vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Состојки:
- Две пакувања лазањи
- 2 чаши пармезан
- 2 чаши сирење моцарела (или друго по ваша желба)
- 110 гр. чајна или кулен
- 300 гр. мелено месо
- 2 чаши маринара сос
- 1 чаша песто
- 2 чаши павлака
- 1 лажичка лук во прав
- Першун
- Половина чаша путер
Загрејте ја рерната на 180 C. Намрсете ја тркалезната тава за печење, која е сигурна за користење во рерна.
Издинстајте го меленото месо, додадете зачини по желба и ставете го маринара сосот. Динстајте додека не испари водата.
Во друг сад измешајте ја павлаката, лукот во прав, першунот и малку рендан пармезан. Додадете и путер во оваа смеса. На овој начин добивате алфредо сос.
Сварете ги лазањите и наредете ги во тркалезниот сад, почнувајќи од центарот до врвот на садот, со тоа што ќе излегуваат малку од садот. Внимавајте садот да биде убаво обложен.

Прво ставете го алфредо сосот, па кругови од чајна или кулен. Повторно ставете малку сос и одозгора ставете еден ред лазањи.

Сега ставете песто и малку рендано сирење. Над сирењето ставете лазањи, а одозгора ставете пармезан. Над пармезанот повторно ставете лазањи и ставете го меленото месо.

Над меленото месо ставете рендано сирење. Овој слој покријте го со малку повеќе лазањи. Комбинирајте ги сосовите со сирењето, додека садот не се наполни.
Печете во рерна околу еден час. Откако ќе се испече оставете ја да стои 20-30 минути, пред да се обидете да ја превртите од садот.

Пресечете парчиња како од обична торта

Пријатно!
7
6
6
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...