|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Причини за неплодност
18.11.2009 14:12:59   
mother 29
Дијагностика на причинители на брачна неплодност

Пред изборот за начинот на лекување  на брачната неплодност и пред избор на било која од методите  неопходно е да се  испита:
-детална анамнеза на двата партнери
-фертилна  способност кај мажот- повеЌе пати проверка на спермограмот ,биопсија на тестисите PCT, имунолошки  тестови, тест на преживување на спермата и др.
-воспаление на гениталниот тракт-,брис од цервикс  и ејакулатот,- микробиолошки испитување на аероби, Chlamidija trachomatis, gonorhoea  и др .
-проодност на јајоводите
-гинеколошки преглед - цервикална слуз , ПАПА,
-УЗВ
, вагинален УЗВ
-ХСГ, УЗВ - ХСГ ( хистеросалпингографија )

-хистероскопија

-лапароскопија
-
тубоскопија
-ПЦТ
-противспермални антитела

-овулација,функција на жолтото тело
-мерење на базална температура
-анализа на хормоналниот статус
-УЗВ
-на јајници и ендометриум
-ЕБ
- ендометриска биопсија
-прокрвавеност на гениталниот состав кај жената
-УЗВ, Color Doppler
( јајник , утерус )
-цитогенетски   анализи
НОРМАЛЕН МЕНСТРУАЛЕН ЦИКЛУС, ГАМЕТИ , ОПЛОДУВАЊЕ, РАНА БРЕМЕНОСТ
Гаметите се полови клетки, јајце клетка ( oocit ) и сперматозоид. За разлика од сите други соматски клетки кои имаат 46 хромозоми ,гаметите имаат половичен број на хромозоми ( 23 ).

Сперматозоидите се создаваат секои 72 дена   во   тестиси  до длабока старост, а спротивно од тоа   бројот на јајце  клетки е дефиниран уште на пороѓајот. Новороденчето има околу 2 милиони јајце клетки , од тогаш  јајце  клетките  само се трошат и тоа во најголем дел после пубертетот. Околу 400 јајце  клетки во текот на животот со овулација се способни за оплодување. Секоја јајце клетка обвиткана со различни други клетки  се вика фоликул. Со созревањето , фоликулот расте , размножува други клетки  ,а со тоа и зрее јајце  клетката. Жената до 50 тата година од животот ги троши сите  фоликули. Со тоа престанува функцијата на јајниците - згасната е репродуктивната и хормонската активност. За растот на фоликулот од примарен до терцијален ( преовулациски )  потребни се три  м енструални циклуси  т.е.  82 дена. Само 4% од фоликулите имаат способност  за квалитетен развој. Другите пропаѓаат и преоѓаат во атрезија.

Нормалниот менструален циклус трае 28  ( + или- 7 дена ) .Тој се дели на фолиулинска и лутеинска фаза .Фоликулинската фаза  е фаза кога растат фоликулите и е променлива. Лутеинската фаза ( фаза на жолтото тело ) е стабилна и трае 13-14 дена.  

Во природен  менструален циклус , по правило  созрева само една јајце  клетка . Под дејство на гонадотропните хормони на хипофиза - фоликулостимулачки  хормон  (FSH )   и лутеинизирачки хормон  ( LH ).

На почетокот на циклусот започнува растот на 20 - 30 фоликули. Механизмот на селекција и доминација одбира кој е најквалитетен фоликул , кој може да достигне потполна зрелост  ( меЃу 12 и 15 ден на циклусот ). Сите други фоликули кои го започнале ваквиот раст пропаѓаат. При фоликулогенезата  ( зреење на фоликулот ) се создава јајце клетка и се произведуваат хормони. Тоа се естрадиол ( Е2 ), инхибин, андрогени , (тестостерон )  а покасно и  прогестерон (p4 ). Хормоните на јајникот  ја припремаат слузницата  ( цервиксот, утерусот ,тубите )  за полесен транспорт  на сперматозоидите и оплодената јајце  клетка. Покасно   ендометриумот се припрема за  имплантација.

Високото ниво на естрадиолот ( Е2 ) предизвикува нагли скок  на LH и FSH. Со тоа се завршува процесот на зреење на фоликулите и јајце клетката. За 38 - 40 часа, како ерупција на вулкан , ќе се  исфрли јајце клетката од јајникот.

Со овулација зрелата јајце клетка доаѓа во абдоминалната празнина и за неколку минути ја прифаќа јајоводот. Во најширокиот дел на јајоводот, ампулата , јајце клетката се среќава со сперматозоидите.

При ејакулација, во длабочината на матката се исфрлаат 200 - 500 милиони сперматозоиди. Со движење на репот и контракциите на матката и  тубите , сперматозоидите многу брзо пливаат. Побрзо и од најбзиот пливач ( за 3 - 5 минути ), тие ќе го препливаат патот до ампулата, 20 сантиметри. Само 100 -200 сперматозоиди стигнуваат до местото на оплодување.

Бројни сперматозоиди струјат околу јајце клетката и се зацврстуваат за нејзината обвивка. Сепак само еден сперматозоид го наоѓа " биохемискиот клуч " - да ја разгради обвивката и неговата глава влегува во цитоплазмата на јајце клетката. Сперматозоидот носи   x    или   y     полов хромозом , а јајце клетката секогаш   x      хромозом.

Јадрата на јајце клетката и сперматозоидот имаат по 23 хромозоми. Тие се викаат пронукленси. Пронукленсите се спојуваат за неколку часа во единствено јадро - сингамија. Претходно опишаното се нарекува оплодување или фертилизација. Ако се спојат  xx хромозоми зачетокот ќ е биде женско, а ако е  xy ќе биде машки плод.

Оттогаш започнува делење на оплодената јајце клетка ( зиготот ) и брзо се развива зачеток ( ембрион ). Во првите неколку дена зачетокот е изграден од  ист вид на клетки-бластомер. Кога зачетокот има 16 или повеЌе клетки личи на малина и се нарекува морула. Во зачетокот се врши понатамошна делба додека тој патува низ јајцеводот. Тој патува 2-3 дена со помош на треперењето на влакненцата на ѕидот на јајцеводите. Кога зачетокот ќе дојде во шуплината на матката тој веќе има 128 клетки и  преминува во бластоциста каде веќе има одделно две групи на клетки. Надворешните, трофобласт, имаат голема инвазивност и покасно ќе ја создадат постелката. Внатрешната група на клетки, ембриобласт ќ е ги создаде ткивата и органите на зачетокот. Бластоцистата два дена плива во течноста ( "млеко на матката” ) во матката и има фаза на ориентација. Најверојатно си бира место каде ќ е се вгнезди ( имплантира ). Трофобластот продира во слузницата на матката ( decidua ), создава ресички. Се создава постелка која до породувањето ќе го храни детето.

