово..е сега, ни на крај памет не ми пага да му купувам играчки што се многу скапи, ионака знамкако ке завршат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


Пробај мами и купи квалитетна играчка, која кошта малку повеќе и е фирма да видиш дали ќе заврши исто како што мислиш. Ова го пишувам бидејќи гледам разлика во играчките на ќерка ми. Овде кога и купуваме играчки од продавница и се малку поскапи и траат долго и ретко која од нив се скршила или расипала иако таа има ист третман кон сите играчки. Играчките кои ги купуваме во МК и кои не се марка ни недела дена не издржуваат, ама квалитетот им е на нула ниво. Имаат само една позитивна страна што се евтини, ама џабе ниска цена кога уште не и се израдувало детето таа самата се распаѓа.




mis. -> RE: марка на играчки (9.10.2009 16:18:56)

Ники потполно се согласувам со тебе.Додека немав деца и кога Мартин беше бебе и не ги кршеше играчите и јас размислував како мами но откако ја увидов разликата го сменив мислењето.Квалитетот си има своја цена само што треба да го препознаеме бидејќи на пазарот има и многу копии на марки и на оригинали.




Mamicka3 -> RE: марка на играчки (10.10.2009 0:20:46)

Кога се помали децата мислиме така, но кога ќе потпораснат вака или така ќе им најдат начин да ги скршат. Кај мене малиот кога беше помал ги чуваше све сме купувале Бурагу но потоа дали со штравцигер,клешта,клучиња ако не бива на крај ќе земеше чекан и ги кршеше.Па затоа и после и не му купувавме само ако некој му дојсеше.. Но секое дете си е различна приказна 




niki -> RE: марка на играчки (10.10.2009 9:33:33)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mamicka3

Кога се помали децата мислиме така, но кога ќе потпораснат вака или така ќе им најдат начин да ги скршат. Кај мене малиот кога беше помал ги чуваше све сме купувале Бурагу но потоа дали со штравцигер,клешта,клучиња ако не бива на крај ќе земеше чекан и ги кршеше.Па затоа и после и не му купувавме само ако некој му дојсеше.. Но секое дете си е различна приказна 


Со ова никако неможам да се сложам прво и првенствено што неможам да сватам како детето може да дојде до клешти, штравцигери и чекани. Тоа се предмети кои не се безбедни за ниедно дете и несмее да им се дозволува да ги чепкаат, а не да кршат играчки со нив. Керка ми има скоро 3 години и уште во рака нема пипнато ништо од погоре наведеното и нема ни да пипка, алатот е за работа и се користи кога се работи, потоа се крева а не се остава децата да прават што сакаат со него. Не се децата различна приказна, туку родителите кои им дозволуваат. Неможе детето да диктира со родителот, ако тоа не му се дозволи.
Знам јас дека децата знаат да бидат многу упорни кога сакаат нешто, ама ние сме одговорни за нив и мора да има граници што се смее и што не.




ananikol -> RE: марка на играчки (14.10.2009 19:01:30)

Go potpisuvam ova sto go napisa niki .
Pominaa dosta godini koga kupuvavme igracki  no znam deka ostanaa citavi samo onie od Chicco,pa potoa gi dadovme na kerkite od brat mi.
I sega koga ke dojdi red da kupime igracki za [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]  prednost sekako na Chicco




profesorica -> RE: марка на играчки (15.10.2009 7:42:13)

да и јас се сложувам со ники дека ако сакаш да ги сочуваш треба да о протриеш џебот.освен што му поткупуваат бабите по некоја играчка има и доста наследено.еве свекрва ми има сочувано еден куп играчки од мм и од золва ми со кои Дамјан сега си игра[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Еца -> RE: марка на играчки (16.12.2009 23:52:51)

Заштитата од играчките е главен приоритет, а за да се осигурат дека нивните деца ќе го имаат надоброто искуство за време на празниците, потрошувачите треба да ја имаат на ум следната листа на совети при изборот на играчка:

