Werty
|
Драги пријателки (ова повторно ќе биде подолг пост оти би сакала на сите поеднично да ви се заблагодарам), Прво, оваа Верти е една животиња, говедо, стока која може, очигледно се’ да преживее во животот (иако, многу големо прашање е колку сето ова се исплатува, но неисе). Е, сега, зошто велам така (пред некој да рече дека нема везе)? @blue-blue рече: „Она што ми се допаѓа и за што милион пати те гушкам во мислите е твојот став дека твоето бебе повторно ќе се роди. И верувај ќе биде така...“ - Драга blue-blue моето бебе мора пак да се роди, оти само така ќе можам и јас пак да се родам. Проблемот е што јас, мојата крв, е сензибилизирана со анти-тела (комада два, од кои едното некое си Fya е вистински злосторник). Тоа значи дека ако останам бремена: 1) моето бебе ќе умре во мене, 2) моето бебе ќе издржи до кај 25-28 недела и после може да развие хидропс (да собира вода во стомакот или главата) по што би се родило со ужасни телесни и ментални маани или да стане ужасно анемично (а кај нас exsanguino intra utero не прават се уште) по што исходот е сличен - ако е премногу рано ќе умре, ако е доволно големко ќе го извадат со царски рез па ќе му ја сменат крвта па можда ако е доволно силно ќе преживее без последици (освен што може малце да ослепи во инкубатор ако прекардашат со кислородот) и 3) да истерам релативно нормална бременост, бебето да се роди, ако има потреба да му ја сменат крвта веднаш по раѓањето (а можеби и нема да има потреба оти јас истиве лајна во крвта сум ги имала и со вториот син па нему ништо не му беше). Е сега, оди па пресметај го ризикот + ризикот дека комплетно ќе одлепам ако не го родам пак мојот најмал-најмил (патем, не знам од кои причини, зачнувам исклучиво машки деца и тоа само од едниот јајник). @Anonimen: И јас сум лута! Не, не, не - јас сум бесна! Овде некои луѓе по болнициве мислат дека децава ги зачнуваме оти така не почешало таквото па ни се случило да останеме трудни. Знаеш што ми рекоа кога си одев од болница: „Е, де, па ти. Си имаш други здрави прави деца.“ Оти ова третово секако го најдов на улица, па како дошло-така о’шло. Друго, откако се откостив од плачење чувствувајќи дека детето има некаков проблем, докториве решение најдоа во тоа што ми пратија психолог да ме советува да не кенкам за џабе оти бебето ми било живо, здраво, право и дека за некој ден ќе си одиме дома. Стварно, фина беше женичката па не ја испцув само и појаснив дека јас психологија имам положено со 10, така што знам што имам во себе и какви решенија да барам за себе. Она што не го знам, оти немам медицинско образование, е како да најдам решение за детето. Бај д веј, дента кога умре малиот, ни психолог ни психијатар се појавија да ми кажат збор или два. Се што ми беше понудено од една мед. сестра беше „дијазепамче, за да ми биде полесно“. Хелооооууууу! Исто така, додека бев во болница стручниве доктори решија дека треба да ме боцкаат со Клексан. Јас прво ги одбив и им реков дека е глупо да примам лек за разредување на крвта кога имам отворена рана што треба што поскоро да се затвори. Според чиста логика, јбг, јас не знам медицина ама знам логика и математика. После некој ден, ми скурчи (простете на терминот) да се карам со нив и им доволив да ме боцкаат. Крварењето кое само што ми беше престанало повторно почна. И знаете што ми рекоа на Трансфузиологија кога правев куп тестови па меѓу другото им го спомнав и клексанов? Дека е глупо да ми даваат клексан кога требало да ми даваат хепатромбин. Ете така. Д-р Интернет има повеќе дипломи од овие нашиве државни гинеколози и педијатри. @Froggy, vesna1: Мила Фроги, низ оваа душа поминале сите лајна што можеш (и не можеш) да си ги замислиш и од кои и ти исто како и мене дел си ги доживеала, така што септичка јама не ми е рамна. Пред две и пол години, по амниоцинтеза ми умре бебето. Прашав зошто? Ми рекоа дека, е јбг, немале доволно материјал (клетки во плодовата вода) за нешто, што било да ми кажат. И тоа бебе го раѓав. И тоа го родив во кревет оти не ми веруваше сестрата дека се пораѓам кога и реков дека се пораѓам. Само врескав да не ми го кажат полот на бебето во обид да не се врзам за него како за личност надевајќи се дека полесно ќе го преболам. Шипинки. Не го преболев и никогаш нема. Што се однесува до бебињата, моето и твоето, оние „вистинските“ што ги имавме в раце и ги галевме по косичето. Верувај Фроги, подобро е што немаш слика. Јас ја имам и таа несреќа што сликам/цртам. Секој ден му го цртам лицето, очите затворени (оти такви ги паметам), устето кое личи на мојата уста, обликот на главчето кој личи на мене, прстињата кои личат на моите (тенки и долги) фатени цврсто за мојот палец како да молат да не го пуштам. Тотално лудило, Фроги! А ако забременам пак ене ги погоре опциите, плус мојата возраст. А ако не забременам, пак - лошо. А ти, vesna1 пријателке и сострадалничке, ти посакувам доцнењето да е тоа што го чекаш. И отвори си ги очите - не верувај никому освен на своите мајчински инстинкти. И читај на интернет. Се што е објавено на латиница и понасеверозапад одовде. @baby mama: е, јбг. фала за сочувството. пиши ако знаеш начин како да ги присмирам анти-телата во крвта (оти не можам да ги суредам скроз) за да не ми го убијат