|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

За нашата мила Рингераја

Слаѓана Арсоска, Pepelaska RR, 4.5.2012
Мила моја Рингераја, овој пат во мојот дневник би сакала малку да ти се обратам тебе, да ти испратам една виртуелна прегратка и да ти кажам - Благодарам што постоиш

image
/11


 

 

Сосема непланирано и неподготвено се најдов со бебе во рацете. Како млада и неискусна мајка немав поим што е правилно, а што не. Ама фала му на Бога, 21 век е, па имаме секаков вид технологија.
Започнавме со доењето, грчевите и секако по некоја зелена кака. Па капките, чајчињата, термофорите. Ти секогаш за се' имаше одговор.
Секако дека сите беа тука да доделат совети но секако дека јас најдобро знаев што е најдоброто за моето бебе.  Она што секогаш ми беше утеха беше дека не сум само јас. Таму некаде, на другиот крај од земјава, а може и од светот има и некоја друга мајка која се соочува со потполно исти “проблеми“ како моите.
Дојдоа на ред и првите кашички, сокчиња, првите зборови и првите чекорчиња. Со нив дојдоа и првите “повреди“. И во овој проблем не бев сама. И другите деца паѓале од кревет или удриле раче, главче па не им било ништо иако нивната мајка се тресела со денови над него баш исто како јас.
Не сум сама ни во одвикнувањето од пелени, ниту пак кога скраја да е, сме имале температура, или затнато носе.
Денес го гледам син ми, ни сама не можам да поверувам дека малото бебе кое не знаеше ништо се претвори во едно мало човече кое утре ќе стане возрасен и се надевам одговорен човек.
Ти имаш придонес во тоа.
А што има поубаво од тоа еден родител да се доживее како успешен, дека го води своето најмило кон вистински пат.
Секако дека има и други водичи, ама ти си посебна.
Посебна си затоа што имаш срце, посебна си зашто си полна со позитивни личности, од кои секогаш кога сум тажна се наоѓа некоја да ми ја врати насмевката, затоа што си полна со прекрасни дечиња, со нивните бисери и досетки.
Посебна си зашто знам каде да побарам совет за чистење, перење, за годишен одмор, а богами и имаш идеја кога јас немам што да зготвам за ручек или десерт.
Прекрасна си затоа што си семејство.
А семејството е најголемото богатство.

 

 

Ваша Pepelaska RR

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку вкупно заби имаме???
Стоматолошката ординација Калајџи “Dental Care” во соработка со семејниот портал Рингераја.мк ќе спроведува здравствено ...
6
Детска Новогодишна работилница
Детската еуфорија за Нова Година е огромна, а нивната желба за учествуваат во подготовките за празникот – незапирлива. И...
4
Афти
Афтозен стоматит, или уште познат само како „афти“, е заболување на усната празнина кое се карактеризира со појава на ма...
4
Како да знаеме дали детето е левучар ?
Како да го учиме да пишува, црта, сече…ако сме десничари?
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?