Зачетокот и пред имплантацијата ( вгнездувањето ) почнува да создава специфичен хормон за бременост HCG ( хуман хорионски гонадотропин ). По имплантацијата тој хормон правилно расте и најголема концентрација достигнува во 9 недела од бременоста. Тој го поттикнува жолтото тело да лачи прогестерон и естрадиол.

По овулацијата остатокот, од фоликулот се претвора во жолто тело (corpus luteum). Жолтото тело  трае 12-14 дена,  ако не дојде до забременување, а во бременоста неговата функција е неопходнадо 8 недела од бременоста. Како да се препознае  и потврди овулацијата

Бременоста е сигурен знак дека имало овулација.  Сите останати методи се индиректни.

-овулацијата може да се израчуна од просечните траења на 3 - 6 последни менструални циклуси се одземе 13 дена.
-предовулациска еднострана болка
-оскудно крварење 1-3 дена пред овулација
-обилна продукција на цервикална слуз (од вратот на матката). Таа може да се забележи 6 дена пред овулацијата. Најобилна, високо еластична слузта е 1 - 2 дена пред овулацијата
-мерење на базалната температура, ( 2 дена пораст на базалната температура кај 85% од жените имаат овулација ).
-утврдување на нивото на хормони ,ултразвучна фоликулометрија
-квалитативно  утврдување на пораснатиот LH
-болни менструации ( спастична дисменореја ) најчесто се врзани за овулаторниот циклус
СПЕРМАТОГЕНЕЗА
Сперматозоидите се произведуваат ( сперматогенеза ) во свитканите канали на тестисот. Тука го минуваат развојниот стадиум од сперматогонијата преку сперматиди до сперматозоиди. Сперматогенезата трае 72 дена.

После 90 секунди после ејакулацијата, дел од сперматозоидите преминува низ порите во цервикалната слуз. Тие со активни движења, но со помош на контракциите на гениталниот тракт на жената, брзо патуваат до јајоводот. За 3 - 5 минути 100 - 200 најбрзи ( како и најквалитетни ) сперматозоиди стигнуваат до местото каде што се оплодува јајце клетката. Во гениталниот тракт на жената ( од цервикс до јајоводите )  сперматозоидите се квалитетни од 72 до 80 часа.

Зрелата јајце клетка за 3 - 5 минути стигнува во ампуларниот дел на јајцеводот. Таа е способна за оплодување само  6 - 8 часа ( најмногу 12 часа )

Од клиничко значење за плодноста кај мажите важно е да се направи анализа на спермата ( ејакулатот ). За тоа е потребно барем два пати да се прегледа во тек на 4 - 6 недели. Во случај на заразни болести, болести пратени со висока температура или после силни стресни ситуации, спермограм се прави после 3 месеци. Најсигурни резултати се добиваат после апстиненција од 3 - 4 дена.

За анализа примерок од ејакулатот се зема со мастурбација во чист и стерилен сад. Анализата се прави после 1 час, за кое време треба да се донеси примерок во лабораторијата, доколку се носи од дома. Во текот на транспортот треба да се избегнуваат екстремни температури, ладно и топло.

При лабораториската анализа се гледа бојата и изгледот на ејакулатот , неговата вискозност и киселост ( pH ). Се мери волуменот на ејакулатот и бројот на сперматозоидите. Се одредува покретливоста на ссперматозоидите спрема групи ( а - д ) и нивните морфолошки карактеристики. Спрема критериумите на Светската здравствена организација  ( WHO 1993 ) фертилноста кај мажите  спрема анализата на ејакулатот  се одредува како :

НОРМОЗООСПЕРМИЈА
- Волумен на ејакулатот од 2 - 6 мл.
- број на сперматозоиди во 1 мл ејакулат > 20 милиони
- покретливост на сперматозоидите 45 % 
- морфолошки правилни сперматозоиди околу 35 %

ОЛИГОЗООСПЕРМИЈА
- Ако во 1 мл ејакулат има < 20 милиони сперматозоиди

АСТХЕНОЗООСПЕРМИЈА

- ако покретливоста на сперматозоидите  е < 40 %

ТЕРАТХОЗООСПЕРМИЈА
- состојба при која правилни морфолошки сперматозоиди има < 35 %

АЗООСПЕРМИЈА
- нема сперматозоиди во ејакулатот

Со примена на медицински потпомоганата репродукција  (  AIH, ITI , IVF/ ET, ICSI ) подвижните сперматозоиди се издвојуваат од ејакулатот во хранлив медиум (Sperm - wash) и се концентрираат во зависност од методата која се изведува. Повеќе сперматозоиди се потребни за инсеминација  ( 300 - 500.000 ) отколку за ин - витро оплодување (50.000 ). Кога се изведува микроинекција на спермата во јајце клетката, еден сперматозоид се инјектира со микропипета во цитоплазмата на oocitот со цел за да се оплоди.
Во некои случаи на азооспермија ( со нормални вредности на тестостерон и FSH во крвта) создавањето на сперматозоидите во тестисите можи да биди во ред, но тие поради непроодност на семеноводите не можат да стигнат во ејакулатот. Тогаш  спер матозоидите можат со операција да се изолираат од епидидимисот ( MESA ) или од тестисите (TESA ). Во последно време успешна е перкутаната биопсија на тестисите и издвојување на сперматозоиди од добиеното ткиво ( PESA ).
 КАКО СЕ ПРАТИ РАЗВОЈОТ И СОЗРЕВАЊЕТО НА ФОЛИКУЛИТЕ И ЈАЈЦЕ КЛЕТКИТЕ
Растот  на фоликулите во природен и индуциран циклус се прати   :
- со сериско одредување на нивото на хормоните ( естрадиол, растот на LH  )
- ултра звук
- гинеколошки преглед - цервикална слуз
- мерење на базалната температура

Од средина на фоликуларната фаза ( 8 ден од циклусот ) се започнува со одредување на вредноста на  Естрадиол во крвта, како и редовни ултразвучни прегледи.

Вредноста на Естрадиолот расти до 2 - 3 дена пред овулацијата кога е и највисока. Оптимално таа вредност треба да биде 150 - 300 пг / мл по секој зрел фоликул. Тогаш и цервикалната слуз е најобилна , растеглива и проѕирна.

Зрелиот фоликул е најголем во природен циклус ( 22 - 28 мм ) , а при индуцирани циклуси фоликулите се нешто помали - 16 - 18 мм.

Ендометриумот ( слузницата на матката ) мора со хормони да биде припремена за имплантација. Во преовулациската фаза , ендометриумот најчесто е со правилна структура, ехогеност и дебелина барем 8 мм. 

