Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Царскиот рез некако стана мега популарен, се чини дека бројот на такви породувања и понатаму рапидно расте, а многу жени најискрено кажуваат дека би сакале така да се породат. Изгледа им е полесно и поедноставно да не проживеат ниту една болка и да не испукаат, бидејќи еј и онака по породување те шијат. Зошто тогаш едноставно не се прескокне се и да се закаже царски рез. Како никој да не размислува за каква операција станува збор. Или уште полошо, кога ќе започне “војна” меѓу мајките па оние кои родиле природно ќе го вперат прстот во “цариците” и ќе загрмат: “Ти не ни знаеш како породувањето боли!”
Ох – да, не знам – верувајте ми – и вие немате појма како царскиот рез боли.
Таа мистерија неодамна се обиде да ја разоткрие мајката Raye Lee која на Facebook објави фотографии од својата лузна по царскиот рез за да им даде на знаење на многу мајки дека царскиот рез е СЕ само не поедноставен начин.
“Знаете ви воопшто што значи царскиот рез? Кога од десетина сантиметри долг рез ќе го извлечат вашето бебе а пред тоа ви ги пресекле сите слоеви на материцата и вашите органи дословно ги поместиле да не пречат. Верувајте дека тоа не е начин на кој го замислував доаѓањето на свет на син ми”, напиша оваа мајка и приказната ја зачини со искуството од опоравувањето.
“Не сте ни свести колку на вашето тело му се потребни стомачните мускули, а кога имате ваков рез треба да знаете дека со денови нема да можете да се завртите и да направите куп работи за кои несвесно го користите својот стомак. Кога само ќе се сетам на својот прв ден во болница. Другите мајки кои родија природно буквално ја шетаа цела болница, а јас лежев во креветот неподвижна. И кога сестрите ќе ви наредат дека мора да станете и да се истуширате, вас не ви се верува! Болката е неподнослива, чувствувате бодење не само на резот, туку многу, многу подлабоко. За едно обично завртување на страна за да го надоите детето ви се потребни неколку минути и децилитар пот за тој напор. ”
Еве, замислете да ве испратат на некоја обична операција и по излегувањето од сала да ве пречекаат со мало бебе и да ви кажат дека отсега мора да се грижите и за него и покрај тоа што невидено ве боли.
Ете баш тоа ви е царски рез!
9
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...