|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Концерт во чест на Тоше Проески
8.1.2010 22:21:39   
Julie1
Новите балади на Тоше пред скопската публика

Најголемите бивши ЈУ-ѕвезди ќе допатуваат на концерт во Скопје за да отпеат песни напишани од перото на Проески

„Тоше и пријателите“ е работната верзија на новиот постхумен албум на најголемата македонска пејачка ѕвезда што ќе биде промовиран на денот на неговиот роденден, 25 јануари 2010 год., за кога е предвидено да се одржи голем хуманитарен концерт во чест на нашата икона.

Според најавите, во Скопје се очекува да пристигнат неколку големи ѕвезди од бившите ЈУ-простори, блиски пријатели и соработници на македонскиот пејач, кои ќе настапат со песни напишани од перото на Тоше Проески. Станува збор за композиции, околу осум, што се создавани во последните две години од животот на Тоше, во периодот од 2005 до 2007 година, од кои најголемиот дел се балади.

„Осумдесет отсто од песните се балади што ги компонирал Тоше. Според сатницата на записите, сите се правени по полноќ, очигледно тогаш Тоше имал најголема инспирација“, ни откри Славен Ристески, зет на Тоше и дел од организацијата на претстојниот концерт. Тој додаде дека дел од песните се веќе снимени.

„Деталите се' уште не можам да ги откријам, зашто моментално се работи на нив и воопшто, на целокупното сценарио. Во игра се две-три варијанти околу тоа како ќе изгледа концертот, но можам да кажам дека на него ќе бидат изведени седум или осум песни компонирани од Тоше, а меѓу нив ќе се најде и песната, отпеана од Тоше, „Још увијек сањам да смо заједно“ на Мирослав Рус. Тоа е една од најубавите песни што воопшто сум ја слушнал. На неа е работено речиси една година, а сите инструменти се снимени во живо, квалитетот е на највисоко ниво. Но, кога станува збор за пеењето... Е тука навистина немам зборови со кои би можел да го опишам“, додава Ристески.

Конечниот список на пејачи што ќе ги пеат песните, напишани од Тоше се' уште не може официјално да се потврди. Моментално сите работи и подготовки се одвиваат на релација Скопје – Белград - Загреб - Сараево и секојдневно се одвиваат контактите со останатите автори кои на музиката на Тоше создаваат текстови, аранжмани, продукција...

„Тоа се луѓето што соработуваа со Тоше до последниот ден од неговиот живот, луѓе што бескомпромисно и веднаш се согласија да бидат дел од проектот што ќе го одбележи концертот. Меѓу нив се: Мирослав Рус, Никша Братош, Миро Буљан, Марина Туцаковиќ, па авторот што ја напиша „Несаница“... Одбрана екипа автори кои добро го познаваа Тоше и неговиот менталитет, размислувањата, душата. Кога Никша Братош и Миро Буљан ги преслушаа беа премногу изненадени од тоа колку Тоше бил голем композитор и особено им беше драго што тие треба да ги довршат, доаранжираат, иако некои од нив имаа дури и свој аранжман што го направил Тоше“, вели Ристески.

Сите песни ќе бидат ставени и издадени на носач на звук, а албумот ќе се продава во земјава, но и надвор од неа, во регионов, и ќе биде подзасилен со неколку видеоспотови кои би требало да го промовираат уште подобро.

Меѓу другото се очекува да се затвори и прашањето околу дефинитивната локација на одржувањето на концертот во чест на Тоше. Арената „Филип Втори“ или втората варијанта - затворен простор (во зависност од капацитетот ќе се избира меѓу салата „Борис Трајковски“ и „Метрополис арена“ на Скопски саем) се веројатните локации на кои е предвидено да се одржи големиот настан. Многу прашања и дилеми се појавија по презакажувањето на терминот, кој наместо на 5 октомври, се префрли на 25 јануари, а можната локација, арената „Филип Втори“ отвори дополнителни прашања, особено ако се има предвид дека предвидениот термин е во зима кога временските услови се променливи, а ниските температури доминантни.

„Ако може плоштадот во Скопје да биде полн за дочекот на Нова година, зарем луѓето не би можеле да издржат два часа на Градски стадион?“, вели Ристески.

Во меѓувреме, додека да се договори точната локација за одржување на концертот, подготовките за претстојниот концерт во чест на Тоше продолжуваат со полна пареа. Измешани емоции, неизвесност, трепет и очекувања се мешаат пред 25 јануари. Отстапки од терминот овојпат нема да има, а деновиве ќе се знае и конкретно дали концертот ќе се одржи точно на роденденот, ден што се паѓа на почеток од работната недела - понеделник или ќе биде организиран ден порано, на 24 јануари за да се искористи викендот кога најголемиот дел од луѓето не се на работа.

Патем, концертот ќе се одвива исклучиво во живо, онака како што Тоше ги организираше своите настапи на кои никогаш не пееше на плејбек. Како организатор и овојпат се јавува интернационалната фондација „Тоше Проески“, а покровител е повторно Владата на РМ.

„Средствата што ќе се соберат од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за манастирот „Св. Преображение“ во Крушево, каде што градежните работи се во полн ек, но со оглед на тоа што манастирот е оддалечен 7 км од Крушево, во место што е надвор од јавната електрична мрежа, потребна е поголема инвестиција за електрификација и комплетно осветлување на манастирскиот комплекс“, истакна директорот на фондацијата „Тоше Проески“, Андреј Николоски во своето последно соопштение до јавноста.


