Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Животот ни дава можност да бираме дали сакаме да одиме по полеснит пат, или по потешкиот. Тогаш сме ставени во искушение и за некои работи неможеш да бираш туку едноставно оставаш срцето да те води. Така јас го послушав срцето и решив дека ќе го задржам моето сакано бебенце кое беше на почетокот од својот живот. Доживеав претешки моменти се поради една снимка што направив, не знаејќи дека сум веќе бремена а кога разбрав доцна беше. Следеа мислења од разни специјалисти, правев по 200км ако беше потребно само за една консултација и се се сведуваше на одлука - моја животна одлука - одлука дали да живее плодот или да се острани заради можни аномалии. Бесони ноќи поминати, безброј солзи исплакани со поддршка од мојот сакан решивме дека го сакаме бебето, нормално со следење на неговата состојба и секако без последици да се помини се. Некој ме подржуваа, повеќето не. Не ми беше битно ничие мислење, сакав само да си го родам детето, сакав сите да ме остават на мир да правам што сакам. Го сакав детето живо, го сакав како мало човече без разлика што беше само мала точка во мојот внатрешен свет. На сите им беше лесно да ми кажат острани го млада си мало е ништо нема, а никој не се стави во моја положба, никој не сакаше да ми биде во кожата ,не ни сакав сакав само мир да имам. Неколку месеци потоа се изненадив од резултатите дека се е во ред со бебушот мој бевме пресреќни, бев горда мајка сакав по втор пат да бидам уште погорда што не го прекинав тој млад живот да расте во мене. Го замислував моментот кога ќе се породам,кога ќе му кажам дека сум среќна што е тука, што со Божја волја и помош не се откажав од него и сеуште така си мислам. И покрај тешка бременост стресна црпев снага и сила да се борам против секоја пречка која ќе застанеше...
78
21
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Кога ќе се појави инфекција, првото прашање што си го поставуваме е: „...
Природните методи за забременување се секогаш доволни
Многу парови кои се обидуваат да добијат дете се фокусираат на природн...
Зошто срцевите и мозочните удари се почести наутро?
Истражувањата покажуваат дека срцевите и мозочните удари најчесто се с...
Најчести грешки при третман на бебешки осип
Бебешкиот осип е чест проблем, особено во првите месеци од животот. Иа...
Зошто е многу полесно да се има второ дете?
Кога го добиваш првото дете, сe е ново. Стравот, неизвесноста и илјада...