|      

Нашата постапка - Ваша сигурност

Автор: Cryo Save, Bi-MEK | 4.5.2010
image

Постои една единствена можност да се зачуваат матичните клетки на детето, а тоа е моментот непосредно по породувањето. Меѓутоа, за да се земе примерокот, неопходно е претходно да добиете сет за колекција од Cryo-Save.

Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:  

  1. CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
  2. CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца

 

Веднаш по породувањето и пресекувањето на папочната врвца, преку една безбедна, едноставна и безболна постапка, акушерот ќе земе одредено количество крв од папочната врвца (CryoCord). Овој примерок веднаш ќе биде ставен во стерилниот сет за колекција. Во случај родителите да се одлучиле за комбиниран пакет (CryoCord+), по колекцијата на крвта, се пристапува кон колекција на фрагмент од папочната врвца, во должина од околу 15 цм. Веднаш по завршување на постапката, потребно е да се извести Би-МЕК, Скопје. Сетот за колекција ќе биде превземен од страна на овластено лице од Би-МЕК и со лиценциран меѓународен сервис за транспорт веднаш ќе биде доставен директно до лабораториите на банката за матични клетки - Cryo-Save во Белгија. Таму примерокот ќе биде превземен, тестиран и подготвен за натамошна обработка.

 При обработката на матичните клетки се користи најнова технологија, со која се одредува нивниот квантитет и квалитет. Потоа тие се конзервираат на температура од -196 С во испарлива фаза на течен азот. Оваа постапка е позната како криопрезервација. Матичните клетки натаму се делат во два контејнери и се чуваат на две физички одделни локации, за дополнителна сигурност.

Доколку примерокот крв и ткиво од папочна врвца не соодветствува со минималните барања, ние ќе оставиме на родителите сами да одлучат дали примерокот да се замрзне, со цел да се избегнат дополнителни трошоци.

 Со цел да се обезбеди максимална безбедност и индивидуалност на секој зачуван примерок, истите се идентификуваат со помош на единствени бар кодови. По околу 6 недели од породувањето, Вие ќе добиете соодветен сертификат, со што Ви се овозможува лесна и брза достапност до Вашите матични клетки, во случај на потреба. Криопрезервираните клетки може де бидат побарани од Cryo-Save во било кој момент, било од родителите или пак од нивното, сега веќе полнолетно дете.

Лабораториите на Cryo-Save имаат долгогодишно искуство и се специјално обмислени за обработка на примероците според најстрогите и највисоки меѓународни прописи и стандарди.

Матичните клетки ќе бидат зачувани на првичен долгорочен период од 20 години. По истекот на тој период, Вашето дете може самостојно да одлучи дали ќе го продолжи или прекине чувањето.

Матичните клетки од крв од папочна врвца кои се правилно подготвени за зачувување може дури да го надминат и нашиот животен век. Досегашните истражувања покажуваат дека криопрезервираните клетки имаат теоретски неограничен век на траење. Ова значи дека тие би можело да бидат чувани длабоко замрзнати се додека ни требаат.

 

 
 


image На сите членови во Премаман клубот, Премаман им овозможува 50% попуст на сите fashion производи за роденденот на нивните деца и 10% попуст на сите производи во секое време.
За да станете член на Премаман клуб треба да сте пријавени на Рингераја
Пријавете се тука. Доколку не сте член, зачленете се тука.
На врв на страницата

Запознај ја Рингераја.мк