LH
  - лутеиниризачкиот хормон почнува нагло да расти после 36 - 38 часа пред овулација. Ако  се одредува повеќе пати, почетокот на порастот на LH може многу прецизно да се предвиди  овулацијата.

Цервикалната слуз (CS) е одличен показател за висината  и делувањето на Естрадиолот (  Е2  ). Тоа важи за природен циклус и индуцирани циклуси ако не се користи Clomifen. Се прати порастот на количината на CS, нејзината растегливост како и  промените од физички и хемиски особини. Подучената жена и сама знае да го запримети порастот на цервикалната слуз пред овулација.

       САМО ИСКУСЕН ГИНЕКОЛОГ  - ЕНДОКРИНОЛОГ , МОЖЕ ВО КОРЕЛАЦИЈА СО ГОРЕ ОПИШАНИТЕ ИСПИТУВАЊА ТОЧНО ДА ЈА ПРЕДВИДИ ОВУЛАЦИЈАТА. ЗРЕЛОСТА НА ФОЛИКУЛИТЕ, А СО ТОА И ЈАЈЦЕ КЛЕТКАТА  ( ИЛИ ПОВЕЌЕ ОД НИВ ) Е ОСНОВА И УСЛОВ ЗА  УСПЕХ НА БИЛО КОЈА МЕТОДА НА АСИСТИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 14.5.2012 0:34:14 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: причини за неплодност
18.11.2009 23:42:47   
daniel
prekrasna informacija blagodaram

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: причини за неплодност
19.11.2009 8:38:11   
delfinka
ova kako vistinski strucno lice!
cestitki!

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот daniel)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: причини за неплодност
19.11.2009 11:48:19   
mother 29
Лечење на брачна неплодност

После соодветната обработка на брачниот пар и согледување на причините за неплодност, почнува нивното лечење. Изборот на методите за лечење, посебно на оние најсложените зависи од поранешното лечење на брачниот пар како и од возраста на пациентите ( особено возраста на жената ). Сметаме дека за добра соработка помеѓу докторот и брачниот пар пресудно е точното запознавање на брачниот пар со причината за брачната неплодност, како и редоследот во лекувањето .
Методите на асистирана репродукција не се и не смеат да бидат замена за останатите начини на лечење на брачната неплодност како што се:
- Лечење на инфекција на половите органи ( кај двата партнери )
- Микрохируршко лечење
- Ендоскопско хируршко лечење
- Лечење на ендометриоза
- Индукција на овулација.

Познато е дека природната можност на оплодување ( т.е. месечната шанса за оплодување ) кај жените почнува да опаѓа после триесеттата година од животот , забрзано опаѓа помеѓу 35 - 40 година , а оплодувањето околу 45 година достигнува околу нула.
Порастот на жената во години доведува до опаѓање на нејзината фертилност. На тоа опаѓање на фертилноста влијаат бројни фактори како што се намалување на ооцитните резерви, т.е. со текот на годините се намалува резервата на заметни клетки и тоа доведува до намален број на фоликули и нивниот правилен раст, расти бројот на овулациските грешки, се намалува квалитетот на ооцитите а расти бројот на хромозомските грешки што е причина за намалување на ооцитниот оплодувачки потенцијал.
Со порастот на годините доаѓа и до зголемување на гинеколошки и негинеколошки болести кај жената, а тоа доведува до намалена ендометриална прокрвареност и рецептивност што има последица - намален број на имплантација на оплодените ооцити како и отежнато носење и раѓање на здраво доносено дете.

Проблемот на неплодност отсекогаш ги привлекувал докторите и научниците а и денес е во центарот на клиничките истражувања. Приватната ординација, за разлика од големите клиники, овозможува интимност и дискреција, посебно кога се работи за проблемот на неплодност, кое често се крие пред роднините и пријателите. Брачната неплодност е проблем чие значење ги преоѓа стручно медицинските кругови и влијае на друштвото во целина. Често предизвикува емоционални проблеми на партнерот кои се одразуваат на нивниот брак. Затоа партнерите доаѓаат во приватна ординација каде нивниот проблем останува приватен, се обработува и лечи во најстрога дискреција.

Методи на работа
Важна компонента во лечењето на неплодноста е базалната дијагностика. Иако терапијата е специфична, за секој случај мора да постои основен протокол на обработка на брачната неплодност. Истражувањата се планираат од наједноставни и најефтини кон сложени. Лечењето оди паралелно со обработката.


Постапка за обработка во нашата ординација:

НЕИНВАЗИВНИ МЕТОДИ :
- анамнеза
- целосен физикален преглед вклучувајќи палпаторен наод на степенот на чистота на вагината, цитолошки преглед и ултразвучен преглед ( УЗВ )
- трансвагинален колор доплер
- микробиолошка обработка на цервикалниот секрет - откривање на кламидија, уреоплазма, микоплазма, аеробни и анаербни бактерии, габички
- посткоитален тест ( П - Ц ) дава информација неплодност на сопругот и цервикалниот фактор
- мерење на базална температура ( Б. Т. )
- целосни хормонски анализи зависно од анамнестичките , клиничките, односно ултразвучните наоди
- Трансвагинална ехо сонографија - денес е важен за одредување на бројот на фоликулите, утврдување на реакцијата на фоликулите на стимулација , утврдување на овулација , одредување на моментот на давање на хЦГ и утврдување на можните комликации. Пред петнаесеттина години е воведена техниката на аспирација на јајце клетката со помош на трансвагинална сонда со водич за игла. Оваа метода денес стана незаменлива.

< Поракaта ја уредил Еца -- 3.12.2009 10:37:46 >

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: причини за неплодност
19.11.2009 11:50:15   
mother 29
Неплодност :Глобална перспектива
Од интервјуто на Д-р Трпчевски за Радио Битола
1) Која е дефиницијата за неплодност?
Неплодноста се дефинира како неможност за концепција во тек на една година при редовни сексуални односи без заштита. Изостанокот на бременоста до година дена во некој пар не е сигурен знак на неплодност мегутоа кога ке помине тоа време и бременост нема нејзиниот изостанок престанува да биде случаен и упатува на тоа дека има некоја причина. По сите показатели со овај термин се опфатени 8-15% од брачните парови. Интересен е односот на граганите на Европска унија према неплодноста. Свеста за дефиницијата и инциденцата на неплодноста е многу ниска така само 38% анкетирани смета дека неплодноста е болест. По дефиниција неплодноста е болест а основно право на секој човек е да ја лечи болеста Мегутоа според мене тоа не е болест туку синдром. Медицински навистина синдромот е болест кој се манифестира со повеке симптоми а овде се манифестира со еден а тоа неможноста за добиванје дете Мегутоа таа е прицинета одеден или повеќе фактори а симптомот е ист: неможност за добивање дете

