BEBICA -> Само колега или нешто повеќе..... (23.2.2010 15:17:04)
|
Колегата од работа секојдневно ви дели комплименти, на пример дека секси изгледате во тоа што го носите или, пак, веднаш ја забележува и ја пофалува вашата нова фризура. Тоа не го сфаќате како нешто необично. Комплиментот го доживувате како истото да ви го кажала и вашата најдобра пријателка. Но, сте се прашале ли некогаш дали низ неговата глава се моткаат мисли за тоа како вие изгледате под облеката. Бидете сигурни дека е така! Многу мажи, дури и оние што се во среќни врски, имаат сексуални фантазии за колешките од работа. Шегите и прегратките не мора да значат апсолутно ништо, освен што ќе го поткренат вашето его. Но ако забележите дека прави нешто од следново, а немате намера со него да имате ништо повеќе од пријателство, тогаш време е малку да го „оладите": 1. Кога разговара со вас, секоја негова реченица почнува и завршува со секс. Кажете му дека би било подобро неговите сексуални фантазии да ги зачува за некоја што навистина ќе ја интересираат. 2. Не престанува со комплиментите и ги става своите раце таму каде што не им е местото. Кажете му, од околу, но никако со дрскост, дека сте добро запознаени со сексуалната злоупотреба на работното место. 3.Тој за роденден или за некој празник ви испраќа СМС-пораки со провокативна содржина. Кажете му дека ви е жал што вашиот симпатија не се сетил да го стори истото. 4. Ве покани кај себе дома, заедно да работите на новиот проект , но кога пристигнавте, наидовте на интимна атмосфера и шише вино што се лади. Кажете му: „Не знаев дека на некоја ѝ подготвуваш романтична вечера, сигурно сум го погрешила денот", и заминете си. 5. Ве праша дали некогаш сте имале секс на работно место и ако не сте, дали би сакале да имате. Одговорете му дека отсекогаш сте сакале, но дека досега не сте нашле колега што физички ве привлекува. 6. На забавата од работа, во пијана состојба ви кажа дека сексуално го привлекувате. Направете се дека не сте го слушнале и заминете си. А следниот ден дајте му до знаење дека сте испиле малку повеќе и дека на многу работи не се сеќавате. Ако овие постапки не го „оладат", најдобро ќе биде отворено да поразговарате со него. Но, ако ви се допаѓа, тогаш само напред. Романсите на работа може да бидат многу секси, спонтани и непланирани. Па макар понекогаш и пребрзи.
|
|
|
|