|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Пат на лечење на неплодноста
23.6.2009 12:21:22   
Палешка РР
Од каде треба да се почне кога сме соочени со неплодноста?

Кога упорно се обидувате да станете родители и кога после година дена ќе немате успех, треба да се побара стручно мислење.
Првиот чекор значи одбирање на добар лекар репродуктивец што ќе разговара директно и отворено со двајцата партнери.
Важно е да се направат неопходните прегледи.
Прво мажот се праќа на спермиограм, најчесто упат може да даде или репродуктивецот или неговиот општ матичен лекар. Се прави со сини картони и се носи во некоја од претходно избраните лаборатории, а сите поголеми клиники имаат свои. Зависи според кој метод се прегледува, резултатите може да дојдат брзо или да се почекаат една недела.
*
Потоа жената прави
- класичен гинеколошки преглед со колпоскопија и преглед на УЗВ
- се зема брис за ПАП
- се земаат брисеви за TORCH тест и други бактерии/вируси
- се вади крв за истите вируси

***
Откако ќе се востанови кој е проблемот, ако е до спермиограмот, тогаш според дијагнозата се одредува дали се оди на темпирани односи (жената се стимулиура со хормони, се прима Бхцг инекција или стоп инекција и се има односи во период кога ќе наведе лекарот, најчесто 36 часа после инекцијата), инсеминација, се прочистува спермата и се инјектира во жената (може да е стимулирана или не, ама сепак фоликулометриски следена и плус добиена стоп инекција), ИЦСИ или класично ИВФ.
Претходно може кај жената да се направи и:
- ХСГ- снимка, рентген или узв откако е вбризган контраст, да се виде проодноста на патиштата
- Лапароскопија - сонда која оперативно ги проверува патиштата
- Хистероскопија, ако треба да се отстрани миом/полип, кој не може да се отстрани со лапароскопија

***
Може да има
- примарна неплодност и машка и женска, значи некој проблем што не дозволува зачнување или доносување на бременоста
- секундарна неплодност исто и машка и женска, кога парот има едно дете, ама не може да има второ/трето
- идиопатска неплодност, кога се е во ред со партнерите но до бременост не доаѓа.

***
Тогаш се оди кон понатамошни истражувања
- имунологија
- кариотипија
- генетско советување


Ако нешто испуштив, дополнувајте, се со цел да им помогнеме на сите кои поминуваат низ овој трновит пат.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Пат на лечење на неплодноста
27.6.2009 23:21:29   
milijana
Ako soprugot ima azzospermija..treba da se pocne in vitro so donor(provereno)ili posvojuvanje.Za site drugi oblici na maska neplodnost ima nekakva nadez, pa duri i za zenskata neplodnost.Na nikogo ne mu preporacuvam da veruva vo magicni tehniki i oploduvanje na azzospermijata.Garantirano ke lutate i ke izgubite vreme..a za site drugi moze da se obidat so prirodni caevi i vitamini.Ne zboruvam napamet..ova e iskustvo od 15 god.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Пат на лечење на неплодноста
19.11.2009 13:58:06   
big_mama817
Жените кои сакаат да забременат би требало да престанат да пијат алкохол и пијалоци кои содржат кофеин. Стручњаците тврдат дека откажувањето од тие навики ќе ви помогне многу повеќе отколку посета во некоја од клиниките за плодност.
Др. Ема Дебришир од универзитетот Манчестер Метрополитен тврди дека дури 32% од жените кои претходно имале проблеми, успеале да забременат по откажувањето од алкохолот и кафето. Таа вели дека ова е засега најефикасниот метод за забременување, дури поуспешен и од методот на вештачкото оплодување.
Познатата британска докторка вели дека е исклучително важно идните мајки да престанат и со пушењето. Истражувањата покажуваат дека и пушењето игра значителна улога во намалувањето на шансите за забременување. Др. Ема Дебришир вели дека е крајно време паровите кои сакаат да имаат деца да ги променат своите животни навики.
Жените кои неделно конзумираат еднаш до пет пат алкохол имаат 60% шанси да забременат, додека кај жените кои пијат повеќе алкохол во текот на неделата, шансите за бременост изнесуваат само 30%.
Др. Дебришир исто така предупредува дека и кофеинот ги намалува шансите за бременост и советува дека дневно не треба да се конзумира повеќе од 300 мг. чај или кафе, односно не повеќе од три мали шолји.

извор:кајгана

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Пат на лечење на неплодноста
28.11.2009 12:13:04   
profesorica
 ЛЕЧЕЊЕ НА БРАЧНА НЕПЛОДНОСТ

После соодветната обработка на брачниот пар и согледување на причините за неплодност, почнува нивното лечење. Изборот на методите за лечење, посебно на оние најсложените зависи од поранешното лечење на брачниот пар како и од возраста на пациентите ( особено возраста на жената ). Сметаме дека за добра соработка помеѓу докторот и брачниот пар пресудно е точното запознавање на брачниот пар со причината за брачната неплодност, како и редоследот во лекувањето .