2) Кое е значењето на проблемот на неплодноста?
Неплодноста е субјект од светски интерес и важен во истражувањето и клиничката пракса. Тоа е навистина голем здравствен проблем во современиот свет од физиолошки психолошки и социјален аспект. Во глобалната популација 50-80 милиони имаат примарен и секундарен стерилитет во ова време. Демогравските показатели покажуваат на понатамошен негативен тренд во природниот прираст на населението што придонесува и фактот дека околу 15% од брачните парови се неплодни
3)Дали во Битола е направена некоја проценка колкав е бројот на неплодни брачни парови?
Во Битола сеуште не сме направиле студија и анализа на вкупната бројка на брачни парови кои се неплодни меѓутоа се претпоставува дека 1000 до 1500 парови имаат пореба од лекарска помош за остварување на концепција

4) Познат е фактот дека плодноста на жената и квалитетот на репродукцијата е најголема меѓу 20 и 30 год на животот. Дали годините влијаат на плодноста?
Секако дека одложувањето на раѓањето доведува до пад на плодноста го зголемува ризикот за хромозомски абнормалности и го зголемува ризокот за спонтани абортуси. Така појавата на неплодност е двоструко поголема кај жени од 35-44 години во споредба со жените од 30 –34 год. Затоа жените кои ја одложуваат бременоста до средните и касните триесетти години ке се соочат со тој проблем. Приближно 1 од 7 парови е неплоден до 30-34 год 1 од 5 помегју 35-39 а 1 од 4 во возраст од 40-44 год. Иако процентот на брачните парови што се однесува до неплодноста не показал драматични промени сепак приметен е порастот на неплодните парови. Фертилноста на жената значајно опаѓа после 35 год. Конкретна причина за смалената фертилност на жената со старењето не е позната меѓутоа се претпоставува дека е дефектот на самото јајце кое го прават помалку квалитетно за оплодување. Во прилог на оваа претпоставка зборуваат честите аномали на плодот како и абортуси на жената во постари години.
Меѓутоа што се случува денес! Бременост во касната репродуктивна доба постана светски тренд на развиените западни земји. Во Америка во периодот од 1980-86 год учеството на примипарите во доба од 35-39 год се зголемило за 81% а се удвостручило во доба над 39 год. Се мисли дека социјалните проблеми секесуално переносливите болсти се сметаат за најодговорните факти за одложување на мајчинството на современата жена. Меѓутоа одложувањето на мајчинството и зголемувањето на преваленцијата на разводот и повторниот брак значајно го зголемува процентот на жените кои сакаат да забременат во постари години кога фекундитетот опага. Всушност евалуацијата и лечењето на оваа група пациетки за нас гинеколозите претставува најголем предизвик.

5) Каква може да биде неплодноста?
Неплодноста кај жената може да биде примарна во случај кога жената не забременува и секундарна кога веке дошло до концепција но покасно веке не се случува

6) Кога не се остварува концепција, рековте после година дена од редовни сексуални односи кажете ми дали постои причина за тоа?
Современите испитувања ги установиле следните причини за неплодност :
Необјаснива или непозната кај 10 – 15 % неплодни парови.
Аномалија на сперма и останати причини за машка неплодност 25 %
Изостанок на овулација 18 %, оштетуванје на јајоводите 14 %, ендометриоза 6 % , инфекции 10 % итн.

7) Како оди испитувањето?
Испитувањето е индицирано после 1 година траење на неплодноста, во извесни случаи може да е индицирано и порано, на пример, доколку жената е постара од 30 години или ако мажот е постар од 40 години.
Процесот на утврдување на неплодноста се нарекува работење на неплодноста
Примарната цел на испитувањето на неплодниот брачен пар е да се откријат причините за да на основа на тоа покасно се востанови прогнозата на идната фертилност како би се превзела најадекватна терапија.
Иницијалното испитуванје подразбира земање на анамнеза: колку е староста на пациентката, траењето на неплодноста, анамнеза на двата партнери за сексуалните односи, поранешни болести, инфекции, употреба на лекарства итн.
Испитувањето на неплодната жена има за цел да одговори на следните прашања:
- Дали се случува овулација ?
- Дали овумот (јајцето) може несметано да помини низ јајоводот ?
- Какво е семето на мажот? Или каков е спермограмот на мажот?
Испитувањето на овулацијата подразбира; анализирање карактеристики на менструалниот циклус (присуство на регуларен менструален циклус укажува на овулација во 91 – 97 % од случаите, кај нерегуларни циклуси пократки од 25 или подолги од 35 дена овулацијата се одигрува во 73 – 76 % од слуцаите )
Овулација се докажува и со мерење на базална температура, ултрасонографски преглед на јајниците и матката со пратење на раст и развој на фоликулот, хормонски испитувања на нивото на хормонот Прогестерон во крвта, итн.
Второто прасање дали јајцето може да помине низ јајоводот односно испитуванје на проодноста на јајоводите се врши со хистеросалпингографија (ХСГ) и лапароскопија.
Испитување на спермата се врши со микроскопска анализа на семениот материјал или во поново време со автоматски компјутерски аналајзери. Постои ит.н. НЕОБЈАСНЕТА НЕПЛОДНОСТ. Кај 10 – 15 % од брачните парови кај кои се спроведени сите расположливи методи на испитување не е возможно да се востанови причината за неплодност. Тоа е необјаснета неплодност или идиопатски стерилитет. Додека неплодноста сама по себе е и тешко искуство, необјаснетата неплодност е фрустрирачка за пациентот и лекарот. Често се јавува чувство на безнадеж, кога ништо ненормално не е најдено па према тоа и нема шанси за бременост. Паровите со необјаснива неплодност кои се пратени без лачење имаат процент на бременост 30 – 50 % после 2 години и 60 – 70 % после 3 години.