_____________________________

And this is my beautiful life ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
8.1.2010 22:42:02   
Еца
Каде сака нека биде јас ќе одам.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
8.1.2010 22:49:42   
mila
Se bi dala da sum vo MK za da prisustvuvam na ovoj nastanuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
8.1.2010 23:04:16   
nadica
ako не фати многу ладно и јас доаѓам со надица user posted image user posted image user posted image па воедно може и да се запознаам со некои од вас

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mila)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
8.1.2010 23:22:16   
Еца
Леле па тоа би било одлична работа, а што мислите ние рингерајки заедно, сите да се собереме и да одиме на концертот?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
8.1.2010 23:29:53   
Anushka
ајде, ве молам, ставете ме на списокuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
8.1.2010 23:41:39   
jovanka
moze organizirano da odime RR jas sum za

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
8.1.2010 23:47:24   
Enika
Ајде заедно да идеме ја сум за user posted image

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 1:04:52   
Еца
Значи навистина е убава идејата да одиме организирано, нормално со мажите, дечковците сеедно, кој како ќе решиuser posted image ајде гледам дека ви се допадна идејата, па да видиме во колкав број ќе се собереме, таман потоа на другите рр портали ќе поставам слики да видат нашите рингерајки во другите земји како Тоше е во срцето на Рингераја, Тоше засекогаш во нашите срцаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 1:41:40   
Еца
Да ја исполниме желбата на Тоше заедно

user posted image  
Македонската непреболена музичка ѕвезда и хуманист Тоше Проески имаше голема желба да го направи манастирот Св.Преображение, па затоа овогодишниот концерт што ќе се одржи во чест на Тоше, средствата ќе ги намени за пуштање на струја во манастирот. Концертот и новиот постхумен албум на најголемата македонска пејачка ѕвезда што ќе биде промовиран на ден пред неговиот роденден, 24 јануари 2010 год., за кога е предвидено да се одржи голем хуманитарен концерт во чест на нашата икона. Концертот се води под мотото „Со хуманост до светлина“.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 8:12:14   
profesorica
Ставете ме и мене на список, секако комплет со мм и Дамјанuser posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 9:39:02   
Julie1
И јас сум за! Пишете ме на списокот! Или ајде првичен список:

Еца
Анушка
Јованка
Еника
Надица (ако не е ладно :)) + надица :)
Професорица + Мм + Дамјан
Јулие + Драган

< Поракaта ја уредил Julie -- 9.1.2010 11:45:22 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 9:43:25   
Julie1
КЛИК

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 9:47:53   
Julie1
Што мислите да испечатиме нешто како Тоше Рингераја Те Сака, само во каква форма да тоа биде!

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 9:56:41   
profesorica
па мислам дека ке има многу народ па јас мислам нешто како знаменца да бидат и сите рр-ки да ги веат

а?


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 11:36:45   
Еца
одлична идеја, јас само ќе се консултирам дали да биде едно огромно знаме или повеќе знаменца, и ќе ви пушам, а сите кои планирате да одиме ве молам пријавувајте се, за да го знаеме бројот на присатните и нормално пријавете дали ке бидете со маж и дете за да ако се печата знаменца да има и за нивuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 11:46:33   
Julie1

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

И јас сум за! Пишете ме на списокот! Или ајде првичен список:

Еца
Анушка
Јованка
Еника
Надица (ако не е ладно :)) + надица :)
Професорица + Мм + Дамјан
Јулие + Драган


Еве тука ажурирав дечковци, мажи и дечиња, пишувајте останатите...

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 13:36:41   
Еца
Драги мои во преговори сме да имаме на концертот облечено маички (нормално врз јакните) на кои ќе пишува

ТОШЕ! РИНГЕРАЈА ТЕ САКА!

Затоа ќе ве замолам сите кои имате во план да одите и да го подржите овој хуманитарен хепенинг да ни се јавите тука, за да го надополнуваме списокот и нормално да иаме точен број за штампање на маички.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 13:52:19   
jovanka
ZIVI ZDRAVI PLANIRAME CELO SEMEJSTVO (cetvoricata-mm+kerka mi+sin mi+jas)

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 15:25:33   
Enika
Браво за идеата со маичките ептен ми се свига...само каде да пичеме кој број носиме?Мислам дека нема да иа потреба од јакни нели ке биде концертот во Борис Трајковски салата?

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 15:29:00   
Anushka
мене лично ми е многу жал за РРките од другите градови во МК. ајде да им помогнеме да дојдат. Да партиципираме во превозот, или, еве на пример,, јас нудам да преспијат една -две РР кај мене дома

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 15:38:06   
Enika
Браво Анушка, за твојата голема душаuser posted image user posted image user posted image Ајде сите да видиме кој колку може да им помогне, и да се организираме со одење.Ајде кој ке иде и сака маичка одма во списокот да се запишат и да се нагласи кој не е од Ск за да се организираме со помош

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 15:45:53   
mami
аааа и ние тројца, евентуално двајца..некако нема да ми издржи цел концерт, ама јас и мм задолжително доаѓаме...а за преспивање кај мене има простор многу, две три можам да ги сместам не е проблем

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 16:37:06   
Еца
Ајде ако има некоја мамичка желба да дојде во Скопје за концертот нека напише, а ние тука ќе се организираме, кај кого кој ќе преспие, нормално и кај мене има место.user posted image Инаку дали се знае колку ќе чинат билетите? И за маиците ќе бидат идт број за сите, евентуално поголеми броеви за мажите.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Концерт во чест на Тоше Проески
9.1.2010 16:42:03   
Enika
Само немој S  број зашо ја таква може само на рка да ја стаам и нигде повекеuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?