Методите на асистирана репродукција не се и не смеат да бидат замена за останатите начини на лечење на брачната неплодност како што се:

- Лечење на инфекција на половите органи ( кај двата партнери )
- Микрохируршко лечење
- Ендоскопско хируршко лечење - Лечење на ендометриоза
- Индукција на овулација.

Познато е дека природната можност на оплодување ( т.е. месечната шанса за оплодување ) кај жените почнува да опаѓа после триесеттата година од животот , забрзано опаѓа помеѓу 35 - 40 година , а оплодувањето околу 45 година достигнува околу нула.

Порастот на жената во години доведува до опаѓање на нејзината фертилност. На тоа опаѓање на фертилноста влијаат бројни фактори како што се намалување на ооцитните резерви, т.е. со текот на годините се намалува резервата на заметни клетки и тоа доведува до намален број на фоликули и нивниот правилен раст, расти бројот на овулациските грешки, се намалува квалитетот на ооцитите а расти бројот на хромозомските грешки што е причина за намалување на ооцитниот оплодувачки потенцијал.

Со порастот на годините доаѓа и до зголемување на гинеколошки и негинеколошки болести кај жената, а тоа доведува до намалена ендометриална прокрвареност и рецептивност што има последица - намален број на имплантација на оплодените ооцити како и отежнато носење и раѓање на здраво доносено дете. Проблемот на неплодност отсекогаш ги привлекувал докторите и научниците а и денес е во центарот на клиничките истражувања. Приватната ординација, за разлика од големите клиники, овозможува интимност и дискреција, посебно кога се работи за проблемот на неплодност, кое често се крие пред роднините и пријателите. Брачната неплодност е проблем чие значење ги преоѓа стручно медицинските кругови и влијае на друштвото во целина. Често предизвикува емоционални проблеми на партнерот кои се одразуваат на нивниот брак. Затоа партнерите доаѓаат во приватна ординација каде нивниот проблем останува приватен, се обработува и лечи во најстрога дискреција.

Методи на работа

Важна компонента во лечењето на неплодноста е базалната дијагностика. Иако терапијата е специфична, за секој случај мора да постои основен протокол на обработка на брачната неплодност. Истражувањата се планираат од наједноставни и најефтини кон сложени.

Лечењето оди паралелно со обработката. Постапка за обработка во нашата ординација: НЕИНВАЗИВНИ МЕТОДИ :

- анамнеза

- целосен физикален преглед вклучувајќи палпаторен наод на степенот на чистота на вагината, цитолошки преглед и ултразвучен преглед ( УЗВ )

- трансвагинален колор доплер

- микробиолошка обработка на цервикалниот секрет

- откривање на кламидија, уреоплазма, микоплазма, аеробни и анаербни бактерии, габички

- посткоитален тест ( П - Ц ) дава информација неплодност на сопругот и цервикалниот фактор

- мерење на базална температура ( Б. Т. )

- целосни хормонски анализи зависно од анамнестичките , клиничките, односно ултразвучните наоди

- Трансвагинална ехо сонографија - денес е важен за одредување на бројот на фоликулите, утврдување на реакцијата на фоликулите на стимулација , утврдување на овулација , одредување на моментот на давање на хЦГ и утврдување на можните комликации.

Пред петнаесеттина години е воведена техниката на аспирација на јајце клетката со помош на трансвагинална сонда со водич за игла. Оваа метода денес стана незаменлива.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 28.11.2009 12:16:26 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Пат на лечење на неплодноста
29.11.2009 17:46:17   
profesorica
ПРОНАЈДЕН ПРОТЕИН КОЈ ГИ ШТИТИ СПЕРМАТОЗОИДИТЕ

Научниците открија протеин, кој ги заштитува несозреаните сперматозоиди од оксидативните процеси кај глуците. Кога глушец мажјак, постар од една година со недостаток од овој протеин ќе се спарел со нормална женка глушец, имало зголемена појава на спонтани абортуси и дефекти во развојот.

Joel Drevet и неговите колеги од Универизтетот во Клермонт, Франција, идентификуваа протени кој помага да се заштитат несозреаните сперматозоиди кај глувците, откако ќе бидат осободени во регионот од тестисите познат како епидидимус, каде што се одвива созревањето.

Иако кај глувците кај кои имало недостаток од овој протеин (наречен Gpx5), сперматозоидите имале нормален изглед и биле исто толку ефикасни во оплодувањето на женските глувци колку и сперматозоидите на другите глувци, сепак имало зголемена појава на спонтани абортуси и дефекти во развојот кај потомството. Ова било посматрано така што биле споредени глувци постари од 1 година со недостаток од овој протеин и глувци постари од една година со нормално ниво на истиот.

Понатамошните анализи индицираат дека протенинот Gpx5 делува како антиоксидант во епидидимусот, штитејки ги сперматозоидите од оксидативните процеси. Овие податоци имаат голема клиничка важност затоа што оштетувањето на ДНК како резултат на процесот на стареење е поврзано со намалување на плодноста, зголемен број на спонтани абортуси и болести кај децата.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?