Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Таа учествуваше во телевизиското шоу “Makeover” и е апсолутен рекордер по резултатите. Станува збор за телевизиската станица ABC која го награди со 50.000 долари фантастичниот успех на оваа жена.


Сепак, килограмите и нездравиот начин на живот оставиле траг. Таа не може да забремени по природен пат, заради нарушените метаболички процеси, но се надева дека ќе биде добар кандидат за вонтелесно оплодување.
“Воодушевена сум од резултатот кој го постигнав, но тоа е само дел од она што ме чека. Најмногу од се' сакам да имам дете и семејство. Тоа ме одржуваше цело време на патот кој морав да го поминам. Мислата на бебето за мене беше најголем мотив” – раскажа Jacqui McCoy.

Весела и насмеана
Колку е среќна и возбудена заради резултатите Jacqui McCoy им покажува секојдневно на сите. Ведрината е сега нејзина карактерна црта, а неодамна си исполни и една желба која ја има од младоста – пееше на венчавањето на нејзината братучеда. Кажува дека е свесна за телесните промени, но најголема промена е онаа која ја добила во главата.

“Беше напорно да се промени физичкиот изглед, но кога го сменив начинот на размислување за тоа која сум и која сакам да бидам, тогаш навистина се победив себеси.”
Џеки била добра ученичка, паметна и симпатична тинејџерка која не успеала да преживее една траума – ја нападнал еден дечко на забава кога имала 14 години. Не успеала да се избори со болката и се завртила кон храната и дебелеењето.
Тогаш се пријавила за ТВ програмата. Работела напорно со тренерот кој и рекол дека ќе мора да се ослободи од енормната количина на сало за неколку месеци.
“Успеав! Сега планирам заеднички живот со сопругот и се надевам на бебенце. Не ми е ништо тешко и верувам во себе” – изјави Џеки.
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...