* Прочитајте ги сите натписи на играчките. Земете ги в предвид препораките за возраст и безбедност околу играчката - и сфатете ги сериозно. Не купувајте играчки кои го немаат знакот ЦЕ на нив или на нивните опаковки. Иако овој знак не е наменет за потрошувачите, сепак тоа е знак од производителот дека производот е во согласност со сите релевантни и применливи европски стандарди за безбедност, кои се меѓу најригорозните во светот.
* Изберете играчка која е соодветна на возраста, знаењето и вештините на детето. Играчките кои не се наменети за точната возрасна група можат да бидат ризични за безбедноста на детето. Прочитајте ги и следете ги препораките за возраст - особено симболите од 0 до 3 (види десно) и зборовите "несоодветно за деца под 36 месеци". Ова е предупредување а не препорака.
* Не им давајте играчки со мали делчиња на деца помали од 3 години, бидејќи овие деца се склони да ги ставаат играчките во уста а малите делови се ризични. Осигурете се дека очите, носињата и други мали делови од играчките се цврсто прицврстени за нив.
* Внимателно следете ги инструкциите за правилно составување на играчките и употреба. Чувајте ги инструкциите кои се во кутијата на сигурно место.
* Секогаш купувајте играчки од познати производители или преку интернет.
Познатите производители се грижат за своите производи и обично дозволуваат да ги вратите. Лажните трговци не ги почитуваат релевантните стандарди за здравје и безбедност, а може и да фалсификуваат играчките. Особено внимание треба да им се обрати на играчките купени онлајн, играчките кои се подарени и оние кои се купени на старо.
* Внимавајте на децата додека си играат - осигурете се дека со сите играчки се игра како што е препорачано и дека тие се соодветни за возраста и способностите на вашето дете. Со некои играчки - како на пример скутер, ролерки или велосипед - секогаш се носи кацига и безбедносна опрема.
* Повремено прегледувајте ги играчките дали се скршени или дали има други ризици по здравјето и безбедноста на детето. Отстранете ги скршените играчки веднаш.
* Осигурете се дека играките кои се наменети за постари деца нема да дојдат до рацете на деца помали од 36 месеци, бидејќи може да содржат мали делови.
* Отстранете ги и фрлете ги (рециклирајте доколку е можно) сите опаковки, вклучувајќи ги и пластичните кеси, картонски кутии и хартија (но секогаш задржете ги инструкциитеч). Осигурете се малите деца да не си играат со пластични кеси поради ризикот од задушување. Обрнете внимание и да ги рециклирате батериите безбедно.
* Научете ги вашите деца да си ги прибираат играчките за да се избегнат несреќи. Не ги оставајте играчките на скалите или на подот каде се поминува често.
* Секогаш известете го производителот или вашите јавни власти доколку вие или вашето дете наидете на проблем со некоја играчка. Не двоумете се да се консултирате со веб страната на системот за брзо алармирање на ЕУ (РАПЕКС) хттп ://ец.еуропа.еу/рапеџ. Овде има детали за опасните продукти кои се отстранети од пазарот во вашата замја, вклучувајќи ги и играчките.
* Запомнете ги овие совети во текот на целата година а не само за Божиќ.

извор: ВЕСТ




Боцко -> RE: марка на играчки (17.12.2009 0:39:21)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
одлична информација. супер совети.
инаку, на играчки внимаваме. знам дека и голем дел од познатите брендови се прават во кина, но се надевам дека контролата е построга и стандардите се почитуваат. затоа и купуваме квалитетно. обично јас од пат носам интересни работи. најмногу лего. но, и во грчки џамбо има купишта кинески глупости за евтини пари.
човек освен што треба да се замисли за ефектот кој играчката ќе го постигне кај неговото дете, треба да чита и етикети. и, да, цената обично кажува се за потеклото...[sm=smiley36.gif]




mother 29 -> RE: марка на играчки (17.12.2009 12:19:18)

не гледам на марка,купувам се што ми се допага и мислам дека ке го интересира или пак ако сме заедно тој си бира[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

нема навика да стави ништо во уста од играчки , а и ептен многу си игра со новите играчки....цели 2 саати[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] така да исто ми се фака дали се марка или не!




