Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
За некои минерали се знае дека не се доволно застапени, на пример магнезиумот или јодот кои токму затоа се додаваат во кујнската сол. За да процените полесно кои минерали ви недостигаат, прочитајте го овој краток водич за важноста на одредени минерални соли за вашиот организам.
Тој е составен дел од многу процеси на размена на материја. Дејствува смирувачки, погодно за мускулите, особено за срцевиот мускул. Го има во сите жита и во чоколадата, но поради рафинираната исхрана, им недостига речиси на сите. Задолжително земајте дополнителни дози од овој важен минерал.
Калциумот ги јакне коските и ги чува мускулите. Доколку чувствувате недостиг од калиум, напијте се млеко и консумирајте млечни производи во поголеми количини, така организмот ќе го добие она што му недостасува.
Овие минерали управуваат со акумулирањето на водата во телото, учествуваат во преносот на нервните сигнали и контролата на мускулите. Калиум има во месото, бананите, во сокот од портокал, а натриумот е најзастапен во солта, па обично го примаме во доволни количини.
Тој е составен дел на многу ензими, кој помага при уништувањето на радикалите на кислородот, т.е. антиоксиданс кој го забавува стареењето на клетките. Тој е неопходен за добра работа на одбранбениот системи штитната жлезда. Присутен е во месото и жолчките.
Јодот е неопходен за метаболизмот на штитната жлезда која го контролира правилниот раст и развој. Недостигот на јод може да предизвика гушавост и ментална заостанатост. Негов најважен извор е кујнската сол збогатена со јод.
Го помага создавањето на хемоглобинот, па затоа недостигот од железо предизвикува анемија, што пак доведува до поспаност, деконцентрираност, слаб раст, склоност кон заболувања...Најдобри извори на железо се пилешкото месо, рибата, џигер, мешункасти плодови, суво овошје и какао.
Учествува при размената на материи и ја намалува подложноста кон стрес, го јакне имунолошкиот систем и е неопходен за обновување на клетките. Најмногу го има во месото и млекото, но и во семките од тиква.
Влијае врз размената на шеќерите во организмот, ги смалува маснотиите, ја поттикнува синтезата на протеините важни за одржување на мускулите. Може да се најде во црниот пипер,џигерот,интегралниот леб и пивото. Обично не го добиваме во доволни количества од храна, па се препорачуваат додатоци.
На организмот за правилна работа и развој му се неопходни и други минерали, иако во сосема мали количества. На пример потребно е внесување на:
Фосфорот – кој го има во млекото, сирењето, јајцата и месото.
Бакарот – кој го има во зеленчукот, рибите и џигерот.
Флуорот – кој се наоѓа во водата и чајот.
Манганот – исто така во чајот.
Молибденот - во црниот дроб и во производите од жито.
6
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на нежната масажа кај бебињата
Нежната масажа кај бебињата е повеќе од пријатен момент за вашето бебе...
Мирисот на бебе, меморија што никогаш не бледее
Постојат спомени што ги носиме како слики, други како зборови, а некои...
Брзо темпо на живот и нередовни оброци
Современиот начин на живот често подразбира постојана брзање, многу об...
Како правилно да го четкате првото забче кај бебето?
Појавата на првото забче е важен момент, но истовремено и почеток на р...
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?