8) Денеска со напредокот на технологијата пристапот во дијагностиката и лечењето на неплодноста динамично се променија. Во што се состои модерениот пристап кај неплодните парови?
Расте уделот на неплодните парови во општата популација, расте нивната просечна старост, се повеке се бара медицинска помош, се зголемуваат можностите на лечење. Во филозофијата на лечењето на неплодноста се случува поместување од дијагностичко према прогностички пристап на лечење со снажно модифицирани постапки на ткн потпомогнато оплодување чии резултати недвојбено делуваат на стилот и опсегот на дијагностичката постапка во откриванјето на причините за неплодноста. При тоа постојат значајни разлики како во темелната така и во општата обработка на неплодниот пар. Дијагностицките постапки се состојат во нализата на оплодните способности на мажот, докажување на овулација кај жената, проверка на проодноста на патиштата, ендокринолошки испитувања ултразвучна дијагностика имунолошки исптувања микробиолоски ендоскопски итн. Сите овие постапки се многу битни секоја си има свое значење бидејки лош резултат со некое испитување недвојбено корелира со смалена плодност
Денеска многу е битно лечењето т.е. постапките на лечење
На современата сцена на лечење на неплодноста се надметнуваат две темелни настојуванја: едното заговара одложување на постапките на потпомогнато оплодување а другото ја води идејата за убрзана примена на Потпомогнато оплодување како би се избегнале долготрајни скапи испитуванја како причина за неплодност . Затоа дијагностиката и лечењето на неплодноста имаат особено значење во секое друштво често допирајки ја најосетливата интима на неплодниот пар. Објаснувањето на постапката, реалното укажување на шансите за бременост етичноста и дискрецијата треба да бидат уз стручноста главни одредници на пристапот на проблемот на лечењето на плодноста

9) Кога се зборува за неплодност дали само жената или и мажот е афектиран со неплодност односно колку и двајцата се причина поединацно за стерилитетот односно инфертилитетот?
Историски неплодноста била повеке била присутна кај жената како и да е во реалноста таа има подеднаков ефект и врз мажот и врз жената.
Инфертилитетот ги афектира и мажот и жената во репродуктивните години во сите области на светот, предизвикувајки значителна болка и дисрупција на фамилирарниот живот. Иако проценката за оваа преваленца не е многу точна и варира од регија до регија отприлика 8-15 % од брачните парови имаат проблем со неплодноста за време на нивниот репродуктивен живот
Према мултицентричните испитувања на светската здравствена организација спроведен кај преку 7000 парови во 35 земји причините за неплодност се наогаат во 24% само кај машките 24 % кај двајцата партнери а 41% кај жената. Дури 11 % од случаевите на брачната неплодност не покажала обкетивни промени ни кај двајцата. Значи уделот на машкиот фактор е прилично голем иако по природа работите најчесто се вртат помегу жената и гинекологот. По правило жената е таа која често го посетува гинекологот а мажите тоа го избегнуваат или најчесто учествуваат индиректно давајки само семен материјал. Со оглед на тоа дека можноста за остварување на оплоден потенцијал во еден од партнерите е зависна од оплодниот потенцијал на другиот секогаш треба да се мисли на пар и да се гледа како на биолошка целина односно единица. Само од дидактички и научни или дијагностичко тераписки прицини се зборува посебно за неплодност на жена или маж.

10)Неможноста да се добие дете ствара кај многу брачни парови чувство дека се изгубила контролата во многу значен сегмен од нивниот живот брачните парови се емотивни. Како реагираат овие парови?
Точно така паровите се доста емотивни најчесто тие реагираат со одреден степен на емоции кој се опишува како животна криза. Тој терет е додатно отежнат со наметнување на задачи и постапки за испитување на неплодноста. Тие осекаат бес или го усмеруваат бесот еден на друг, на фамилијата, напријателите, на лекарите. Обично при стапување во брак можноста за забременување се прифака како готова работа. Готово сите очекуваат да имаат дете а сознанието дека имаат проблеми со неплодноста рага болни и тешки емоции. Многу парови очајнички сакаат дете и не можат да го замислат својот живот без потомство, паровите се свесни дека е тоа често пореметување. Кај некои почетната реакција е шок и неверување а кај некои депресија. Со самиот факт што не можат да имаат деца за нив тоа значи и неможност за исполнување на сонот, губење на контрола па од таму и невообичаена реакција е и да се љубоморни на бремени жени на здравствените работници, на пријателите.
Со првиот шок по сознанието за инфертилитетот двојката има тешкотии за комуницирањето за ова ситуација и самостојно препуштање на одлуката што понатаму? Тие можат да се чуствуваат осамени и поинакви или неоправдано издвоени до другите. Ако двата се способни да ги ислушаат и сватат мислите еден со друг тогаш тие ке можат далеку полесно да се носат со тој проблем, дури и можат да ја збогатат врската со заедничко сносење на тескотијата на проблемот.
Инфертилитетот е тешка трагедија вели една наша пациентка ”Како да објасниш некому дека си поминала тешка нок затоа што не постоесе бебе да ме држи будна, куката беше чиста и немаше растурени играчки по подот? Кој знае дали ке те разбере некој дека си плачела после рекламните пораки за бебешките пелени”
"Чувствата ми стануваа поинтензивни кога ке се најдев во близината на мојата пријателка и ме доведуваа до хистерично плачење...”
"инфертилитетот стана дел од мојот живот во тек на овие девет години. Некои денови се чинат далеку потешки од останатите. Но тежината всушност е присутна секој ден. Не ја прифатив реалноста дека ова мене ми се случува, но научив да живеам со тоа”

11)Во вашата пракса како консултант во гинеколошката ординација Плодност и како вработен на гинеколшокото оделение во Битола дали сите неплодни брачни парови успеавте да ги излечите?
Во нашата повекегодишна работа на проблемите на стерилитетот во гинеколошката ординација Плодност не успеавме да излечиме ниедна жена која била убедена дека нејзиниот случај е нерешив и имала чувство дека нема да биде мајка. Наспроти тоа успеавме да излечиме бројни пациенти кај кои сите показатели зборуваа дека случајот е тежок и неизлечив.да би биле поштени према своите пациентки а и према самите себе како екипа која има амбиции успешно да ја работи својата работа ние на нашите пациенти им ги изнесуваме добините резултати укажувјки им дека сме излечиле многу брачни парови кај кои не сме се надевале дека ке имаат бебе односно не сме излечиле брачни парови кај кои верувавме дека ке добијат бебе. Многу пациентки отидоа во поголеми познати центри во бившите југословенски републики и Европа гаеа надеж дека својот проблем ке го решат одејки на секаде каде што ке слушнеле дека е успешно, кога не наогаа решение за своите проблеми дел се вракаа назад а дел лутаат по гинеколози кои немаат доволно искуство и решение за оваа проблематика. Од таму кај нас се роди идејата за примена на најсовремените методи на репродуктивна технологија (ИВФ, микроманипулација-ИЦСИ, ТЕСА, МЕСА, замрзнување на ембрион и сперма)
Од крајот на април 2004 во гинеколошката ординација Плодност се применуваат сите нови методи на вештачко оплодување така да брачните парови ке бидат поштедени од неизвесноста и далечните патувања.