Еца -> RE: марка на играчки (23.12.2009 23:52:59)

еве еден текст кој треба многу внимателно да се прочита, затоа сум да се подаруваат книги, а не играчки

"ВНИМАТЕЛНО СО НОВОГОДИШНИТЕ ПОДАРОЦИ ЗА ДЕЦАТА
Отров спакуван во играчките
Колку се безбедни и испитани играчките кои стојат под новогодишните елки сега пред празниците кога родителите, бабите и дедовците, тетките и чичковците обврзано се во потрага по подарок за децата? Деновиве од Европската унија апелираа до државите да го засилат надзорот пред божикните празници и ги повикаа родителите внимателно да ги проверуваат играчките при купувањето. Ова барање, пред се, се однесува на озлогласените кинески играчки, кои редовно се на врвот на црните листи на ЕУ, откако во изминатите години имаше многу скандали каде што беа откривани кинески играчки што содржат олово и кадиум.
Од Републичкиот завод за здравствена заштита ни рекоа дека ги испитуваат сите играчки кои се увезуваат вклучувајќи ги и кинеските, но резултатите што ги добиваат му ги реферираат единствено на Државниот санитарен инспекторат, кој понатаму спроведува мерки, дали ќе се повлече стоката или не. Од Државниот санитарен инспекторат вчера не можевме да добиеме информација. Но, надлежните во земјава, во принцип, не ја предупредуваат јавноста кога се сомневаат дека некој производ е штетен по здравјето, па дури ни откако сомневањата ќе се потврдат, како во некои земји. Купувачите се оставени сами да просудат при купување на производите што им се сомнителни, па дури и кога станува збор за она што доаѓа во непосреден допир со најчувствителниот дел од популацијата, децата. - Кинеските играчки имаат одвратен мирис како на нафта или нафталин, што никако не поминува. Не купувам такви играчки, затоа што детето ги става играчките и во уста, но од друга страна, пак, не можеме секогаш да го купиме оригиналниот производ кој е многу скап. Во Солун минатата недела не можев да си дозволам да купам оригинал барбика од 50 евра. Потоа во популарната продавница „Џамбо“ во околината на Солун купив барбика за 10 евра - вели еден родител.
Од компанијата „Теа колорс“, увозник на детски играчки, велат дека сега 99 отсто од играчките се произведуваат во Кина, но потенцираат дека треба да се разликуваат играчките кои се произведени од светски брендови кои производството го селат во Кина поради евтината работна сила.
- Големите брендови од Европа и Америка отвораат таму свои фабрики и под строго контролирани услови ги произведуваат играчките. Нивните производи треба да се разликуваат од оние сомнителните кои се произведуваат како фалсификати од кинески компании. Тие се и многу поевтини. Како пример можат да послужат, најновиот хит, играчките „бакуган“, кои ние ги увезуваме. Најевтините од овие играчки се од 200 денари, но се сигурни и совршено се изработени. Но, веднаш на пазарот се појавија и фалсификати кои чинат 50 денари. Тоа е топче кое внатре има магнет и при тркалање се отвора и од него излегува чудовиште. Тие кои не се оригинали, се растураат по пет дена и плус магнетчето во нив се гледа, детето може и да го проголта - вели Виолета Трајковска од „Теа колорс“.
Таа вели дека за секоја играчка која ја увезуваат има сертификат од по 20 страници од компанијата во која детално се наведува од кои материјали е составена играчката и во колку проценти се застапени, а потоа нашите санитарни служби дополнително земаат примерок од секоја играчка и ја испитуваат. Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачите вели дека никој досега не се пожалил на опасните кинески играчки, но потенцира дека луѓето не можат да знаат дали во нив има отровни елементи или се штетни. - Тоа е работа на санитарните служби кои треба да испитуваат - вели Тасевска.

