profesorica -> RE: Пат на лечење на неплодноста (28.11.2009 12:13:04)
|
ЛЕЧЕЊЕ НА БРАЧНА НЕПЛОДНОСТ После соодветната обработка на брачниот пар и согледување на причините за неплодност, почнува нивното лечење. Изборот на методите за лечење, посебно на оние најсложените зависи од поранешното лечење на брачниот пар како и од возраста на пациентите ( особено возраста на жената ). Сметаме дека за добра соработка помеѓу докторот и брачниот пар пресудно е точното запознавање на брачниот пар со причината за брачната неплодност, како и редоследот во лекувањето . Методите на асистирана репродукција не се и не смеат да бидат замена за останатите начини на лечење на брачната неплодност како што се: - Лечење на инфекција на половите органи ( кај двата партнери ) - Микрохируршко лечење - Ендоскопско хируршко лечење - Лечење на ендометриоза - Индукција на овулација. Познато е дека природната можност на оплодување ( т.е. месечната шанса за оплодување ) кај жените почнува да опаѓа после триесеттата година од животот , забрзано опаѓа помеѓу 35 - 40 година , а оплодувањето околу 45 година достигнува околу нула. Порастот на жената во години доведува до опаѓање на нејзината фертилност. На тоа опаѓање на фертилноста влијаат бројни фактори како што се намалување на ооцитните резерви, т.е. со текот на годините се намалува резервата на заметни клетки и тоа доведува до намален број на фоликули и нивниот правилен раст, расти бројот на овулациските грешки, се намалува квалитетот на ооцитите а расти бројот на хромозомските грешки што е причина за намалување на ооцитниот оплодувачки потенцијал. Со порастот на годините доаѓа и до зголемување на гинеколошки и негинеколошки болести кај жената, а тоа доведува до намалена ендометриална прокрвареност и рецептивност што има последица - намален број на имплантација на оплодените ооцити како и отежнато носење и раѓање на здраво доносено дете. Проблемот на неплодност отсекогаш ги привлекувал докторите и научниците а и денес е во центарот на клиничките истражувања. Приватната ординација, за разлика од големите клиники, овозможува интимност и дискреција, посебно кога се работи за проблемот на неплодност, кое често се крие пред роднините и пријателите. Брачната неплодност е проблем чие значење ги преоѓа стручно медицинските кругови и влијае на друштвото во целина. Често предизвикува емоционални проблеми на партнерот кои се одразуваат на нивниот брак. Затоа партнерите доаѓаат во приватна ординација каде нивниот проблем останува приватен, се обработува и лечи во најстрога дискреција. Методи на работа Важна компонента во лечењето на неплодноста е базалната дијагностика. Иако терапијата е специфична, за секој случај мора да постои основен протокол на обработка на брачната неплодност. Истражувањата се планираат од наједноставни и најефтини кон сложени. Лечењето оди паралелно со обработката. Постапка за обработка во нашата ординација: НЕИНВАЗИВНИ МЕТОДИ : - анамнеза - целосен физикален преглед вклучувајќи палпаторен наод на степенот на чистота на вагината, цитолошки преглед и ултразвучен преглед ( УЗВ ) - трансвагинален колор доплер - микробиолошка обработка на цервикалниот секрет - откривање на кламидија, уреоплазма, микоплазма, аеробни и анаербни бактерии, габички - посткоитален тест ( П - Ц ) дава информација неплодност на сопругот и цервикалниот фактор - мерење на базална температура ( Б. Т. ) - целосни хормонски анализи зависно од анамнестичките , клиничките, односно ултразвучните наоди - Трансвагинална ехо сонографија - денес е важен за одредување на бројот на фоликулите, утврдување на реакцијата на фоликулите на стимулација , утврдување на овулација , одредување на моментот на давање на хЦГ и утврдување на можните комликации. Пред петнаесеттина години е воведена техниката на аспирација на јајце клетката со помош на трансвагинална сонда со водич за игла. Оваа метода денес стана незаменлива.
|
|
|
|