Желба на родителите е да имаат здрави и силни деца. Но, за да биде тоа така, тие треба да ги научат уште од најраното детство да ја консумираат здравата храна и корисните намирници
Во продолжение ви ги претставуваме топ 10 намирници кои спаѓаат во здрава храна за деца која е од особено значење за правилниот раст и развој на детето.
- СПАНАЌ – Овој зеленчук е вистинска витаминско минерална бомба. Содржи бетакаротин и лутеин кои се корисни за видот и калциум кој им е најпотребен на коските и забите.

- ЈОГУРТ – Во себе содржи активни бактерии кои го јакнат имунитетот, ја подобруваат срцевата работа и го смируваат воспалението на желудникот.
- ЖИТАРКИ – Овие намирници брзо го снабдуваат организмот со енергија и го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Богати се со витамини, минерали, лесносварливи белковини и минимална количина на масти. Содржат и бета-глукагон кој го намалува нивото на шеќер во крвта.

- ДОМАТИ – Во себе содржат провитамин А, железо, цинк, калиум. Во него има Витамин Ц исто колку и во лимонот. Богат е и со ликопен антиоксидант кој го штити организмот од слободните радикали.
- ПИЛЕШКО МЕСО – Ова месо е богато со Б-витамини, селен, железо, фосфор и цинк. Содржи и белковини кои се неопходни за растот и развојот на детето.

- ТИКВА – Содржи многу каротин и аскорбинска киселина и добра е да се јаде поради тоа што го јакне имунитетот.
- ГРАШОК – Содржи многу белковини, растителни влакна, Б-витамини, фолна киселина и минимална количина масти. Го намалува нивото на холестерол во крвта, а сите корисни материи ги содржи и мешунката на младиот грашок.

- ЈАБОЛКО – Важна ужинка која мора да се јаде во било каков облик.
- БРОКУЛА – Богата е со витамин Ц, каротин и хранливи влакна, а содржи и материја која го зголемува нивото на белковините и ги уништува канцерогените клетки.

- ЧАЈ – Во чајот има многу флуор кој делува полезно врз емајлот од забите и придонесува за неговото зајакнување и спречување на појавата на кариес.
д-р Кристина И. Стојаноска-Алоска
доктор по стоматологија

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Кратки поуки од големо значење
Понекогаш еден мал совет, може многу да промени во нашите животи. Затоа убаво прочитајте ги овие кратки поуки од еден Мо...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Украсување на Велигденската кошничка
Неизбежен дел од декорирањето се и кошничките со јајца. Независно дали ќе ги направите самите или ќе ги купите, украсете...
4
Подгответе сами - рецепт за јаболков оцет
Многу пати сте слушале за јаболковиот оцет и за тоа дека неговото користење во умерени количини е здраво. Токму поради о...
4