Кукли полнети со валкана амбалажа од фаст фуд

Индустриски отпад, вклучувајќи валкани ткаенини, хартија и искористени пакувања за брза храна се дел од материјалите со кои се полнеле некои евтини играчки произведени во Кина, известија неодамна кинеските медиуми.
Според кинеските медиуми, кадифените играчки со бактерии или вируси во нив може да предизвикаат надразнувања кај децата, па дури и посериозни болести.
Податоците за минатата година кажуваат дека над 20 милиони играчки произведени во Кина се повлечени од пазарот затоа што не биле комплетно безбедни за користење. Европската комисија соопшти дека над 50 отсто од опасните производи се со потекло од Кина."извор; Време





mis. -> RE: марка на играчки (23.12.2009 23:56:19)

Е оваа за бакуганот има право.Мартин има бакуган од 200 но има и од 50 денари и навистина тие поскапите уште му се здрави а тие ефтините се скршија цели и ги фрлив.Подобро една скапа отколку многу а ефтини играчки.




Еца -> RE: марка на играчки (24.12.2009 0:04:05)

Ма тоа бакуганот колку ме нервира, па и ова што бидна работава само агресија, насилство се презентира во цртаните и играчките. Им го перат мозокот на децата со глупости. Па има ли некој да каже СТОП  на ваквите глупости. А детето не можеш да го одвоиш од надворешниот свет и играта со другарчињата и колку и да и бранам да ги гледа тие глупости, надвор ги има во изобилие.




mis. -> RE: марка на играчки (24.12.2009 0:10:54)

На роденден што му донесоа играчки се бен10 и бакугани.Ги имаме за извоз.Но тој е пресреќен само за бакугани зборува со другарите и што да му правиш нема да го делиш мора да ги следи трендовите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Едно некого другарче од градинка носел бакуган тој го виде и кога кажа и тој сака ај сопри го.Не му купив а на крај на роденден неможам да ги избројам само колку се.




Еца -> RE: марка на играчки (24.12.2009 0:16:28)

Тоа и јас велам дома ќе му забраниш да ги гледа тие цртани, нема да му купиш играчка, ама надвор[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]значи медиумите имаат и те како големо влијание во нашето секојдневие и воспитување на децата, само што веќе никој не го интересира што ќе пушти да гледаат деца, нормално и со какви играчки да си играат, туку го интересира што повеќе пари да смести во својот џеб[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Викторија -> RE: марка на играчки (24.12.2009 1:00:39)

povejceto igracki stose logicki nise od Fisher Price najvece za Simona gi zemame a drugite dane preteram ama site nise za poklon dadeni[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




big_mama817 -> RE: марка на играчки (10.12.2010 12:09:14)

дали некој има информаци за играчките од теа колорс мислам дека се вика




Maca25 -> RE: марка на играчки (7.2.2011 23:48:41)

Гледам дека поскапите играчки кои ги има Нина (на пр. на Fisher Price, Chicco) се уште читави и работат со првите батерии, додека оние `пазарџиските`купени за 100-200 денари после еден месец или се искршени или не функционираат веќе. Ние гледаме да и купиме убави играчки на Нина, но во последно време купуваме тоа што таа сака и и се допаѓа. На пр. денес на пазар, си купуваме овошје и зеленчук, кога детево почна да ми станува од количка и бараше да ја однесам на тезгата кај играчките. Кога се фати за една пластична топка што се шири кога ќе ја фрлиш во воздух, и не ја пушта и морав да ја купам. Цел ден не ја испушти од раце. Дури со неа и заспа. А не вреди ни за 10 денари, ама и се свиѓа.





Страница: [1] 2   Следна страница >   >>