|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Татичко присутен на породување!?

Редакција Рингераја, 23.7.2021
Ако идниот татко не скока од среќа што ќе присуствува на породувањето и навреме не ги завршил подготовките околу тоа, го сметаат за Неандерталец. А кој тоа? Најчесто тие две, сопругата и нејзината мајка.

image
/11


Не толку одамна, во времето кога оваа, сега репродуктивна генерација, за прв пат го виде светлото на денот, татковците не беа присутни ниту пожелни во породилната сала. Сега, ако идниот татко не скока од среќа што ќе присуствува на породувањето и навреме не ги завршил подготовките околу тоа, го сметаат за Неандерталец. А кој тоа? Најчесто тие две, сопругата и нејзината мајка.

За разлика од времето на шеесеттите години во кое татковците не смееја да присуствуваат на породувањето, денес тоа е личен избор на секој иден татко.

Ако во Вас нема големо воодушевување при помислата дека ќе бидете присутен на породувањето, немојте да се грижите. Нити сте Неандерталец, нити сте единствен со таква грижа на совеста. Сите Ваши чувства кои Ве спречуваат да гледате на тоа со големо воодушевување, се нормални. Повеќе од половина идни татковци имаат поделено мислење за присуството при породување. Од една страна, Вие сте и постојан извор на сигурност на Вашата партнерка, оној кој во секое време мора да биде карпа, а знаете дека за време на породувањето можете само да ја држите за рака и чекате, додека ни Вам не Ви е потполно јасно што се случува. На самата помисла дека ќе морате да гледате во болното лице на сопругата и во маките кои мора да ги претрпи, не сте сигурни дали можете да го издржите тоа.

Од друга страна, некои лица едноставно не поднесуваат болнички простории, не можат да гледаат крв, ниту било каква медицинска интервенција. Ако сте меѓу нив, тогаш сигурно Ви паднало на памет прашањето: “Што ако изгубам свест и испаднам слабак?” Ќе се обидеме да Ви дадеме неколку совети пред да донесете конечна одлука.

1.      Би било убаво доколку разговарате со некој пријател кој бил присутен на породување. И тој веројатно се соочил со истите дилеми, па може да Ви помогне со совет. Дури и ако не Ве советуваат конкретно, разговорот многу ќе Ви помогне за да дознаете дека не сте единствен кој се двоуми.

2.      Разговарајте со својата партнерка. Кажете и како се чувствувате и зошто, но бидете тактични. Жените во тој период се многу емотивни, па можат погрешно да ги протолкуваат Вашите изјави. Може да и се причини дека не сте заинтересиран за неа и за Вашето дете.

Многу студии ја потврдиле важноста на блискиот контакт меѓу таткото и бебето, непосредно по раѓањето. Вашето отсуство во породилната сала, без оглед на тоа дали сте спречени или не чувствувате потреба да бидете таму, нема да го наруши Вашиот однос со детето. Раѓањето е важен момент во животот, но не и единствен, само потрудете се што побрзо да бидете до мајката и бебето по раѓањето. Ако мислите дека ќе можете да го поднесете тоа, потрудете се и исполнете ја желбата на сопругата. Многу ќе и значи тоа што сте до неа.

Среќно!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Растење на плодот по недели, 1. тромесечје
Знаете ли дека сте бремени, или во суштина не знаете што се случува со вашето тело? Овој текст ќе се обиде да ви објасни...
3
Шакира: Бремена, ПРЕУБАВА и хумана!
Шакира и таткото на нејзините деца Пике, организираа забава пред доаѓањето на свет на нивното второ дете, со хуманитарна...
3
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
2
Како порано се правеле тестовите за бремен...
Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...
2




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: