|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Само колега или нешто повеќе.....
23.2.2010 15:17:04   
BEBICA
Колегата од работа секојдневно ви дели комплименти, на пример дека секси изгледате во тоа што го носите или, пак, веднаш ја забележува и ја пофалува вашата нова фризура. Тоа не го сфаќате како нешто необично. Комплиментот го доживувате како истото да ви го кажала и вашата најдобра пријателка. Но, сте се прашале ли некогаш дали низ неговата глава се моткаат мисли за тоа како вие изгледате под облеката.
Бидете сигурни дека е така! Многу мажи, дури и оние што се во среќни врски, имаат сексуални фантазии за колешките од работа. Шегите и прегратките не мора да значат апсолутно ништо, освен што ќе го поткренат вашето его. Но ако забележите дека прави нешто од следново, а немате намера со него да имате ништо повеќе од пријателство, тогаш време е малку да го „оладите":
1. Кога разговара со вас, секоја негова реченица почнува и завршува со секс. Кажете му дека би било подобро неговите сексуални фантазии да ги зачува за некоја што навистина ќе ја интересираат.
2. Не престанува со комплиментите и ги става своите раце таму каде што не им е местото. Кажете му, од околу, но никако со дрскост, дека сте добро запознаени со сексуалната злоупотреба на работното место.
3.Тој за роденден или за некој празник ви испраќа СМС-пораки со провокативна содржина. Кажете му дека ви е жал што вашиот симпатија не се сетил да го стори истото.
4. Ве покани кај себе дома, заедно да работите на новиот проект , но кога пристигнавте, наидовте на интимна атмосфера и шише вино што се лади. Кажете му: „Не знаев дека на некоја ѝ подготвуваш романтична вечера, сигурно сум го погрешила денот", и заминете си.
5. Ве праша дали некогаш сте имале секс на работно место и ако не сте, дали би сакале да имате. Одговорете му дека отсекогаш сте сакале, но дека досега не сте нашле колега што физички ве привлекува.
6. На забавата од работа, во пијана состојба ви кажа дека сексуално го привлекувате. Направете се дека не сте го слушнале и заминете си. А следниот ден дајте му до знаење дека сте испиле малку повеќе и дека на многу работи не се сеќавате.
Ако овие постапки не го „оладат", најдобро ќе биде отворено да поразговарате со него. Но, ако ви се допаѓа, тогаш само напред. Романсите на работа може да бидат многу секси, спонтани и непланирани. Па макар понекогаш и пребрзи.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
23.2.2010 15:45:34   
Enika
Како сместувам мужи што си дозволуваат раче на половинче, муабет што асоцираат на секс и слично...нема да му текне. Ако јас несакам сечам..може кратко да се праам на тошо ама ако продолжи кажувам се у фаца. Кога сум јас у срекна врска никој не ме интересира од страна и несакам така да ми зборат. Си дозволиле мн( сеа не на раб ама пк слични ситуации) ама јас секогаш скратувам доколку не ми одговара.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
23.2.2010 15:52:17   
BEBICA
user posted image user posted image user posted image user posted image Enika

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
23.2.2010 15:58:16   
Enika
Ама срцка па ако ги игнорираш и им се правиш фина некој знае и на глава да ти се качи. user posted image Боље спречити него лечити.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
23.2.2010 16:00:01   
BEBICA
Vo pravo si.no neki imaat problemi so vakvoto odnesuvanje.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
23.2.2010 16:17:36   
Enika
Е да...не дај боже некој таков манијакален да ти се залепи...што не свака не и продолжува да те измачува. Па и со нашиов правен систем тешко дека ке си олесниш.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
24.2.2010 9:00:58   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Enika

Ама срцка па ако ги игнорираш и им се правиш фина некој знае и на глава да ти се качи. user posted image Боље спречити него лечити.


Потполно се согласувам..а манијакалните типови од моето досегашно животно искуство се закачуваат на фините девојки кои се обиделе културно да ги одбијат. После моето НЕ, никој не се повратил :)

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
24.2.2010 10:53:52   
profesorica
а што е со жените кои вака им се ставаат на колегите????

има и такви, било да се мажени или не што понекогаш растураат бра.сте слушнале вакви приказни нели???


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
24.2.2010 10:55:38   
Enika
Има и такви ама треба некој од маживе наши на форумов да се изјасни со мислење и искуство доколку го има...се зависи од тој што е мета...како реагира, дали сече или прифака флерт. Секој може да мисли дека има право да флертува со некој...ама тој другиот е тој што ке одлучи дали ја прифака играта или се трга на страна.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
24.2.2010 10:56:06   
mami
кај мм во старата фирма имаше мноогу вакви приказни и затоа тој викаше дека никогаш не оди на тие прослави за Нова година или сл...Бил на една и вика не се знае кој со кого што е..сите еден со друг флертуваат..катастрофаuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
24.2.2010 11:00:51   
vezilka RR
..исто важи и за жени и за мажи..од исти мастраф сме сите..! А тоа за растурање бракови е друга прича..не може да се растури добар брак ради трето лице, брак може да се растури само и ислкучиво само ради тие двајца кои се во брак..

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
24.2.2010 11:02:52   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

..исто важи и за жени и за мажи..од исти мастраф сме сите..! А тоа за растурање бракови е друга прича..не може да се растури добар брак ради трето лице, брак може да се растури само и ислкучиво само ради тие двајца кои се во брак..


Потпис...И не мора да се работи за колега...Па,некој ако сака може и со поштарот да си заврши работа...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
20.2.2015 12:42:33   
Melanija RR
Од околу што слушам и муабет со блиски кои работат ова е прилично застапено да неречам модерно. До толку ли е отидено? user posted image Нормално било да се зеза со колеги за сешто па дружби колективно,па прекувремена работа,па заедно кафе на пауза...... ау

Не ме фаќа страв ама толку бед приказни знам што стварно се замислив. Искуства, приказни....?

Во однос на темата има супер статија КЛИК ТУКА

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
20.2.2015 12:47:15   
LoveableMe RR
Не знам до толку дали е отидено, но очигледно го има и е присутно...јас пак слушам муабети популарни кај помладиве максимум што се до 28-30 години дека е мода да се женат и да направат деца, а сите потоа да имаат по една швалерка...ако е вистина, богами катастрофа е работата...

Ова со колеги очигледно е популарно кај некои неизжувеани, што рано се земале, немаат проживеано, или кај такви кои си биле по табиет да не речам да "шврљаат", па само си продолжиле и на работа по бракот/врската....., можеби и карактери кои лесно им поминува возбудата кон партнерот, па бараат нови возбуди на работа....user posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Само колега или нешто повеќе.....
20.2.2015 12:58:14   
Melanija RR
Мода да се женат и прават деца??? ау

Ај од неиживеана ама во брак со мали деца? Тој бил најтеок период ,ОК вистина е тежок ама до толку наместо подршка од сопружници да се тешиш на работа на пауза со кафе со колега/колешка?

Возбуда ,LoveableMe RR? Па кој несака user posted image ама по дома да си ја направиuser posted image а шврљачи има и ќе има user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 15
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?