Anushka
|
Верти, Го гледам во моите мисли твоето Мило на единствената фотографија на мобилен. Ја гледам ќерка ми покрај мене. Се прашувам: зошто? Зошто едни живеат, други не? Зошто една зграда паѓа на земјотрес, друга не? Зошто Тоше погина, а на другите ништо не им беше? Се прашуваат сите, ете затоа кога прашуваш ти нешто, твојот доктор се кине од смеење. Не го знае одговорот. А тоа боли. Боли многу, многу, многу. Боли толку многу што нас мајките не фаќа лудило. Во вистинска смисла на зборот! Ме фаќа лудило, кога знам дека првите деца ги раѓав во минатиот век (нели, звучи како нешто старо и неразвиено), во државна болница, но таму на секој преглед ми мереа тежина и притисок. Со третото се породив во приватна „престижна“ болница, во 21 век! Ниту еднаш не ме измерија, ниту мене, ниту мојот притисок!!! За првите две деца во Чаир без да побарам, ја добив нивната крвна група. Сега, во Систина, кога реков - а која крвна група е ќерка ми? Ми одговорија - уф, заборавивме да провериме. Ај, кога некогаш и~ земате крв од вена, ќе проверите. Ќерка ми има 15 месеци. Знам како се вика, колку тежи, колку е висока, но не знам која крвн група е. Банално, би ми рекол твојот и мојот доктор кои се ќинат од смеење. А јас сум 0 позитив, мм е А негатив! А мм е носител на хепатит Б. Цело време ова го „дробев“ додека бев трудна со ќерка ми, мојот доктор од престижната болница ми го велеше истото што и тебе - многу читам интернет и тоа нема врска... Пред да дознаам дека сум бремена, си се гушкав со мојот домашен мачор. Мачките се преносници на заразни болести кои можат да го убијат плодот во утробата на мајката додека трепнеш. Кога барав да се прегледам, повторно сите ме гледаа „зелено“, како да сум дошла од Америка (Марс). А кога им зборам на докторите дека комшиката изгуби бебе во мнешето токму заради истата болест, ми велат дека сум параноична. Сепак, Верти моја.... надежта последна умира. Мојата колешка (која, паем е и наша РР) изгуби бебе на 38 години, од слични баналности, а најмногу од ноншалантноста на лекарите наречрни „Ех вие, мајките се` од интернет знаете„. После две години, на 40, мојата колешка стана среќна мајка на своите два сина близнаци.
|