Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Ова е уште една многу напорна недела во развојот на ембрионот. На крајот на оваа недела, од темето на главата до тртката, ембрионот ќе биде цели 4 до 6 мм. Тоа значи дека за една недела можел да порасне приближно 4 мм!
Во оваа недела се развива грлото, внатрешното уво, очите и усната празнина.
Почнува да се развива и постелката која својата улога ќе ја преземе дури во 12-та недела. Постелката ќе се прицврсти за ѕидот на матката и преку папочната врвца ќе го поврзува плодот со вашето тело. До породувањето ќе се грижи до ембрионот да пристигнува доволно кислород и доволно хранливи материи.
Со ехо преглед, во телото на ембрионот можете да ги видите првите отчукувања на срцето – срце кое весело чука и веќе воспоставениот крвоток. На телото се видливи четири дела кои ќе се развијат во раце и нозе.
Се развиваат и црниот дроб, панкреасот, белите дробови и желудникот. Во оваа фаза ембрионот се храни од хорнионски реси, додека постелката не ја преземе својата улога.
Бидејќи повеќето од органите на плодот се во почетна фаза од развојот, самиот плод е многу чувствителен на сите состојки кои ги внесувате во телото – пред се на лековите (секако доколку не ги земате според препораките на докторот), алкохолот, цигарите и слично. Сите тие состојки преку постелката можете да му ги пренесете на плодот. Затоа внимателно! Во првите недели доаѓа до најмногу пореметувања кај плодот. Внимавајте вашето дете да се развива на најдобар начин!
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
Една од поголемите опасности за ембрионот е токсоплазмозата која може да предизвика тешки оштетувања на централниот нервен систем и ослепување. Доколку не сте биле заразени, а постојат индикации за ова заболување ке ви се направи тест. Во случај на стара зараза која не е штетна за плодот, токсоплазмозата се контролира само во првото тромесечје. Главни преносители се мачките, односно, нивниот измет. Ако имате мачка не значи дека треба да ја исфрлите од дома, само следните осум месеци обврската околу чистењето на нејзиниот измет препуштете ја на некој друг, најдобро на идниот татко. Вежбите за чистење на изметот нема да му бидат на одмет. Морате да внимавате и при конзумирањето на зеленчук. Лошо измиената зелена салата може да содржи остатоци од паразити, а опасно е и слабо варено, односно печено говедско месо или сушено пресно месо. Одбегнувајте непастеризирано млеко и млечни производи, како и работа во градина без ракавици.
Мама во 6. недела
Тато во 6. недела
Слични артикли:
Зошто доењето е најдобро?
Претходна недела: 5. недела
Следна недела: 7. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Мача во бременоста, безбедна, но со една важна замка
Мача чајот е богат со антиоксиданси и има суперстатус во светот на здр...
Од сувост и чешање, до намалено либидо
Интимното здравје е тема за која многу жени ретко зборуваат, од срам, ...
Мажите што носат трауми, жени што ги носат последиците
Живееме во општество во кое мизогинијата тивко, но упорно се храни со ...
Негативни последици од физичкото казнување на децата
Физичкото казнување на децата сe уште е пракса која се применува во мн...
Ендометриоза, невидливата болка кај многу жени
Ендометриозата е едно од најчестите, но и најмалку разбрани гинеколошк...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?