|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Совети за подготовка на градите за доење

Редакција Рингераја, 30.9.2020
Во бременоста се развиваат и млечните канали и млечните меурчиња, а промените се случуваат и на брадавиците кои стануваат набрекнати и чувствителни. Градите се подготвуваат за доење, кое ќе следи веднаш по породувањето
Клучни зборови:

image
/11


 

Дојките во бременоста се менуваат и се подготвуваат за својата улога – лактација. Во бременоста се развиваат и млечните канали  и млечните меурчиња, а промените се случуваат и на брадавиците кои стануваат набрекнати и чувствителни. Градите се подготвуваат за доење, кое ќе следи веднаш по породувањето. Понекогаш колострумот се појавува и пред породувањето, но тоа е сосема нормално и може да се случи кај сите жени, независно од големината на градите.

Не е потребна никаква посебна подготовка на градите за доење, во смисла мачкање со разни кремови и масти. Напротив, сето ова може негативно да влијае  на ефективноста на работата на Монтгомериевите жлезди и да придонесе кон настанување на проблем при доењето.

Уште на почетокот на бременоста може да се забележи зголемување на Монтгомериевите жлезди – тоа се мали испакнатини кои личат на мозолчиња и кои се наоѓаат на кожата на ареолите. Нивната улога е лачење на материи кои ги подмачкуваат и штитат градите од инфекции.

 

Што можете да направите за своите гради во бременоста?

  • Градите во бременоста се зголемуваат. Заради тоа исклучително е важен добар градник. Тоа не смее да ве стега и затоа е потребно во бременоста да се менува неколку пати.
  • Можете нежно да ги масирате градите.
  • Внимавајте на хигиената.
  • Ако чувствувате топлина во градите можете да си ставите ладни облоги.
  • Ако забележите оток, црвенило или болни места на градите, може да се обратите кај вашиот лекар.

 

Упорност во првите денови

За успешно доење пресудна е квалитетната едукација. Научете ја теоријата на исправна положба за доење – се мисли на две работи: положба на бебето во однос на мајката и прифаќање на дојката од страна на бебето.

По породувањето е добро брадавиците да се намачкаат со колострум и да се остават да се исушат. Здравата ѓена е во можност да го дои своето дете независно од тоа дали има мали или големи гради. Според Светската здравствена организација 99% од мајките можат да го дојат своето дете, само во прашање  е колку се упорни да успеат и колку околината се меша во процесот на воспоставување на доење во првите неколку денови по породувањето. Само мал број на жени реално нема да можат да дојат заради некои телесни болести или сосема непредвидени животни ситуации.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најубави мисли за бебињата
Најубавите, некогаш кажани, мисли за бебињата. Ќе Ве разнежнат...
4
Јубилеј на Бекутан - 40 години традиција и...
Во присуство на претставници на медиумите, педијатри, фармацевти, технолози, дерматолози и останати блиски соработници, ...
3
Вежби за сите жени по породување
Можеби Ви се чини дека никогаш нема да се вратите во форма по породувањето, но тоа не е точно. Почетокот на вежбањето е ...
3
Диета: Три јаболка дневно
Диетата заснована на три јаболка дневно ја основал нутриционистот Теми Флин. Неговата идеја била да се јадат задолжителн...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?