12) Проблемот на неплодноста од секогаш го привелкувал вниманието на лекарите и научниците а и денес е во средиштето на клиничките истражувања. Обработката и лечењето на неплодноста не може да се замисли без големи клинички и субклинички установи каде што се изведуваат опсежни и скапи операции. Мегутоа факт е дека денеска се повеке пациентите одат во приватаните ординации
Тоа е вистина приватната ординација за разлика од големите клиники овозможува интимност идискреција посебно ако се работи за пробелмите на стерилитетот која често се крие пред роднините и пријателите. Брачната неплодност е проблем чие значење ги поминува стручномедицинските рамки и има влијание на друштвото во целина.цесто предизвикува емоцииионални проблеми на партнерите кои се одразуваат на нивниот брак. Затоа партнерите со задоволство доагаат во приватаната ординација каде нивниот проблем останува приватен се обработува и лечи во најстрога дискреција. Во приватаната пракса многу е важна цената бидејки самиот пациент плаќа. Потребно е затоа да се води строг рачун да се работат неопходните испитувања и по цена прифатлива за пациентот. Цените на нашите услуги се достапни на поголем број пациенти и многу се пониски од цените на многу европски центри иако апратурата што е земена во приватната ординација е иста како оние во европските центри.
Многу битна моралната и етичка одговорност на лекарите во приватаната ординација да процени докторот кога повеке не ке можи да му помогне на пациентот и да го упати на понатамошно испитување или ако изгледите за успех се никакви да му го каже тоа на пациентот. И на крај потребана е континуирана едукација на гинекологот кој се занимава со пробелмот на брачната неплодност.

13)Успехот на лечење на стерилитетот е од огромно значенје за самата фамилија која неплодниот брак ја оптеретува а цесто и го загрозува нивниот опстанок и понатамошна смисла на брачна заедница. Што мислите д-ре дали е тоа ваш успех и дали ви причинува задоволство кога ке излечите еден ваков неплоден пар
Бракот без деца е брод на бура на отворено море. Од тука се јавува тенденција на нас лекарите да ими се помогне на овие брачни парови не само затоа што е социјално и човечки потребно туку е и”длабок морален и општ фактор”
Проблемот на проучување на брачниот стерилитет е најповеке проблем на брачните другари кои патат затоа што немаат деца а потоа е и проблем на неговиот лекар кој се обврзал да се лечи и излекува.
Оние кои се занимаваат со оваа проблематика треба да сватат дека ако сакаат да постигнат резултати дека брачната неплодност не трпи површности и импровизации-бара цел човек кој систематски и плански ке ја спроведе целокупната методологија.
Областа на брачната неплодност е во експанзија и оние кои не се во состојба да ги пратат научните достигнувања во оваа област повеке им штетат на пациентите, колегите и општеството.
Најголемо задоволство и сатисфакција за мене па и на секој лекар кој лечи неплодност е созанието дека дошло до бременост и пороѓај на нивната пациентка. Јас се радувам исто така како и брачниот пар и со нив ги споделувам чувствата на среќа и радост.
Плодноста е одлика на животот. Затоа секој напор да се воспостави нарушената равнотежа на плодноста достоен е на човечко внимание и поштовање и тоа треба да се почитува.                  
др Таше Трпчевски 

< Поракaта ја уредил Еца -- 3.12.2009 10:42:39 >

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: причини за неплодност
19.11.2009 15:22:12   
delfinka
a ako kaj dvajcata partneri site rezultati se ok a nema rezultat pozitiven,sto mislite deka e najdobro?

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: причини за неплодност
27.11.2009 12:09:28   
arh_diz
Sakate bebe? Oslabnete!
Debelite dvojki poteshko dobivaat deca otkolku onie so normalna tezhina, predupreduvaat danskite struchnjaci od Univerzitetskata bolnica vo Arhus. Danskiot tim pomegju 1996 i 2002 godina sledel 48.000 dvojki (megju koi imalo 7.600 mazhi i zheni so vishok kilogrami) so cel da utvrdat kolku im e potrebno da zachnat dete od momentot koga pochnale da praktikuvaat seks bez zashtita.
Zakluchokot bil deka vo sluchajot kade mazhot i zhenata bile debeli postoela tripati pogolema verojatnost deka kje mora da chekaat preku edna godina pred zhenata da zabremeni, za razlika od zhenite so normalna debelina.
Vishokot kilogrami mozhe da vlijae na individualnata plodnost i kaj mazhite i kaj zhenite - kaj mazhite nepovolno deluva na kvalitetot na spermata i nivoto na reproduktivni hormoni, dodeka kaj zhenata ja zagrozuva ovulacijata, zachnuvanjeto i raniot razvoj na plodot

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: причини за неплодност
27.11.2009 13:01:40   
Bogdancanka
е за ова и јас не знаев последно кога бев кај мојот матичен ми вика е добро бре Јованка маж ти толку ли е дебел што има проблем со спермограмот,прв пат слушнав дека и тоа влијаело кај мажот али мм е слабичок нема проблем со тежината.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: причини за неплодност
27.11.2009 16:13:18   
Палешка РР
Секоја трета двојка без деца


Секоја седма двојка во земјава не може да има деца, а веќе од следната деценија проблем со стерилитетот ќе има секоја трета. Загрижувачката брачна неплодност, според гинеколозите, е последица на стресниот и нередовен живот на младите, на цигарите и на алкохолот. Медицинските причини, пак, за неплодност се инфекциите што многу лесно се пренесуваат, како и анатомските промени на гениталиите и хормонските нарушувања. - Ваквата појава во последниве неколку години има загрижувачка тенденција на пораст. Речиси секоја трета брачна двојка што доаѓа на преглед кај мене се обидува да добие деца - вели Гордана Марковска, гинеколог. На жените што мајчинството го одолжувале поради економски причини и кариера, а се во поодминати години, во голем процент им е намалена можноста да станат мајки. Со 27 години се намалува моќта на жената да забремени, по 35 година можноста да се зачне плод е речиси преполовена, а на 40 години шансите се намалуваат уште за дваесет проценти.
Во последно време, според лекарите, е зголемен и машкиот стерилитет. Дури кај 45 проценти од двојките што не можат да добијат деца причината е машката неплодност.
Гинеколозите објаснуваат дека постојат женски, машки и мешовит тип неплодност. Доколку жената никогаш не забременила се работи за првичен стерилитет, но доколку во минатото била трудна, без разлика кој бил резултатот тогаш станува збор за второстепен стерилитет.
- Женски фактори за неплодност се проблеми со овулацијата, непроодни јајцеводи, хормонска нерамнотежа или поодминатата возраст. Кај мажите, пак, е бројот и квалитетот на сперматозоидите во спермалната течност или нивна слаба подвижност - вели Снежана Адамоска-Клисароска, гинеколог. Лекарите препорачуваат лекувањето на неплодноста да почне доколку во текот на една година и покрај редовните сексуални односи не дојде до зачнување.
Кај нас, најчест метод за вештачко оплодување е инвитрото, односно вадење јајце-клетки од жената и сперматозоиди од мажот, кои заедно се ставаат во епрувета и директно се вшприцуваат во матката. - Покрај методот народски познат како дете од епрувета постојат и други начини на забременување. Еден од нив е поттикнувањето на овулацијата со или без интраутерина инсеминација во зависност од квалитетот и бројот на сперматозоиди - објаснува Адамоска-Клисароска.
Таа вели дека брачната неплодност може да се реши и со асистираната репродукција, која се употребува доколку со претходните третмани не се постигнала бременост.