следното бебе додека ми е во утробата. а кога ќе го родам, ако го родам, сега си го знам лекот. @veckasr, mama26: благодарам. @Felly, vezilka, Anushka: околу тоа универзумот (како замена за терминот господ :)... универзумот по се изгледа е само една сублимирана перверзна и негативна енергија со гадна смисла за хумор која што повремено, потамина, се истура кај што ќе и дојде. и се замолува универзумот (исто како и господ) да ме остави на раат и мене и моето семејство. Бесна сум на се, но знам што сакавте да ми кажете и од срце благодарам за добрите желби. Ако успеам да ги остварам (a propos тие спомениците неколкупати споменати во вашите коментари) ќе треба мене да ми кренат споменик. Одма под мадињата на Букефал. У знак на сеќавање дека коњи ме имаат заебано и ми го имаат уништено животот - оти мене, меѓу другото ме гази и времето ко Букефал што ги газел под копитата клетите душмани :( @agnes77: не знам мила агнес дали ти треба да ме жалиш мене или јас да те жалам тебе - обете жртви на бескрајна глупост, игноранција и злоба. благодрам за сочувството. патем, со време се научив дека солзите не помагаат. повеќе помага стап. поголем. подебел. во буквална или во фигуративна смисла, зависно од карактерот на човека. @petra27: благодарам за добрите желби. знаеш, понекогаш си мислам дека моиве мртви деца се всушност поинтелигентни од мајка им. кој би бил толку глуп да сака да живее овде и сега? а јас само себично ги сакав како зрак на трошка добра среќа после години несреќи, трагедии, умирачки... @AnnaMolly: благодарам. малкумина луѓе на светов ме знаат во живо. некои ме среќавале во живо, ама не ме знаат. и главно не им се допаѓам... :) ... инаку, поентата на ова беше не само да ја отворам душата, туку да им ги отворам очите на сите идни и сегашни мајки. тоа пред се. жени, отворајте очи! А што се однесува до душата... Кажете ми која е таа мајка која може да поднесе сама да се врати од болница и да најде куп честитки кои децата ги нацртале за покојниот им брат? Која е таа мајка која може да поднесе син и секој ден да пишува песнички и некакви си негови мантри за брат му. Едната што му ја пронајдов на неговата работна маса гласеше „Мил ... те молам врати се. Те молам врати се во мешето на мама оти ние многу те сакаме. ... те молам да се вратиш“ (името на бебето намерно го заменив со трите точки). Има ли душа што нема да пукне после ова? @majka 79: е ова педијатриве од ГАК учеле од некој друг учебник. На испаничена мајка и праќаат психолог (од кого мајката знае повеќе психологија), а нив ги боли таквото и ти викаат „Сега се е во божји раце.“ Во чии раце? Во божји? Па добро тогаш. Да си знам. Следниот пат ќе се пораѓам во Соборен храм во Скопје. @octavia: Петре М. Андреевски има измислено збор за мајка на која и умираат децата - Велика, е зборот, т.е. името („Пиреј“). Ама тогаш, пред 100 години, немало доктори (исто к’о сега, нели?). Од секогаш сум се прашувала како може една мајка да закопа деца и да не полуди? И немам одговор. Се си велам, да можев некако да имам половина мозок белким ќе ми беше полесно. @виктори: ми го зеде зборот. и тоа не еден - сите од ред. и ќе те повторам гласно: „СЕ е џабе кога одвнатре се нема срце. Џабе е, кога нема луѓе.“ @anedespo: Така е. Животот продолжува. Другите деца ќе си ја бараат мајката. Иако нема потреба да ја бараат - таа е тука за нив постојано. Проблемот е што си го бараат и братчето, а него го нема и јас не можам да им ветам со сигурност дека повторно може да се роди - моето тело за сега работи против мене, а јас само интензивно размислувам како да го зезнам. Интересни се и случаите на мајка ти и свекрва ти. Тие родиле пред 30-40 години. Во минатиот век. Јас се породив пред четири недели, во 21 век. За 40 години медицината и науката воопшто прилично имаат напреднато. Во светот, а тука... како што се гледа од приложеново... @jovanka: дел на твојот пост одговорив погоре, а за добрите желби и надежи не знам како да ти се заблагодарам повеќе одошто од сето срце (барем од она што преостанало од него). @палешка: благодарам. кажете ми како да го победам мојот организам? сајтови? доктори? совети? искуства? ми треба начин како да си го намалам имунитетот за да не го доведам во ризик бебето. за сега што знам е дека може преку примање цитостатици, но тоа не оди заедно со бременост. ми треба нешто друго. ако најдете нешто, било што, било каква информација пратете ми во пп. ве молам. @Anushka: Благодарам за сочувството. Мојот доктор, кој специјализирал надвор од Смрдешницава, се скина од смеење од изјавата на докторката од ГАК дека можам да развијам тумор ако повторно останам бремена. Тоа е апсолутно невозможно! Мојот организам како што е евидентно од приложеното погоре има пресилен имунитет. Убива се што му е туѓо. Јас сум ти Анушка нешто како киборг :) Рани ми зараснуваат за два саати, по породување престанувам да крварам по два дена, бактерии „тепам“ сама без антибиотици, вируси не виреат кај мене повеќе од неколку саати. Ме теши случајот на твојата пријателка - можеби и мене ќе ми се посреќи со близначиња :) Всушност, баш ми е гајле дали се близначиња, машко или девојче: САКАМ ЗДРАВО И ЖИВО БЕБЕ! Моето бебе. Уште еднаш, ви благодарам на сите и отворајте си ги очите.
|