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: причини за неплодност
30.11.2009 0:09:21   
delfinka
leleeeeeeee togas za mene nema sansi!!!!!!
em stari,em debelki...of,of........

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: причини за неплодност
30.11.2009 0:19:48   
Еца
делфинка немој да се разочаруваш, не мора да значи, но можете да обратите внимание на исхраната, барем да контумирате малку повеќе исхрана која се препорачува кога брачниот пар се труди да зачне.

еве еден цитиран пост со убави совети
ИЗВОРНА ПОРАКА: ivanaa

Ако сакате да забремените, внимавајте да внесувате доволна количина;

Bитамин Е-Добри извори се житарките, брокулата, јаткастите плодови, квасецот, леќата, зелените листовидни зеленчуци и сојата.

Витамин А - Добар извор се брокулата, зелката, кељот и карфиолот.

Витамин Ц - Добар извор се брокулата, зелката, кељот карфиолот и портокалот.

Витамин Д - Добар извор се млечните производи и лососот.

Калциум – Добар извор се сојата, брокулата, млечните производи и лососот.
Железо – Добар извор се зелените листовидните зеленчуци.
Цинк – Добар извор се квасецот, семките и сојата.
Фолна киселина – Добар извор се зелените листовидни зеленчуци, житарките, квасецот, сојата и овошјата од групата на цитруси.
Есенцијални масни киселини – Добар извор се растителните масла и рибата.

Храна која треба да ја избегнувате кога сакате да забремените

Алкохол, вештачки засладувачи, бои за храна, ѓумбир, производи од ѓумбир, тоници (пијалаци), кофеин (чоколадо, напивки, кафе, чај) натриум глутаминат и други адитиви, делумно варена или неварена храна, диети, особено оние ригорозните, аспирините и другите лекови против болка, оралните антибиотици, антихистамините и сите други лекови кои вашиот гинеколог не ги одобрил.
Макробиотичарите велат дека би требало да се избегнуваат и следните намирници: месо и јајца, шеќер, посебно рафинираните шеќери, млеко и млечни производи, протеини.






_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: причини за неплодност
30.11.2009 12:33:06   
mother 29
Инфертилитет наспроти субфертилитет
Терминот инфертилитет во стварност е погрешен термин (тој подразбира неможност за забременување). Најголем број од пациентките кои доаѓаат на преглед не да не можат да забременат туку едноставно не забременале толку брзо колку што сакаат. Поради тоа, подобар термин за ваквите пациентки е субфертилитет. Ова значи дека ако им дадеме доволно време, пациентките ќе забременат без никаква медицинска помош.
Но без разлика какви термини користиме (инфертилитет или субфертилитет) брачните парови кои не можат да забременат имаат вистински проблем и тие поради него вистински страдаат. Затоа ваквите пациентки треба да бидат лекувани на ист начин како и било кој друг пациент со хронично заболување.
Колкав е процентот на инфертилитет?
Публиковани се бројни проценки за бројот на инфертилни брачни парови. Во зависност од развиеноста на земјата овој процент варира од 10 – 20 %. Во Македонија овој процент е околу 16% од сите жени во репродуктивен период. На жалост само една петтина од нив бараат медицинска помош.



(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: причини за неплодност
1.12.2009 10:53:05   
arh_diz
Психолошката причина исто така претставува голем проблем при забременуването.Жената е постоjано во исчекуване как ке биде што е се случи ,шток е каже гинекологот.Понекогаш е подобро помош да се побара као психолог .

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: причини за неплодност
1.12.2009 11:13:45   
biljana16
Vo potpolnost se slozuvam so tebe arh_diz. Jas koga dignav race od site genikolozi  urolozi i od site lekari i koga ne razmisluvav na bremenost togas ostanav bremena. Inaku tolku godini dodeka sekoj mesec odev na lekar nisto ne postignav. Zatoa vi kazuvam pravete raboti vo koi uzivate i nemojte da pomisluvate na taa tema. Samo taka ke uspeete da ja postignete vasata cel. Se nadevam deka site sto cekate user posted image  vo 2010 ke ne izraduvate so najubavata vest. 

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: причини за неплодност
1.12.2009 18:10:56   
Bogdancanka
се во ред али никако неможам да не размислувам за дечиња многу пати сум си кажала ајде од денес не се замарам што ќе биде нека биде али никако не ми иде на кај и да се свртам да видам некоеuser posted image или дечиња околу мене јас осекам празнина и се враќам во реалноста.Колку и да се трудам да не мислам неможам може само да се залажувам најискрено.

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: причини за неплодност
1.12.2009 18:15:10   
Bogdancanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Психолошката причина исто така претставува голем проблем при забременуването.Жената е постоjано во исчекуване как ке биде што е се случи ,шток е каже гинекологот.Понекогаш е подобро помош да се побара као психолог .


можеби и јас треба да побарам помош од психолог потполно си во право Арх_диз дека прихолошка причина може да влијае во проблем при забременување.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: причини за неплодност
2.12.2009 10:18:24   
arh_diz
Bogdancanka probaj pred seks da se napies malku alhohol da se opustis user posted image user posted image moze ke ti pomogne

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: причини за неплодност
2.12.2009 22:40:09   
Bogdancanka
mislis malku a nemoj da bidam edna mi e malku dve mi se mnoguuser posted image user posted image user posted image i na kraj da zapijamuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: причини за неплодност
3.12.2009 10:23:42   
arh_diz
ke se probudis sonliva :) i ke ti tekne ke go razbudiz mazot ti nisto strasno neli. Vazno da bide rabotata
Edna moja prijatelka ima tri deca i site gi ima zacnato taka . A za ednoto bila mnogu pijana i sega se zeza aa vika ova e najubavo :) user posted image user posted image

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: причини за неплодност
8.12.2009 9:50:53   
arh_diz
Постојаното загадување на водите, шумите, растенијата, животните, постепено ќе почне да се одразува и на губење на човечкиот род. Нивото на плодност сé повеќе се намалува и кај двата пола. Сé повеќе двојки, наместо со деца, се шетаат со миленичиња. Дел од одговорноста ја имаат самите тие поради нездравиот начин на живот.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: причини за неплодност
8.12.2009 10:00:55   
Bogdancanka
потполно се согласувам нездравиот начин на живот и се она што не опкружува загаден воздух,загадена средина,нечиста вода сето тоа има влијание на сепоголемиот процент на неплодност.Од година на година процентот на млади двојки кои се борат со неплодност за жал расте.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: причини за неплодност
12.12.2009 15:15:31   
arh_diz
Жените кои поминуваат премногу време во вежбалната ги намалуваат своите шанси за раѓање деца. Најновите испитувања покажуваат дека прекумерното вежбање влијае на плодноста.

Научниците откриваат дека секојдневното вежбање кое предизвикува исцрпеност на организмот предизвикува проблеми со плодноста. Поради тоа, на жените кои прекумерно вежбаат им се заканува дури 3 пати поголема опасност да останат неплодни отколку останатите.
Иако на сите ни е познато дека вежбањето е добро за здравјето, стручњаците предупредуваат дека жените не би требало да предупредуваат со своите физички активности. Според нив, постојаната исцрпеност на телото и прекумерното трошење енергија драстично ги намалува шансите за успешна бременост.
Ова ново испитување е дело на холандски научници, кои извршија серија тестови на повеќе од 3.000 жени кои мораа да одговорат колку често и интензивно вежбаат и да се изјаснат на други прашања поврзани со нивната бременост.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: причини за неплодност
12.12.2009 15:16:32   
arh_diz
исцрпеност - непријател на плодноста 
Помеѓу сите тие жени откривме само две групи кои имаа зголемен ризик за неплодност. Станува збор за жени кои тренирале речиси секој ден и жени кои вежбаат се додека потполно не го исцрпат својот организам. И двете групи имаа зголемени шанси за неплодност" - истакна Сигридур Лара, водач на испитувањето.
Според научниците, причината за неплодност кај овие жени е резултат на хормонскиот дисбаланс во нивниот организам, кој е причинет од исцрпеноста на телото.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: причини за неплодност
12.12.2009 15:33:18   
arh_diz
Жените кои сакаат да забременат би требало да престанат да пијат алкохол и пијалоци кои содржат кофеин. Стручњаците тврдат дека откажувањето од тие навики ќе ви помогне многу повеќе отколку посета во некоја од клиниките за плодност.
Др. Ема Дебришир од универзитетот Манчестер Метрополитен тврди дека дури 32% од жените кои претходно имале проблеми, успеале да забременат по откажувањето од алкохолот и кафето. Таа вели дека ова е засега најефикасниот метод за забременување, дури поуспешен и од методот на вештачкото оплодување.
Познатата британска докторка вели дека е исклучително важно идните мајки да престанат и со пушењето. Истражувањата покажуваат дека и пушењето игра значителна улога во намалувањето на шансите за забременување. Др. Ема Дебришир вели дека е крајно време паровите кои сакаат да имаат деца да ги променат своите животни навики.
Жените кои неделно конзумираат еднаш до пет пат алкохол имаат 60% шанси да забременат, додека кај жените кои пијат повеќе алкохол во текот на неделата, шансите за бременост изнесуваат само 30%.
Др. Дебришир исто така предупредува дека и кофеинот ги намалува шансите за бременост и советува дека дневно не треба да се конзумира повеќе од 300 мг. чај или кафе, односно не повеќе од три мали шолји.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: причини за неплодност
4.1.2010 21:09:18   
ripce
Покачувањето на пролактининот - една од причините за стерилитет

Пролактинот е хормон што се продуцира во хипофизата. Неговата основна функција во организмот е да го забрза развојот на дојките во текот на бременоста и да ја почне продукцијата на млеко во нив. Физиолошки е вредностите на пролактинот да бидат зголемени во текот на бременоста и доењето.

Хиперпролактинемија е состојба на покачено ниво на хормонот во отсуство на бременост и доење. Како и сите други хормони во организмот на човекот така и пролактинот има свои стимулирачки и инхибиторни фактори што влијаат на неговото излачување. Само рамнотежата меѓу нив ќе резултира со нормални вредности на хормонот во крвта кај човекот.

Најчести состојби што доведуваат до хиперпролактинемија се: стрес, траума на граден кош, бубрежна инсуфициенција, хепатална инсуфициенција, намалена функција на тиреоидната жлезда, употребата на некои лекови, особено на тие што дејствуваат на централниот нервен систем и група секретирачки тумори на хипофизата (пролактиноми).

Хиперпролактинемијата кај жена може да се манифестира со следните симптоми: појава на млеко во градите (галактореја), неуредни менструални циклуси: ретки менструации (олигоменореја), комплетно отсуство на менструација (аменореја) и неплодност.

Кај маж, најчест симптом е сексуалната дисфункција: намалување на либидото, еректилна дисфункција и неплодност.

Кај обата пола, ако постои пролактин секретирачки тумор симптоми ќе бидат главоболки и проблеми со видот.

Хиперпролактинемијата не мора секогаш да биде придружена со сите наброени симптоми. За илустрација, една третина од пациентките што се јавиле на преглед поради галактореја имаат нормални менструални циклуси. Дел од пациентките што биле на преглед поради неплодност немаат галактореја, имаат уредни менструации, но лабораториските вредности на пролактин се покачени. Кај нив, ако се исклучат другите фактори за неплодност, причина е несоодветна функција на жолтото тело (несоодветна подготовка на матката за прифаќање на оплодена јајце-клетка). Кај една третина од пациентките как кои е поставена дијагноза на полицистичен оваријален синдром вредностите на пролактинот се лесно покачени.

Дијагнозата се поставува со лабораториски наод на покачено ниво на хормонот во крвта на човекот. Во зависност од симптомите (главоболки, проблеми со видот), како и од степенот на покачување на хормонот во крвта, може да се направат и други иследувања како што се: компјутеризирана томографија, визуелизација со магнетна резонанција на хипофизата со цел да се потврди или да се исклучи постоењето на пролактин секретирачки тумор.

Лекувањето е најчесто медикаментозно. Само во случаи кога постои секретирачки тумор на хипофиза поголем од 10мм (т.н. макропролактином) доаѓа предвид оперативна или зрачна терапија. И малите тумори на хипофизата - микропролактиноми кои се помали од 10мм, се лекуваат медикаментозно. Од медикаменти се употребуваат лекови што дејствуваат слично на допаминот, кој е природен инхибитор на лачењето на пролактин. Оваа група лекови имаат несакани дејства: мачнина, вртоглавица, пад на притисокот, зголемена потреба за сон. За да се избегнат тие несакани ефекти, дозата постапно се зголемува, а потоа се бара минимална доза на лекот што ќе го одржува нивото на пролактин во нормални граници. Вака дозиран, лекот треба да се зема подолго време за да не се појави повторно хиперпролактинемија. Кај пациентките што се јавиле поради неплодност, лекувањето најчесто трае до постигнување на бременост


< Поракaта ја уредил ripce -- 4.1.2010 21:10:51 >

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?